Кај мене креветчето е залепено за мојата страна на креветот, па ми е многу лесно да го земам и враќам. Уште од првиот ден дома, го ставав и денски и навечер во креветче. Сега само навечер. Мојот сака во креветче, плус и дека се ниша креветчето лесно е за заспивање. Мал е уште, 1месец има, незнам како ќе биди понатаму, засега си спие само во креветче.
Моето е скоро 4 месеци ,од прв ден спие во свое креветче и во своја соба ,секако и јас спијам во истата. Ужива во креветчето убаво му е широко. И сега и сите дневни дремки му се во него, пред тоа спиеше во дневна во лулка. Не знам зошто не би сакало во креветче освен ако често го зимаш на спалма па да не сака. Моја другарка ден денес спие со ќерка и на 5 год зошто од старт така ја навикна.
Знаеш дека секој лек има контраиндикации, но затоа постои матичен за да ти каже. Мастите се користат кратко и во тенок слој, не си играјте на мало бебе сами да лечите, може бетер да направите.
@Emotional123 син ми спиеше од старт во креветче. Потоа на кај 4 -5 месеци никако не продолжуваше да спие ,се будеше и сакаше да спие буквално на мене. За сладок сон на сите, јас го прифатив тоа. Беше период од месец дена. Потоа пак го вратив во неговото креветче и спиеше уште некој месец. Од кога почна да разбира и една вечер кога ја префрли оградата и бапна на нашиот кревет до ден денес спие со нас. Сега има 21+ и му нарачав кревет детски. Ќе пробам на него да го редам. Сигурна сум дека ќе спие, само мене веќе ми е тешко да го одделам од нас, затоа што нема поубаво нешто за мене , баш е како ангелче. Веќе преспива цели ноќи и немаме друга мака па баш е мн убаво чувството. Секако секое дете е различно, има повеќе методи но јас не сакав да ги применам.
Знам, затоа не ставив ништо, чекав некоја мајка од искуство да каже, а утре како и да е пак сум на матичен педијатар. Се чудам зошто само она не ми потенцира, среќа што читам. Си имав некоја мака од раѓање на синко затоа и се плашам. Кој поминал слично ќе ме сфати.
Колкаво е бебето? Првите 2 месеци се чистат и е нормално да киваат, а ако е поголемко бебе, може настинато, или некој мирис да му смета, алергија некоја, или па така си кива, како нас возрасниве што ни доаѓа да киваме понекогаш.
Бебе има еден месец. Само на доење сме, не давам ништо друго, ни чај ни вода. Засега нема грчеви. Прашањето ми е дали да давам вода поради жешково или доволно е доење, кога сака и колку сака ?
Леле хлорамфениколор маст за очи што е таа? Нас ни ја дадоа за ку*ето кога му го отвори, дека малце беше зацрвенето, и по малце стававме, 2 до 3 пати имам ставено макс. Каква леукемија од крема? Зарем и тоа е можно?
Моето до 2 месеци спиеше со нас, до мене. Од прв ден ја ставав во креветче, водена по тоа што сите ти зборат, дека како ќе го научиш од почеток така ќе терате. И јас бев убедена во тоа. Ама не сакаше и не сакаше да спие сама. Се што слушнав и се што прочитав на интернет, пробав. Јас ќе ја ставам, буквално после 5 минути вришти. Две недели бевме живи ненаспани. Од 9 вечерта како ќе почневме да се успиваме, заспиваше сабајлето во 8. Одев и се удирав по врати од што не бев спиена. На крај се откажавме и ја ставивме до нас. Фативме ред, почнавме да спиеме и она и ние. И сите од страна почнаа, ете го научивте вие така, тебе ти е полесно дека цица да не стануваш, сега ќе спие до вас до голема... И јас истото сум го мислела кога немав дете. Ама не било така, некогаш и на глава да се завртиш е џабе, се раѓаат со некои особини. Многу читав, премногу. И секаде пишува дека околу 2, 3 месец е најдобро да се почне со воведување на некои навики во врска со спиењето, односно ако сакаш да направиш некоја промена. И навистина се покажа кај нас така. Тој период веќе имаш фатено ред со бебето, знаеш дека сигурно не е гладно, што ти е најбитно. Веќе го препознаваш и плачот, знаеш зошто плаче. На 2 месеци ја ставив една вечер да спие сама и толку беше. Без проблем си спие сама во креветче цел месец скоро. Две вечери само на почетокот плачеше пред да заспие, ама не и попуштив, си заспа и од тогаш не прави проблем. Сите промени што ќе ги правиш во врска со спиење, најпрепорачливо е да се прават навечер, а не преку ден. И што е најдобро, сега веќе се буди само еднаш, до два пати за цицање. А кога спиеше до мене на 2 саати како навиена. Претпоставувам дека кога ме осеќала до нејзе повеќе барала близина, а не дека толку била гладна. Од прв ден ставај во креветче, повеќето бебиња спијат сами без проблем. Ама и да не сака, не е крај на свет, ќе пробаш понатака. Не е дека ако почетокот спие со вас, дека готово, до 5 години ќе спие. И најважно не слушај никој од страна, ти најдобро го знаеш твоето бебе.
Има и за кож За очи не знам, но Има и за кожа, кога го отворив ливчето во кутивчето, тоа си пишува. Едно лечиш, ако претераш друго ќе добиеш. Викам ај да не јас не сум здрава, викам што читам, кликнав гугл википедиа, истото го пишува. Башка педијатаркава не ми кажа кога и колку да мачкам, и од страв не мачкам.
@Anilove каква леукемија од маст? Не туку читајте глупости на интернет. Штом педијатар ти рекол да ставаш маст, треба да ставаш. Сигурно маста ќе ја користиш неколку дена, нема до недоглед. Така ако тргниме, сѐ е штетно. И витамини не се даваат неконтролирано, оти и тие може да се штетни. Плус, хлорамфениколот не е некој нов антибиотик за толку неверување и гуглање. @thelittle17 @Emotional123 и јас бев со ист став како тебе и откако си дојдовме од болница, бебе си спиеше в креветче. Така беше додека стигнавме до првиот скок, кога беше премногу плачлив. Тогаш почнав да го ставам да спие на спална меѓу нас и бебе си спиеше без проблем, дури и повеќе од вообичаено. Помина скокот и продолжив бебето да го ставам со нас да спие. Тогаш сфатив дека уствари јас сум таа што сакам да спие со мене, а не дека тој е навикнат. Мислам, на бебе од месец и пол не можи да му е навика. Ама ако продолживме така, сигурно дека ќе навикнеше. Мислам дека се свестив и почнав да го ставам в креветче. Сега си спие в креветче без проблем, дури почна и сам да си заспива. навечер.
Се ова што си пишала е точно, од точка до точка, буквално и кај нас беше така, сите од страна кажуваат приказни, само педијатарот ми викаше: остај го бебето само ќе ти каже кога е спремно. И јас решив да ја послушам, и од сега за се ќе ја слушам, нит мајки, нит стрини никој, за твое бебе ти одлучуваш, и јас бев со таков став како @Emotional123 ее кога ќе се роди бебе во пракса е се поинаку, ниту еден курс, ниту едно видео, не може да долови момент како е навистина, јас посетив триста курсеви, што за доење, што за спиење, и џабе е се тоа според мене, ништо не е исто кога вистински ќе мораш да се грижиш за твое дете, што би рекла: тоа курсевите се мачкина кашлица. И точно, после одредено време имаш инстинкт што сака бебето, зошто плаче, што му се прави, кога му се спие, буквално се знаеш за него, јас дури и килажата му ја погодувам пред одење на педијатар, будала сум малце. Бебе пополека ми се учи да спие само во креветче, и денски и навечер, ама ако почне почесто да се буди навечер, одма си го земам кај нас во кревет, си цица на 3-4 саати навечер, некогаш спие убаво, некогаш се буди на саат време, и искрено ми е многу напорно, и доење навечер, и спиење, и се, ама се е навика, и за него се би направила, не се водам според некакви правила, правам како што ми кажува инстинктот, како што јас мислам дека е правилно, зошто мајка најдобро знае-што е најдобро за нејзиното бебе!
@IRBBB Еве, кремата од дома не можам да ја најдам, сум ја зафрлила, еве го истото ливче од алкалоид што е внатре, г о најдов во пдф форма. Читајте што пишува. Никој ништо лошо не рече, само кажувам тоа што пишале они.
Во врска со спиењето. Големата кога беше бебе спиеше во креветче. 100 пати ноќе стани земја, ќе цица, вратија. Бев многу упорна да спие во креветче. На година ипол кога ја одбив од цицање, ми беше жал и си ја земав на спална. Си ја гушкав за да и надокнадам што нема цицање. И така се научи да спие со мене. Јас сум крива, ама така почуствував во моментот. И морам да признаам дека и мене ми беше многу убаво кога ќе заспиевме гушнати . Бебуш сега ми е 2 месеци и не сум нешто упорна да спие во креветче. Некогаш спие, некогаш ќе го земам да цица и ќе заспиеме двајцата и така. Сфатив дека децата брзо растат и има време кога ќе се осамостојат. Ете големата е веќе мома и си има своја соба. Како ви кажува инстинктот така правете, без да слушате непотребни дофрлања од страна.
Фала на сите женски. Не е дека јас имам таков став или дека пратам дофрлувања или сакам да изигравам ама од памет ме вадат некои видеа за сидс, а јас немам баш осет кога спијам. Ги мислам работиве ептен.
Бебуш ми е 2 месеци стар за неколку дена, има многу грчеви и користиме колиеф и инфакалм оил и помагаат колку толку. Ама детево ми е нерасположено во 80% од денот, све кенка или плаче а све му е средено, најаден, преслечен, наспан, стварно не знам што е причината. По цели денови сме во раце, го гушкам, знае и на мене да заспие и го оставам пошто едвај сум го смирила. Некој да ме просветли што е причината цело време да е кенкаво детето?