Здраво мајки, јас пак по совет. Не знам ама со ова второво бебе многу сум понапната и само нешто му наоѓам или замислувам проблеми не знам. Вака, од пред брзо почна да се обидува да се сврти на меше и истото го прави само на лева страна засега. Уште не успеал, ама се обидува. Од вчера, кога го држам во раце да гледа напред, забележувам дека главчето го наведнува на лево некако, и телото го стега и исто на лево прави лакче. Како стегнат е и на лева страна се витка. исто и на меше кога ќе го ставам се потпира на левата рака повеќе и со главчето на лево. Денес почнав да го местам на десна страна да е повеќе Дали има место за паника, да посетувам пак педијатар? Или нормално е прво на една страна да преферира? 3+++ е. Ми се смачи веќе само го влечкам на прегледи
Нормално е…моево десната страна не можеше да ја смисли до пред 2 месеци, лево спиеше, на лева страна, се лево цело време, сега неможам од десно да го свртам само десно оди..нас главата ни се деформира од тоа само лево, сега лево не сака да смисли…нормално е една страна да преферира
Ти благодарам.. мене најмногу искрено ме загрижи кога го држам во раце дека ми се витка некако налево цел. Не стои право баш како што го држам. Се надевам дека само период е..
Ај јас да се надоврзам на вашите муабети. Бебе е 2 ипол месеци, косата ми паѓа ненормално. Среќа имам густа коса, инаку ми се чини ќелава ќе станев. И со првото ми паѓаше, ама мислам не до олку. Дали е пост ковид или од хормоните, или све се собрало, не знам... @KittyCat:) ќе те карам. Не се замарај толку. Ќерка ми тој период не реагираше никако, па на година дена почна реченици да врзува. Пренапредно дете е, машала. Затоа и со бебево сега не се замарам толку. Нормално приметувам дека слуша, прати со поглед, се смее и доволно ми е. Некогаш гуга на цел глас, некогаш не. Стварно не се оптеретувам да биде се по книга.
Мојата ќерка има рефлукс. Тоа што помага е почесто подждригнување во текот на оброкот, спие на подигнато легло(ако не ви се подесува креветчето може да земете триаголна перница). Антирефлуксна формула која доколку доите може да ја давате на крај, по 10мл колку да се помешаа со млекото и да го задржи во стомак. На посериозни случаи препорачуваат да се прекине доењето до 4-5 месеци но јас тоа не го ни помислив; сепак ми е важно да прима мајчино млеко додека може. Има суплемент Gaviscon, засега само сум слушала искуство но немаме пробано бидејќи тука го нема. Вие сте блиску до 6 месеци, се надевам тука ќе биде крајот на маката. Ако се сетите пишете како ќе биде малечкото после тоа. Во меѓувреме може нешто од ова да пробате. Спиење на страна исто така.. Секое добро имајте!
И мама ме искара вчера кога ме седна да ми кажува тие што поминале со брат ми решив повеќе на ситници да не се тресам реагира прати поглед се смее гуга кога ќе и текни така да во ред си е ќе ја оставам сама кога ќе биде спремна да си прави се
Мамички од кога почнаа бебушите да ви се смеат? Мојава 1 месец, само во сон се смее сега за сега, па ме интересира од кога од прилика почнуваат да се смеат со разбирање
Мојот месец ипол има, кога му зборувам некогаш се смее. Е сега незнам дали мене ми се смее или случајно си се смешка сам хаха...
Околу 6та недела почна да се смее околу 7ма кога ме гледа си вади некои звуци и почна да прати предмет да се врти убаво со главчето ама на меше ич не сака да ја крева туку лиже раце
Ко шо сум дрдорка, уста не затварам ќе почне кај и да е. Сега веќе почна да распознава ствари, се врти на звуци и коа и зборам произведува некои интересни звуци коа и зборам мислиш ми враќа
Ќе може ли да ми препорачате добар педијатар во околина на Карпош?Се јавив во Букурешт рано било сега да сум чекала месец кога ќе направи...а паника ми е до тогаш да чекам веќе 10 дена сме дома,сакам да знам како напредува.
За педијатар не можам да ти помогнам, ама околу напредувањето пробај со домашна вага ако имаш. Измери се прво сама неколку пати едно по друго па со бебе неколку пати.