Малата ќе може лесно да ја држи сега, и си има кругови за да чеша заби. Плус полесна е за одржување зашто нема дупче за да собира влага.
Jas nacekav nekoj popust vo mothercare kompleti sofi imase zemav i mala i golema i edna mini rozeva i tropalce....vidi moze uste trae
Има безбеден спреј против комарци за бебе старо месец и пол? Ептен се понадевав дека ќе е како мене и нема да го јадат комарци, ама душле мое, ноџињата искасани му се. Можам да ги мачкам со камагел нив, така?
Гел можеш да мачкаш. Спреј мапез или чико. Јас на количка прскав или околу на креветче. Има и нараквица чико можеш и неа да ја закачиш.
Колку што се сеќававам од големата не се препорачува до 1год спреј.Земи си стикери од аптека или мрежа на количката. @LivingGlam поима немав дека таа со прстените е мала.Јас ја купив обичната со дупче.Исто и мојата ја обожава Софи, ја јаде со сласт.
Мајки ми треба совет.Бебето ми е 11 дена.Од сабајле од 5 часот кога и сменив пелена нема какано.Претходните денови какаше доста често.Многу сум загрижена, дали ова е во ред? Инаку е на вештачко млеко на секои 3 часа по 45 мл.Ја дојам исто на секои два часа, но немам баш многу млеко.Сега последно ја доев во 14 часот, и гледам дека малку повратила.Во 15 часот кога редовно треба да пие вештачко, одбива и спие цело време.Другите денови едвај чекаше да јаде.Навистина сум загрижена, дали е со во ред
Мамички бебче ми е 5+. Овие денови ептен се поти претерано. Сега утро во забележав памперсот речиси е сув. Се консултирав со педијатар вели од топлото е обавезно вода и да цица.. денес добро си мочкаше не премногу и не како порано полни пелени ама добро е, ама мене искрено ме фати некој страв.. дали има некој слично искуство ве молам ??? И ноџињата нонстоп и се потат инаку беба е весела си игра се смее.. А и на половинчето баш кај што ја префаќа памперсот и излегле црвени огници една до друга со ептен црвена боја што да ја мачкам и дали да го преклопувам памперсот да не го фаќа тој дел и дали е можно едно со друго да е поврзано. Ве молам за совет ..???
Итно! Мајки, прееска бев на педијатар но затворено дали дека викенд матичната стандард не дига на тел.. малата еве 3 дена по ред фаќа цела се тресе, стега тупаници и баш се тресе .. тоа трае 2-3 секунди.. ако некој сака видео ќе му пратам. Што може да е? Многу ме фати некоја паника памет немам. Вака не сум приметила до сега кај моите деца.. Да идам на дежурен? @duffi можеби имаш совет?
Мами да не се секираш. Нормално во првиот месец е да има 3-4 какани пелени во тек на 24ч, количински колку споени палец и показалец. Знам дека некои денови ти полни и по 7-8 пелени и сега ти е чудно и си исплашена, ама нормално е.
Ве читам за пелените и кај моето е така во последно пелените не се полнат нешто многу, преку ноќ скоро се суви. Претпоставувам е од жешкото, ама сепак се плашам да не е гладен/жеден. Си зедов лактамикс да пробам да зголемам количина на млеко. Некако и почесто цица а градите се празни скроз после 5 минути цицање, гледам дека не голта. Страшно ова кога не знаеш дали му е доволно
Бевме.. навидум не е ништо но ако се повтори да отидеме ќе не примат, а во понеделник сме на невролог…
Nemaat strana mnogu se tapa ovie tuka za taa rabota mi rekoa gledaj na grckiot sajt, ama probaj javi im se tie fini bea da ne se akas po zeskovo
Ќерка ми во 5от месец имаше некои тикови незнам како да ги опишам, ги затвараше очите ама како да ги стегаше и како да издишуваше во моментот, исто траеше по 2-3 секунди. Неколку дена правеше така од памет се извадив. Бевме на невролог во Систина (додека отидовме она престана да ги прави) ништо не било. Од тогаш не се повторило. Најверојатно забрзан развој на мозокот тој период. После тоа баш одеднаш почна многу нови работи да прави. Ако нема некој проблем со развојот и ако си прави сѐ за возраста немаш никаква потреба да се грижиш