Пишував еднаш за спиењето.Со бебе најправилно е во свое креветче,ама ако се буди 56734 пати напорно е многу.Со големата спиевме сами на спална до година.Ќе ја надоев и ќе се тргнев од неа подалеку за да не ја смачкам.На 13 месеци ја одбив од цицање и имавме гости , па мораше да спиеме со мм во спална, а неа ја ставав на креветче до нас.Од тогаш си спиевме така.Некогаш доаѓаше до мене па јас пак ја враќав.Така до 3год.,кога мм ја префрли со зборење во нејзината соба.Од тогаш си спие сама без никаков проблем сега е 5год скоро.Мене многу ми недостигаше кога ја префрливме. Сега бебето спие со мене и мм на спална ,а нејзиното креветче е до спалната залепено.Некогаш ја местам во креветчето да си спие ама одма се буди и ме бара со устето .Па си спие до мене.Не ми е гајле што мислат другите правам како за мене е најлесно.
Син ми уште во првата недела беше плачлив кемкав. До 3 месеци маста ми ја извади. Во поголемиот дел од денот кемкаше и плачеше. Се пробав џабе. Знам дека имаше големи грчеви и изразити па се препишувам на тоа. Ако ти е утеха сега е бајче.
Асоцијација со овие болести, а не дека може да ги предизвика. Ќе ги означам @Natashka1988 и @Autumn Love, да дадат нивно мислење.
Еве и од википедиа.... Не го ставам, мене ми е страв, ама па јас по природа сум плашлива... И тоа е тоа ☺️
Така де, така сфаќам и јас, што е нормално, само педијаркаване не ми кажа кога и колку... Но се плашам и не го ставам. ☺️
Сори што се мешам ама ако не го ставаш овој крем, обавезно посети друг педијатар , или истиот или во најмала рака апотекар на кој му веруваш. Затоа што и од лошо третирана ира може да дојде до лоша инфекција. П.с и син ми имаше ира и педијатарот сериозно ми пристапи да му ја отстранам што побрзо баш поради можност за инфекција. Има креми кои се редат да отстојат преку ноќ па сабајлето да го искапиш. Исто така можеш и со бебешко уље па со чешелче нежно. И секој ден по малце.
@Anilove ова што го читаш се однесува за системска примена (венски или преку уста) на антибиотикот, а не во форма на маст локално. Хлорамфеникол е безбеден да се користи локално ради тоа што е хидрофобен, скоро ич не се апсорбира преку кожа, затоа е и направен во форма на маст. Едино што може да даде е локална реакција како чешање или црвенило, малтене како и секоја друга крема. Мачкај слободно штом ти е даден од доктор и за сѐ што ти е на мисла консултирај се со педијатар, не прекинувај терапија на своја рака во никој случај, посебно не кај бебе, посебно не кај што станува збор за инфекција.
Држи вода и Вашиот муабет, сигурна сум дека се разбирате повеќе, но еве што пишува на ливчето и еве ја маста little ми ја бараше. Вели маста, а не венски или преку уста.
Глупости. За да има таков несакан ефект треба да се користи години без престан, на огромни површни од телото.
Ани мајка, разбирам дека си претпазлива, сите ние сме за нашите бебиња. Ама штетата веќе сте ја направиле. Сте добиле совет од педијатар кој сте одлучиле да не го примените, без да се доинформирате со истиот или друг педијатар. Вака за бебе НЕ! Не сакам воопшто да те плашам и се надевам дека тоа нема да биде случајот кај вас, ама додека чекаш и одолговлекуваш, ако е инфекција, може да се влоши. И да, секогаш е убаво да се знаат контраиндикациите меѓутоа ајде да се потрудиме да најдеме инфо и под какви услови би настанале истите. Немој да сфатиш лошо, ти си мама на твое бебе, ти одлучуваш на крај, но мој совет е секогаш да се информираш целосно а ме половично, барај дополнителни консултации од стручното лице или побарај второ мислење, не превземај нешто на свои раце. Се надевам за брзо ќе се среди
Ти ја разбирам загриженоста, но отвори сега било кое упатство од лек и пак ќе прочиташ сѐ и сешто. Секој лек носи несакани ефекти, од најбанални до фатални, затоа истите мора да се даваат само по индикација. Фармацевтскиве компании мора да го наведат секој несакан ефект некогаш репортиран во литература за да се заштитат. Од друга страна прогуглај какви кожни инфекции и компликации прави стафилокок нетретиран. Штом ти го препишал педијатар - има зошто, доколку не му веруваш - смени го, но на своја рака играње доктор по дома не.
Ви благодарам на сите, си имав мака уште од раѓање на бебче(среќа се заврши добро) затоа сега три пати мерам, еднаш сечам. Не играм доктор на своја рака,не се ни разбирам, прашав само некоја мајка дали има вакво искуство и дали друго нешто мачкала, можеби од тоа дома што имам да не докупувам. Некогаш подобро е да не читаш, гуглаш и прашуваш. ☺️ Ќе ставам малку од маста, еден слој на спиење, до утре да видам што и како. Уште еднаш Ви благодарам.
Околу навиката за заспивање и спиење имам едно прашање, Што мислите дали е во ред бебето да се научи да спие со играчка секако мека,плишана,мече на пример...мојава е 3 месеци точно до денес и кога заспива многу се плаши како да бара за нешто да се држи,бара сигурност ,можеби мене ме бара ама мислам дека полесно би било за неа да заспива со мече некое или сл.,некој имал вакво искиство?
Probaj so onie sto gi nosi majkata za da mu mirisa na bebeto na nea. Jas ne bi stavila igracka blisku do bebe, i ova nekade po na strana da ne moze da go dofati
Глупаво може, ама ќе си кажам.. се изнасмеав на муабетот како паднало од кревет. Извинете.. ама ја имам мојата ќерка пред очи. Како што е пргава, после ова што сте пишале дефинитивно не ја оставам ни секунда без надзор, да не биде буп и кај нас. Убаво ме насмеавте со искрениот муабет. Деновиве се почесто осуда меѓу родителите па секој се плаши збор да каже.
Dali smeam da davam voda na bebe 3 meseci ? Greota mi e na zeskovo samo so mleko da ne e zedna, kupiv cajce od kamilics i matocina ama slusnav podeleni mislenja pa ke prasam pedijatar