Бебитол до денес (уште по една има), а за од утре зедовме на др Лео. Од другарка што работи во аптека имам препорака за омегамед (д3+омега), па здравје после 3 месеци од нив планирам да давам.
Мајки малава не сака ни цуцла ни шише да фати како да ја навикнам на шише и кое е најприфатливо пробав со авент, нук, оние обичните ниедно не сака само си ги чешка непцата.. засега немам потреба ама се ближи период кога треба да се враќам на работа.. со кое да се обидам??
Намести го делот за седење и спушти го на 45 степени. Каишите горе нека бидат полабави за да може да се подисправа само кога ќе сака, да вежба седнување под повисок агол. Јас во транспортер само првиот месец-месец и пол ја возев. После легната, се до 4месеци. Сега седната веќе. Се буни што е малку легната, ама се прилагодува за брзо
Јас еве се враќам од аптека и зедов Babytol DHA omega i D3+K1. Треба да почнеме од денес, 8 дена сме. Кога да дадам, сабајле/вечер, пред/после подој? Дали директно една по една во уста или? Моево само цица.
Јас и давам на мојата на сабајле кога давам и пробиотик. Во лажичето измолзувам малце млеко и ставам од капките пробиотик и бебитолот и во уста директ. Убаво си го голта и нема проблем.
Дали е нормално на бебче да и паѓа косата? За 10 дена ќе праиме полни 3 месеци, гледам на пеленката што и е под глава 5-6 влакна