Не, денес требавме, а сестра од педијатрија и матичната ми кажаа немало никој на клиника сите по одмори биле. Отидов кај друг добар педијатар ме прими и ме смири, рече бегај дома здраво право бебе нормално било. Можеби и ние претеравме, од паника неколку доктори контактиравме и сите ми потврдија исто нека не може да е напад а ни грчеви. Не и е фиксиран поглед, веднаш продолжува да се смее,игра.. Така правела од возбуда, а и така е чим ќе го види братчето така правеше. Ќе ја пратам уште некое време за сигурно..
Исто е а е 2+ пелени скоро суви цица кога сака и колку сака тука и периодов е пекол 43 има секако за вода не ми рече педијатарот иако денес пак и пишав па чекам одговор. Зедов од мк чај Бекутан не ми цица од шише само со лажичка па ќе видиме.... Дада во маркетите има едно мало лажиче ќе ставиш во 2л вода и пијај... Мајка ми да е здрава и жива секој ден ми правеше и уште 3 ден почна да шприца млеко и на болница дури бев ми прати
И јас почнав вака како тебе на 3 часа ад и меѓу доење и полудев од што не знаев кога ќе цица кога ад. После сменив и ептен ми олесна: дневно давав само 4 оброци на секои 6 часа ад, измеѓу цицање кога сака ама обавезно понуди на 2,5-3 часа и да не побара, вака се зголеми млекото кај мене и за 2-3 недели намаливме на 3 оброци ад, па на 2, па на 1 за навечер и сега е само на доење. (со задолжителна контрола на килажата и мокри пелени) Кога ќе даваш ад, измолзи се и тоа користи го за следен оброк наместо ад или за навечер кога е потешко и ти се спие. Ако даваш ад за секој оброк многу веројатно е да повеќе го сака шишето, кај мене после 2,5 месеци со ваква шема моево бебе сега шише не сака, туку само сака да цица Со оваа шема на комбинирање ад и доење, со многу чаеви лакта микс и хумана, мнооогу вода, лактил капсули, редовна исхрана и одмор(спиј кога бебе спие) јас стигнав до само доење со предвреме родено бебе од 2кг. Ако е поголемо бебето и во термин родено сигурно полесно и побрзо би успеале. Со среќа и само упорност.
Ако е само на доење не се препорачува ни вода ни чај, мајчиното млеко ги задоволува сите потребите на бебињата до 6 месеци. А посебно чајот на Бекутан бил преполн шеќери што читав овде на форумот. И јас и имам дадено 2 пати поради икање. Сепак секоја мајка најдобро знае за своето дете, само што и да даваш без консултација од педијатар немој.
Isto i mojata, tri meseci i cuca i palce i cela tupanica i ligavce buta u usta, cucla cucase napocetok mnogu sega ja odbiva
Леле фала ти многу, навистина многу ми помогна со постот.Баш ова ми требаше, ќе пробам и јас така.3300 гр се роди, во термин.Она баш има желба за цицање и тоа уште повеќе ми прави да ми е криво што немам толку млеко.Фала ти најмногу, се надевам ќе успееме и ние со доењето.
Сега кога ја бањав ќеркичката приметив крв на папчето.Знам дека може да се појави,така ми кажаа и во болница и ми рекоа да ставам бивацин прашак, но од памет се извадив.Ми треба совет како да го ставам? Дали прво да го исчистам папчето со алкохол и газичка или да не го чепкам, туку директно да ставам прашак? И на колку време да ставам бивацин? Верувам дека не е нешто страшно, но ептен се испаничив.
Не да ставаш алкохол директно ставај прашаче на секое менување пелена,ставај подебел слој и можеш газа одозгора да ставиш
Фала ти многу, така ќе направам.Газичката да ја залепам некако или само така? Значи прашак почесто да ставам.
Знам како ти е и кај нас крвче се појави од ум се истајв така стави ја газата и пелената над неа ке ја залепиш фактички со пелената ке ја потфатиш
Моето 2дена имаше крв на боди од папчето. Јас ништо не ставав од почеток и незнаев што да направам. Го однесов во советувалиште и таму го средија и нареден ден немаше ништо.
Само јас ли го бањам моето бебе 2 пати денот во жешково? Еден месец има. Се поти и не ми спие. Клима во друга соба на 21степен, пак му е жешко, а го чувам само со памперс или со боди на кратки. Штом го избањам си спие без проблем, небањат нервозен е и не ми спие.
Така направив.Фала ти уште еднаш.Се надевам ќе заспијам вечерЕптен се потресов Се надевам и кај нас ќе се среди.Мене ми кажаа во болница дека може да се појави, ама пак ме исплаши.Фала ти. И мојава е многу нервозна од топлово.Исто пуштам клима во друга соба на 25, но никако не можам да ја покријам, одма бутка се околу неа и така спие.За бањање засега само еднаш, уште ми е стресно и тоа едно бањање за почетокСупер штом го бањаш два пати во текот на денот.
Убаво затворено му е папчето? Не само површински, туку полека оптегни го внатре кога ставаш, не треба да се гледа како лигаво, како друго кожиче. Со папчето и јас еве борби водам откако дојде патронажна и ми рече не е дозатворено. А јас мислев затворено е 3 недели сме
Мојов и поладно кога беше не сакаше покриен. Исто турка одма или се буди. Зошто стресно? хаха Сега најмали, најлесни за бањање. Јас под пазуви со едната рака го држам со другата го потурам,а ако е мм тука тој потура. Брзо е ептен. Плус и дека е мирен,уште полесно
Јас сама ја капам од прв ден, под чешма во кујна. Висока ми е чешмата и лавабото. Не плаче, ужива додека и тече вода, јас со лева рака ја држам со десна шампонирам. Инаку со мм да ја капам стресно ми е. За првото така правевме, заедно. Носи го коритото во дневна, мести алишта на сите страни, тетри во коритцето за повисоко да било, бокал за полевање, прска на сите страни, после бриши со крпи кај стигнала водата, килави се да истуриш корито, купатилото поплава итн. Додека капевме, тој вика не ја држи така, вака сврти ја, не ти реков така итн ќе се скараме. Вака раат, нит да малтретирам некој нит да местам после Си има разлика, прво со втото - затоа сме сега поискусни. п.с инаку во болница така ги капат, под чешма
Cim si primetila deka na bebe odgovara teraj sto ima veze drugite sto praime...btw bravo sami sto banjate jas ne mozam bez maz mi. 3 meseci e skoro i mnogu preta. Aj koga lezi vo kadickata moze eden covek ama koga ke ja dignam za grbot da i se izmie ako ne drzam so dve race,edna pod gradi druga na gazot mi otide detevo
Добра идеа за во кујна не ми текнало. Јас во туш кабина го бањам ама претходно полнам вода во пластичен сад и од него земам и потурам, не можам во корито,комплицирано ми е. Ми е страв директно од чешма, да не дојди поладна или потопла. Да знам за во болница, гледав како ги бањат. Мм ми вика само тебе ти иди идеа да бањаш бебе 2пати хаха... Моето па стои мирно, ужива. Со една рака го држам под пазуви со друга потурам. Кога ќе завршам со бањање тогаш почнува со плачење хахах..