Ви се будат ли бебињата со плачење? Се буди, плаче, вришти и никако не можам да го освестам, очињата му се затворени и плаче. Ако му дадам да цица, се смирува и заспива пак и може да тера така цело време, цел ден да го помине во спиење. Не знам како да го разбудам, пробувам со песнички, со играчки, го пресоблекувам - плаче, вришти. Ако успеам да го освестам (ретко) си е супер весел. Бебе е 3 месеци уште малку. Нормално ли е така да прави?
Забележав кај шо спие дека има влакненца од косичката. Знам дека ќе му се смени косичката, ама не е многу рано? 1+++ сме. И можам да почнам да го ставам на baby gym? И дали мора подлогата на земја да е? Не знам оти ама многу ми е мал за на земја, не ми се става. Имаме тросед што е доволно тврд и прилично широк, па можам да го искористам него?
Јас го ставав од 2 месеци на baby gym и слободно да го ставаш на тросед. На земја може да го ставаш ама барем нешто да постелиш под подолгата директно со baby gym немој зошто ипак под е
Јас baby gym му купив на 3 месеци . Имам лулка што си ја користам од прв ден и на неа има играчки закачено и тогаш приметив дека почна со рачињата да ги фаќа. Пред тоа не гледав поента, и исто ми беше безвезе долу да го ставам ,мало беше. Сега има 4 месеци и ептен го сака само се врти игра, фаќа со рачињата. Ти како си сакаш така направи, јас не го форсирав уште од одма на земја со baby gym.
Секоја мајка и бебе се приказна сама за себе, ние совети овде ќе дадеме, но ти како мајка ќе знаеш за некој ден што најдобро ќе функционира за тебе и твоето бебе. Штом бебето сака да цица полесно е, плус не се поминати многу денови од раѓањето така што имаш шанси да имаш млеко доволно. Реалноста е дека треба некоја недела да помине, за да добиеш повеќе млеко а бебето сила и килажа па ќе цица многу полесно и за сите раат Така да само напред и самоуверено дека ќе успееш. П. С. Мене ќе ми е многу мило ако со било кој мој совет помогнам
Таман е почнува да се мења полека косичката. Немој на тросед , колку и да е широк , не биди со мислење мал дека е , дури се свртиш може да те изненаде и да се заврте странично или скрос. Има бебиња и на 2м се свртуваат. Моево од 2м странично се вртеше цело време. Затоа и се тие подлоги за на земја , не се ни за на спална , дете на тврдо треба да е, да се вртка да се уче нови раб сам. Ако ти е шубе постели нешто плус одоздоле и оставај го , верувај ќе се изненадиш што се може
Хахаха, душичка Маж ми се смее како Филипче бил синко во косата. @Poppins во право си. Ја наместив подлогата и се превозбуди од шаренилото, почна да мавта со рачињата и ноџињата. Не дај Боже, не треба многу за да се преврти, тој и онака се лизга од вертикална во хоризонтална положба. Фала ти.
Био гаја, рекол. Јас користев рекол ама мака ми беше дека 2 пати по 5 капки требаше и сменив со био гаја и супер е.
Хахахаха 3+++ сме и истово се дешава, јас ја оставам да плаче и ја галам по косичкаташ и ѝ зборувам ја тешам, или ја кревам и си ја гушкам 2-3 минути а таа плаче, па ќе се смири и тогаш е златна.
Туку, кога почнавте да ги ставате во полуседечка/седечка положба? Мали сме, ама се крева бре бебево како рамбо, мислиш ќе и бројам стомачни дури и во количка кога е љубопитна се крева да стане, не знам како да се понашам...
И мојава во почеток играше повеќе со нозе отколку со раце, од 3 ипол почна повеќе да ги фаќа играчките со раце и да го става во уста
Истоо една секунда не сака да заседи легната, секогаш се исправа јас ако ја легнам таа вежба стомачни Некогаш намерно, кога е во раце сама легнува и станува пак си игра.. Исто во транспортер ако е или во релаксатор се труди да стане.. и мене ме интересира од кога може и во количка да биде седната.
Хахахах, исто бе исто еј, многу е смешна Ај можда за седната подоцна, ама барем полуседечка 60° на пример... Ја педијатар ќе прашам ама сигурна сум дека нема да ме ислуша, и ќе ме прекине ќе каже 6 месеци, затоа сакам искуства, другарка моја многу рано почна во полуседечка и супер е дечкото, ама сепак...
Најздраво е кога самото бебе ќе покажува знаци. Значи колку толку да може да ја одржува седечката положба и само. Најдобро можеш сама да приметиш а исто да прашаш и ортопед