Rasobleci deteto...utre ako ja setas romperce i eventualno kratki corapi tenki. Kolku e posvezo doma 2 raboti na dolgi sto i stavas? Baska pokrieno e sigurno ili kaj nekogo vo race
Ноември се роди малата, ми препорачаа Ремедика и после и ортопед, носев. Ама сега да се родеше нема шанси на ова топло
Боди по кратки и фустанче по долги ако шеташ рано сабајле кога е посвежо. Или на кратки фустанче носи со себе џемперче за секој случај. За хулахопки многу е топло мислам. Стави чорапчиња и носи во торба кебенце исто за сваки случај.Мислам дека ти е премногу за дома боди по долги и уште еден слој по долги. Јас ако е свежичко би ставила боди по кратки и тенко горно на долги.
Мене ми кажаа на болница и патронажната сестра да ставам до прв преглед на ортопед ,па тој после ќе каже дали да се продолжи.
Кога почнавте да ги ставате на 45 степени во количка? Уште малку 4 месеци, мислам дека за некоја недела веќе ќе можам да пробам? Знам дека треба консултација со ортопед, ама во градов немам таква опција...
Јас откако наполни 4месеци..после една недела.Така ортопед ми кажа кога бевме претходно на преглед.А она душичка се и е интересно,ужива.
На што да се внимава кога се купува хранилка? Дали е пожелно столчето да се мести во полулежечка и седечка положба? Имам бендисано едно 2 во 1, се прави од него столче и масичка, многу е убаво на изглед, ама седиштето е фиксно, дали тоа значи дека ќе го користи од 6/7 месеци кога ќе може убаво да седи? Инаку бебе е 3 месеци и планирам од 5м да почнеме со вкусови. За поклон е, сакаат од сега да ни купат и да си одберам
Мислам дека не е неопходно и пожелно да се мести во почулежечка состојба столчето. Јас имам хранилка на киндеркрафт 6+ и од 6м седи во неа. Со вкусови почнав од 5 месеци и ѝ давав во релаксатор седната (со тоа што мојот релаксатор се мести и како столче-полулегнато) за неколку лажички не е проблем. За хранилка е важно да има појас околу рамената и струкот на бебето да го држи врзано, и да има потпирач за нозете.
Се мислам помеѓу овие две Со тоа што дрвената ми е поубава ама е фиксна, а другата се подесува и во висина и делот кај нозете се прави на различни нивоа. Дали смета тоа кај дрвената што не се подесува ништо? И што нозете ќе и висат така слободно?
По правило нозете не треба да висат но ретко која хранилка има подеслив дел за нозете. Мојата е слична како оваа на вторава слика и најмногу ја земав за кога ќе потпорасне дете да седи со нас на маса да јаде во нејзино столче а да не и биде високо масата. А за нозете што висат врзав марама ма да уште е мала и не и ни висат нозете туку седната е 90 степени без да ги витка нозете во колената.
Моето е 3 месеци и кога цица истото го прави. Само не се кубе и да се тегне, туку така си ја чепка косичката позади или си го држи увцето. Не сум пробала да ја тргам, не ми изгледа тоа за проблем. Јас ја оставам тоа што и е убаво и што гледам дека и влева некоја сигурност да си го прави.
Ливинг, јас кога бев костозглобна на три месеци на контрола, докторот ми рече после 4 и пол месеци можам да го седнам на најниско во количка ама уште не сум пробала, се уште се возиме во транспортер
Баш за ова прашував и јас 2,3 страни поназад. На ортопед на 2 ипол месеци ни рече дека слободно можам да ја ставам на 45 степени. Јас не почнав одма, почнав на 3 месеци и пресреќна е. Самото бебе ќе си покаже. Ако се поткрева сама, не сака да лежи, сака да е исправена во раце, да гледа, разгледува, ако се одвојува со телото нанапред кога ја држите во раце, значи веќе бебето си е спремно. Барем мене вака ми објаснија. Можеш да пробаш, па ќе видиш. Секако тоа би било 5 минути во денот, за почеток.
Колку чекаше таму за прегледот? Кај кој доктор и како си задоволна? Планирам на 6 мес да го однесам. Требало на 3 контрола? Не знаев... На 2 мес бевме во дијагностички центар на ехо на колкчиња, 1 минута “преглед” и никаков совет, многу разочарувачки.
Првиот пат ме пушти матичната уште на пет недели, бидејќи чудно му крцкале колкчињата, а уште немавме ни здравствено осигурување и влеговме со врски да речам, само го виде докторот, го прегледа, ехо му направија, рекоа во ред е и контрола за два месеци…па следниот пат отидовме без упат, кога беше докторот дежурен, не прими без проблем истиот преглед ништо не кажа посебно ама тој пат отидов со листа на прашања…и ми ги одговори…иначе сам докторот ништо не ми кажа…првиот пат кога бевме имаше доста гужва ама дека бебе не пуштија преку ред..иначе бевме кај д-р Шешо…на контрола на 3 месеци бевме зошто така ни пишуваше на извештајот ама дали е морално не знам искрено
Барав на Мустела пената за теменици но никаде ја немаше, па ми го препорачаа ова, рекоа било и поефикасно од мустелата. Е сега на грчки е целото во аптека ми рекоа да го ставам после капење што ми е чудно малку. Дали го користел некој да ми каже како се употребува?