Со лесно, на одмор ако немате аспиратор пуптај и white noise од youtube, мене така ми правеше сега само така мирно ми цица.
Што јас приметив кај мојата кога цица и се трга и пак цица и пак се трга ,не е гладна туку и се спие многу. Како растеше ако не беше гладна не фаќаше цице, се вртеше на др страна.Исто накај 12 недела имаше фаза мразам цице и плакаше од цицето како боцки да има.За да сум сигурна што и е гледам на саат.Ако цицала пред 1,5-2 тогаш е гладна.Сега прозорот на будност и е 2-2,5 часа и знам тоа време да ја легнам.За твоето е 1-1,5час.Оралната фаза почнува околу 2месец и тогаш исто и мојата правеше,гледаше во лустерите и им се смееше, имам пишувано овде.Почнуваше да цица и ќе си го ставеше рачето и продолжуваше да си го цица.Исти се сите како по книга.Да се живи и здрави само ќе ги трпиме. Затнато носе моето имаше кога бевме болни од корона.Беше 2 недели.И ставав солен раствор и ако видев мрсулче и ги вадев.Почесто на града и помина.Ги влечев со електричен аспиратор.Пред 2-3недели пак и течеше нос и и купив аспиратор што се влече со уста и од него вадев многу мрсоли, па повеќе тој го препорачувам.Го купив од аптека некои турски 330 денари. Обавезно следи бебе и на доктор да му ги слушне градите, многу брзу спуштаат.Со лесно.
А тие со уста повеќе влечат од електричен? Лелее претерано мн сум гадлива, не можам дури да контролирам, не знам како би се сшла со тие со уста
Можно е и да е порано/покасно. Хахаха, ми текна на една членка шо пишуваше дека малата го кубела попот за брадата додека ја крштевал. Синче до молитва беше бајче. После молитвата почна со неспиење и урлање. Баш мразам цице фаза е. 100 пати се прегледувам да не имам нешто шо така наеднаш не ги сака. Го нудев вчера прво на 1ч, па на саат и пол, ноќеска на 4ч- ама не. Ќе цицни неколку пати и ми ја гризи брадавицата, се врти на другата страна и вришти. Само да не дехидрира на жешково. Ќе си ги трпиме, наши си се. Ѕверчиња најсакани ❤️
Па од мое искуство тој со уста ми е подобар.Не знам ама електричниот само ми брмчи мислам.Јас мојот Nasiboo го купив пред 4год за постарата ќерка, многу брзу како да престана да влече.Не знам.Инаку овој за уста има сунгерче и секретот не стига до тебе.
Еве ние сме у прв скок. Сега за сега добро се држиме (гризам јазик да не се заречам). Пред 2 ноќи имавме фестивали пред спиење, еден тон нови звуци произведе, плачеше жално и она па и ја со неа , вриштеше и тако то. Овие две вечери е одлична како и до сега шо си беше. Само ја приметив вчера и денес повеќе време ми е будна у текот на денот и си збори нешо некои смешни звуци ми испушта. И нормално додека е будна мора да има некој до неа иначе писка . Ќе го преживееме првиов а за другите и мене коса уште од сега ми се исправа
Вчера на малава и се појави црвенило на лицето. После се прошири и на грб и на вратчето.. матичната ми даде сируп за алергија, а ја прашав за Еозин рече не. Што мислите вие? Можно ли е од топло/сонце и зошто не еозин?
Ние бевме веднаш наредниот ден откако не пуштија дома. Најчесто прв пат мислам дека идат кога му падне папочето на бебето.
Kako razlikuvate nose zatnato od suv vozduh,prasini i slicno od nose zatnato od drugo nesto nastinka li sto i da e?
Ние бевме на 11 ти ден,како што кажа членката погоре,кога му падна папчето.Сега одиме секој месец на редовна контрола.
Јас се породив во чаир со царски, на картончето за бебе од болица пишуваше преглед на педијатар 3,4 дена од кога не пуштиле од болница.
Нас не пуштија вторник, па ни кажаа во петок да одиме за 3 дена и во среда маредната недела. Тоа во среда беше за вакцина мислам.
Мамички ај малце офф топик. Дали откако се породивте помалце ви се мрси косата? Приметив некако не ми се мрси како порано, уште не ми е почната да ми паѓа ама ова баш ми е чудно. Или е до хормониве или до тоа дека не ја чепкам многу, цело време ми е собрана.