После бањање стави тетра пелена нека поседи убаво да се исуши местото да нема влага воопшто и судо крем кај нас помогна
Не би требало да се морбили. Мислам дека и тие се со слични симптоми како варичелата. Мене повеќе ми личи на полазено или алергија на нешто. За секој случај појди си кај доктор утре.
Може ако имал гасови во стомачето и така да ги испразни. И моево имаше таква столица, ништи страшно му помина.
Вакцината за морбили трае 10год.Треба да се ревакцинира редовно за да се има имунитет.Ама кај нас возрасни не вакцинираат.
Може. Ама па мислам не ја облекувам многу,дури и малку е. Од 4+ почнав. Седната на 45 степени, па до 5 месеци на 60 ми рекоа. Веќе сме во фаза на подисправање до 60, што е до неа би седела на 90, се да може да види
Читам последниве мислења за седењето. Јас ја однесов кај Видоевски на 2 ипол месеци. Се си беше супер и ни рече слободно да ја ставаме во седечка положба на 45 степени. Нели е многу мала? Докторов да не си практикува малце да претерува? Какво искуство имате со него? Јас сум задоволна многу од прегледот ама ова некако ме стави во мисла. Ма да она покажува како да сака, кога ја држиме во раце, целата оди напред за да седне. Ама па на 3 месеци да ја седнувам?
Мајки, има ли некој искуство да бебе од 3 месеци одеднаш одбива да пие со шише? На комбинирана исхрана е доење и ад /2-3 оброци/ и не сака да пие од шише, а го види плаче едвај да проба па ако е ептен гладна ќе испие пола и затвара уста. 3та недела е проблемов. Сменив шишиња (томи типи пиеше супер од почеток, па сменив мам, чико и пак ништо), па сменив формула (беше на аптамил 1, сега нан пробувам) . Да цица сака, не сака од шише Секој совет и идеја е добродојден што да направам а да не прекинам со доење. Благодарам
Бебе има 1 месец поточно 7 недели и знам дека треба да се става да лежи на стомаче меѓутоа она не сака ја ставам 3-4 минути издржува и плаче и не ја крева баш главата се мачи.. дали грешам? Може ли совет
Здраво! Ве молам за искуства ваши, бидејќи сум на раб на шок...Беба е 2+ месеци, местото кај што ги прими вакцините на болница и беше супер, но сега забележав гној и собира. Беба плаче премногу. Педијатарот не ми крева на телефон, мислам ќе се побудалам.... Ве молам за искуства? Дали може да е нешто сериозно?
Ако е на левата надлактица, тоа е од бсж, нормално е. Ништо не му мачкај, не го чепкај, капи си го нормално бебенцето. Нормална реакција е, ќе му помине само од себе.
Со сигурност не се морбили. Осипот кај морбилите прво почнува на главата и потоа се шири надоле по телото. И прво кај сите сипаници се јавува покачена тт а после осипот.
Нас ни помогна мустела стелатопиа. Исто се правеа вакви од лигавење и кога почнавме со оброци од прљање. Миј го почесто и мачкај крема.
Ние на таа возраст прележавме ковид. Бебе имаше тт до 38 со 6, дадов далерон сируп, кога ќе спаднеше под 38 туширав со млака вода. Кога мериш со дигитален за точно треба да ти седи мирно бебето. Јас за секој случај мерев и со живин под пазуви.