А дали го будите бебето ако спие повеќе од 2 ипол 3 часа за цицање? Мене педијатарот ми рече да го будам за цицање ако многу спие ... вие како правите?
Ни во раце не спиеше? Промена на средина,температура... Можи да му е топло, можи да му е ладно. Види облечи го по долги, па слечи го кратки, ќе видиш како му одговара. Избањај го пред спиење, можи ќе спие поубаво. Јас до пред 2дена само по боди на кратки го облекува. Сега малце залади, за навечер го облекувам само по боди со долги.
Моето повеќе од 3часа нема издржано да не цица. Почнува да кенка успан и одма го земам да цица, без да се буди го легнувам пак. Твојот дека многу долго време во стомакот на мама и сега порастен дечко не му се спие хсха.. Мојот па 2-3недели само спиеше, очи не отвараше, дури се загрижив зошто толку спие.
А му даваш дохрана? Јас сум од вчера дома со бебсто ептен сме тазе.... и ноќеска морав да му дадам, ми изгледаше недојадено, дали дека уште ми надоаѓа млеко. Му дадов два пати по 30мл. Да не е многу? Дали знаете колку треба да пијат на почетокот? Можам да го прејадам?
Од болница ми кажаа да давам навечер на почеток, ама јас не дадов воопшто дохрана. Го ставав цело време на гради и штом доцицаше, одма земав пумпа и гледам има уште, па за кратко го ставав пак. На почеток по цел ден ми беше на гради. Не плачеше воопшто,полнеше 8 пелени денот, така знаев дека не е гладен.
@Lili90 во билница им даваа по еден шприц дохрана а тој е 20мл мислам, така да до 30мл е доволно, плус и нешто што цицнал, многу им е мал желудникот Може му било тешко ако кенкал
Аууу. Ја па мислам дека треба да си заспие одма кога ќе е нацицан... можно и да сум го прејала душа мајкина...
Можеби до температурата било, нешто не му одговарало.. макар што моево првите две недели само спиеше, јас ја разбудував за да цица. Првата недела ја облекував по долги, но сешак тогаш не беа нешто високи температури, а потоа кога почнаа пеколните темп.ја облекував по кратки. Ми беше страв и мене дека малечка да ја соблечам, но педијатарот ми рече дека може. Е сега овие два дена преку ден ми е по кратки, а за спиење по долги. И мислам таман и е
Минимално. Еве веќе е 5 и пол месеци, си бљуцка сеуште. Спомнато е на педијатар уште од старт и на секоја контрола кажувам дека уште трае, ми рече не е невообичаено и дека ќе се смири после 6ти месец.
Еве го... сега истото го прави. Не спие од 10 саат. Стана, цицаше, два пати се искака, преблечен и не спие ... го думкав, му зборев и на крај му стаив цуцла и во кревет го стаив и уште не спие. Што бебе ќе беше, неуморно. Не знам да не не шмука убаво од градиве...
Ќе се навикните, рано е. И јас првите два, три дена како изгубена бев кога ќе ми текни не дека сега не сум на моменти, ама првите денови се најзафркнати.... после ќе си фатиш некој ред. Нека не ти спие денес , за ноќеска убаво да си спие
Ама не се сите исти , зошто мислиш дека акo не спие гладно е , или обавезно мора да заспие по цицање. Не е на он , офф како ни сме наумиле секое бебе своја приказна , некое спие некое не спие. Плус најважно и не ти плаче , значи таман му е , уживај и опушти се , остави само да те воде што сака , полека ќе влезите во рутини. И остави Ад , само може да си отвориш др прoблем со тоа. Гушкајте се , често на града и кога ќе нане ќе нане. Следи прозор на будност па оди во затемнето , пуштај бели звуци.
Апсолутно да. Секое бебе своја приказна. Со другарка ми бебушите ни се 6 дена разлика (ние вчера еден месец направивме). Моево од старт си цица и си спие и малку е будна, сега почна повеќе време да биде будна. На другарка ми од старт се роди со очи отворени и повеќе е будна него шо спие. Така да не се ослонувај само на спиењето. Следи го бебче, ако не плаче не е гладно. Гушкајте се мазете се и уживајте.
Првиот ден кога го донесовме од болница си спиеше убаво дента ама затоа вечерта свекрва ми ќе ми го бањала ама не се бањало дури не му паднела папочната и ми го избриша со влажна крпа со млака вода Дали од тоа дали непозната средина детето око не ми склопи цела ноќ Вриштеше пиштеше а најадено пресоблечено, никако да се смири Си мислев ако е вака цело време господ да ми помогне Ама сл вечер си го избањав јас и му олесна на детето, си спиеше убаво и денски и навечер, и така и продолживме со таа рутина Последнава недела малку забушава ама се надевам ќе се среди Така да и кај тебе ќе се среди не се секирај
Јас се избудалив веќе ..... Како сте со повраќање на бебе? Мислам воопшто не оди во неа млекото, еве сега пола ми се чини поврати од тоа што цицаше.. Не е секогаш вака, некогаш само по устата ќе и протечи, ама некогаш фонтана. Ми велат тоа и е вишок, ама незнам само на тоа мислам..
5 и пол месеци, нема ден скокнато да не поврати…а е на ад…значи пие контролирано и пак повраќа…вие на доење сте? Ако сте нормално е, зошто ако е лакомо, цица повеќе него што треба и мора од некаде да излезе…
И моето повраќа од почеток цело време и уште си повраќа 3 и пол месеци, а си напредува досега. Ако си напредува мислам дека нема проблем никаков.
Ист беше мојот. И сега знае квалитетно да исповрати, макар што е многу поретко. Верувај дека нема да има проблем, ако е гладна пак ќе си побара јадење. Многу често и тоа ни се случува(ло), ќе се нацица, ќе исповрати, ќе бара пак да цица, ќе исповрати и така до недоглед. Мене животот ми се кратеше ноќно време, штом го оставев в креветче, ќе ми исповратеше низ нос, низ уста.. На два пати ми се случи да почни да се гуши. За тоа ни помогна антирефлуксното душече, ама кога почна да се врти, почна да паѓа од него, а не можеше да поднеси да е врзан со појасот и го баталив. Фала му на Бога сега се среди, мислам дека знае како да се сврти пред да поврати или пак плачи да в раце и штом го кренеме повраќа. 100 саати го пишувам одговоров, веројатно е каша попара, ама ќе се снајдиш.