Мајки Ваја капкиве како да ги давам ? Навечер или наутро пред или после подој пред оние д3 со омега или? Пак еве 3 ден ми кака темно зелено педијатарот вели ништо не е штом нема мирис некој и штом е бебе весело со ова ќе се средело. Дали има некој слично искуство п.с. 5м сме
Јас ги давам насабајле пред цицање..некаде прочитав низ форумот дека така го давале,па и јас така почнав.И ние ќе бидеме 5 месеци за 2 дена.
Мојот имаше зелени течни подолго од две недели. Само од себе си се среди. Му сменив пробиотик, давав еспумисан, ништо не направи разлика. Ама си помина само, уште не знам што му беше. Гладен не беше сигурно. Нам ни рекоа веројатно е од преладено.
Јас давам насабајле пробиотик и 2 капки пливит Д3, до 12ч најкасно, секако не гледам тоа дали е гладен или се нацицал, педијатарот ми рече дека повраќа како ми е згодно така да му ги давам, битно да ги прима во денот. Покасно му давам омега со Д3 што е таа, и ич не ја сака, се мршти, и на Бебитол и на Др.Лео, двете ги пробав и не ги сака, некогаш дури ми ги плука или повраќа, па се погодува да му ги давам омегата преку еден ден, некогаш. Се е твоја одлука, нема врска тоа според мене, давај ги кога ти мислиш, битно да му ги даваш на бебко. Иначе и ние имавме така зеленкасто ден два, ама си се средува со пробиотикот, јас Нормиа му давам, и многу сум задоволна.
А по колку капки му даваш по 7? Мене ми рече по 5, а таму пишува по 7 па сега се двоумам и колку време 2 недели па се прекинуваат или?...
По 7 давам,таман и обележано си има на тоа цевчето,како црна линија нели.Јас давам секој ден уште од страт,не сум прекинувала.
Мајки, на сега брзо родени бебчиња @Larahappy , мислам дека и @IRBBB . Како ги облекувате малите ? Кај мене е мн жешко во спална а не сакам да пуштам клима. Сигурно е 25 степени ко ништо. Баш вечер ќе измерам.
И преку ден и навечер само по боди на кратки, евентуално ромпер на кратки ракави и панталони ама без ништо одоздола. Преку ден во дневната ја пуштаме климата да излади на 22° (дури цица на пр) па го носам таму, а навечер кај нас и преку 27° би било в спална, па спиеме со сите врати и прозорци ширум отворени од другите соби, а од спалната собната врата за да влегува воздух. Го покривав со пелена навечер, ама се открива, значи му е жешко и не го форсирам, го оставам така да спие.
А дали редиш повој ? Значи јас претерувам. Облакам мајче со прерамки и боди со долги. И плус повојот И од кога почна да го ваѓаш и по колку надвор ? Првото ми е зимско бебенце, и сега за ова не знам ништо
Повој му ставав дури беше поладно, сега нема шанси, грев ми е да се вари. Надвор го вадам од ко си дојдовме од болница, значи 5 дена беше стар прв пат во двор кога го изнесов. Почнав по 10 минути и секој ден по 5 мин зголемував. До 3 недели стигнав до 1ч. После по уште 5 мин, со 6 недели до 2 ч. По препорака на педијатар требаше до 6 недели да има 2 прошетки од по 1ч,една наутро, една после пладне. Ама синче спие до 11 и е прежешко да го вадам тогаш, а не планирам да го будам рано за да го извадам надвор.
Моето бебе има 1 месец, преку ден е само по боди на кратки, а навечер по боди на долги. Го покривам со тенка пелена ама се открива. Дома е 24 степени, без клима. Јас повој немам ставено ни еден ден и не планирам да ставам, досега прегледите беа супер. Јас прво на тераса го вадев првите денови, дека јас со царски и не можев да шетам. Кога имаше отприлика 2 недели бебе тогаш почнавме надвор на кратки прошетки.
Dali na bebe moze jacmen da mu izleze? Vidov na okceto ko jacmen ama ne ja fakav da vidam da ne e samo belko
Беше патронажна, и ми рече папчето не е целосно затворено, јас мислев затворено е така изгледа. Жената ме советува лапизација со сребро нитрат да и направат. Леле кај да го носам за тоа? Матичниов немал, на детска хирургија со 15 дена бебе не ми се оди. Некоја искуство со ова? Каде
Jас не знам штo ми е сo oва бебе се мислам дека му е ладнo штo дури маjка ми денес зема гo сoблече цел пo бoди. Така да oд денес сме пo бoди ,а кoга спие пoкриенo сo тетра.
Нее, каква детска хирургија. Во Ремедика. Јас го носев 2 пати пред 2ипол месеци му правеа лапизација и презадоволна сум. После неколку дена одма му се затвори и повлече папочето. 400 денари ти е лапизацијата.
Мајки хелп, малиот имаше теменица, еден ден маж ми запна ко будала и ја извади, има уште малку но не беше ко претходно, но дали дека на сила малиов почна да се чеша повеќе од претходно и си направи едно 7 до 8 црвени точки крв, еве и сега, после бањање одра едно такво со крв и си пушти пак крв, сега е ок, се засири, но ме удри дамла. Педијарката вчера ми вика развил инфект, валда мисли на инфекција и ми даде маст хлорафеникол за кожа, купив, но кога прочитав дека колку е добро толку и е лошо ако ставаш премногу, деца можат да фатат абластична анемија, леукемија и синдром на сино бебе, решив да не му ставам. Кај си имав други маки, па уште ова ми фали. Пусти страв! Има ли некој искуство со ова и што друго би можела да мачкам. Паметниот ми маж ми вика бивамицин прашок оној што го ставав на папчето. Имам еуцерин атопик, биодерма атодерм, скендер за егзема(валда не), ја купив и филагрин протект од Жан, ете бивамицинот., сензилис кремата од 100 ден и масло бекутан.. Можам ли нешто од ова да ставам?
Мамии, ви се случило ли бебе од спиење да се разбуди со вриштење на цел глас? Прв пат се случува ова, почна да плаче ја земав мислев се разбиди за цицање и дадов и почна на цел глас да плаче со солзи.. Не можев да ја смирам како да се плашеше, едвај кога се разбуди престана.. Од што може? Лошо има сонувано или?
Да, малиот ми е скоро 6 мес, ми се случило до сега(на почетокот повеќе) едно 5-6 пати, го земам во раце, го гушкам, му зборувам "тука е мама", и пак продолжува да спие. Кај нас вака пали ☺️
Женски имам прашање во врска со создавање навика за спиење. Сакам да спие во свое креветче кое е до нашиот кревет. Не сакам да спие со нас. Е сега некој вика нивното не сакало никако во свое креветче. Како од старт да му создадам навика, а што да избегавам да правам?