Мене стандард ми е како секогаш косава... и во бременоста ништо не се смени. И јас мислев ќе почни да ми паѓа, али досега ништо. Се надевам така ќе остани
И кај мене не се мрси како порано. Преку 1ден ја миев, сега издржува 2 хаха.. Сигурно е до тоа што не ги чепкаме. Претходно пеглана, виткана, сега репче или пунџа хаха..
Кај мене обратно, во бременоста воопшто не ми се мрсеше, мислев до шампонот е дека и тогаш почнав да користам нов, го испофалив на сите, сега се вратив како претходно преку еден ден морам да ја мијам А опаѓањето сеуште не е интензивно кај мене, нормално е, 3 и пол месеци по пораѓај.
Мене обратно, сега после пораѓај многу ми се мрси и почна да паѓа. А во бременоста ми беше многу убава, ич не ми се мрсеше и се згусна многу. Ама кратко траеше тоа. Уствари мислам после пораѓај се си се враќа како пред бременоста. Ако не ти се мрсела пред бременоста, сега си се враќа на тоа.
Мајки, 7 дена сме стари, само на доење и каката е сенф боја, ама има како грутки низ неа и е течна... што значи тоа?
Еве сме и ние исто се во устето става тупаници дури и двете наеднаш сака хах... Не фаќало детево море сега пелената ја зема си ја става на главче па ја става во устето .... Вчера стана во 9без 15 заспа дури кај 15 стана кај 17:30 и дуууриии вечерта во 23 ми заспа па стана во 00 па заспа пак дали е до скок дали е жешко еве незнам климата ми работи само по боди е.... Туку да прашам пак јас глупост... Пред некоја недела таа прави ау јас ја повторував и пак таа по мене сега брате не ја интересира само кога и се кривам ми обрнува внимание и ми се смее и криви ... Иначе сама на гардеробот на вентилаторот му гуга на Елза и се кара и плачи ... Нормално е да намали со гугање или ?
Кити остаја малку на рат на бебушката Моево дембелче еднаш на ден ако гуга малку и тоа е Чекај ехее ке гуга ки ка ку уште многу Изгледа сега сме во некој скок ич не е мирно и само враце сака а јас го лажам на земи да седи за да не се учи
Ма ништо што претходно ја интересираше не ја интересира на се претходно што гугаше сега но но сега од цице ми се трга со Елза да се скара и да се смее
Мамички Вака, за бебо користам бејби лав пелени од дм, бр. 1,тие се од 2 до 5 кила Беба има 3.8кг, сл вторник прави 4 недели Кога треба да ги сменам да почнам со 2 ка(од 3-6кг е)?
Кога сакаш…никогаш не бирам пелени по килажа…моево има 7.5кг а 4ка што се до 7-14кг му пропуштаат…и сега ќе си купам 5ка без разлика на неговата килажа…и ако видиш дека ластиците го стегаат време е за поголема бројка
А мојава зависна од лустери, сијалици, итн… вчера у двор ја успивав (имаме бандера со улично светло во двор) и гледајки заспива, а ја тргнам пд таму кенка се кара се мршти абе жива смешка ми е
@KittyCat:) мала е бе мама. Тие и да ни враќаат на нашето 'гугање' со гугање ми се чини дека е несвесно. Или гледањето право в очи не дека им е целно. По мое ова. А тоа што се загледуваат е дека гледаат форми. Мојов заљубен е во балон јуникорн, истушен е цел на ништо не личи. Ама пуста љубов.
Еве ги мама овие ни беа кога излеговме од болница па ги залепивме на таван му се смее ли му се смее му вика ништо нема останато ама не ги тргам оти е заљубена исто како меденко твој
Тоа значи дека е се си е во ред со бебчето. Таква треба да е каката кај доеното бебе, потечна, златножолта со парченца некогаш, некогаш без. Сеа се живо ќе испитуваш, какање, повраќање.... Тазе мама ќе паничи малку, ама ќе се навикнете. @kostovaivana сеа од топлото и ќерка ми што дури ја успијам се препотувам, мене косата мислам дека цело време ми е мрсна. А и после 5 месеци од пораѓајот почна да ми паѓа, ептен паѓа, полни раци коса кога поминам низ неа.
Мами, вие што сте биле на плажа со мало бебе (моето тогаш ќе е 4++) како сте проаѓале? Каде ви спиеле, како сте се занимавале, или одите наутро па во соба па после налкај 17ч пак?? Не знам во што да ја местам да спие, у количка мислам дека ќе ми се свари…
Нас плажата ни е во двор. Одиме сабајле седиме дури ни се седи дали тоа е 6 или 3 сеедно. Не правам оди па дома појди па пак на плажа. Има посебен чадор заради тоа што не смееме да носиме од оние шаторите како за кампување па спие На пешкир или на делот од ташната што се прави како креветче ама претежно е на пешкир. Ние сме 2++ и пробавме во море да ја искапиме плачеше па и топли е базент и тука ја шлапкаме. Јадење пиење се на плажа си носиме 90% од времето го спие на плажа за разлика од дома
Еднаш сме бидени само, супер поминавме…отидовме после 5 и пол, имаме шаторче од тие сами што се отвараат ако се сеќаваш порано Топ шоп што ги рекламираше, внатре си седеше на подлога за вежбање и на неа крпа, бањање не сакаше, пробавме само ноџињата да му ги ставиме плачеше…базен имавме ама ај рековме од следните пати ќе го носиме
Па не. Баш вчера купив муслин, пофини се, по лесни, планирам за покривање да користам тоа а тетрите за се остало. И малку се поскапи муслинските.