Ако крајниот термин бил 20-ти Ноември, а сестра ти се породила на 6-ти тоа е 38-ма недела што не е никако пред време родено. Родено си е точно навреме на средната на 9-ти месец.
Проблемот е што билирубините никако да се намалат, три дена по ред како му земаат крв тие цело време се високи (мислам 300 беа). Инаку во Штип се породи и ќе чекаме да видеме и резултатите од крвта утре што ќе кажат, ако е иста ситуацијата ќе бараме да ја преместат во Скопје. Сите креваме паника, бидејќи ни е прво бебче дома
Елени големината на бебето е нормална. Терминот исто така. Ако е жолтица, и тоа не е страшно. Немам искуство ама мајчиното млеко е најдобар лек за тоа. Побарајте второ мислење и без паника. Колку повеќе паничите толку пострашна ќе ви изгледа ситуацијата.
Синчето мое имаше и повејке од два месеци жолтица па сега сме во ред на два месеци билирубинот му беше 126 мој совет само смирено и повејке доење
Ви благодарам на советите. И зетот се консултираше тука со наш педијатар и тој рече да не паничиме, дека полека ќе се намалуваат. Да продолжи да го дои и дека ќе се среди.
Ееее мојот беше како портокал жолт може две недели, пет дена бевме во болница, фототерапија и не пуштија дома. Без гајле, ќе помине.
Кога се роди син ми ја имаше таа бебешката жолтица беше жолт многу ама не не задржаа повеќе не беше опасна на болница,ми викаа да го вадам на сонце го вадев цело време и за 15 16 дена помина зависи кој тип на жолтица е сепак...
Мислам дека не е морално иако ние сега сме во скок во развој кога имаме проблем со спиењето.До пред скоро беше бебе што секој би посакал да го има без грчеви,си спиеше супер, сам си заспиваше навечер во креветчето ама сега се му е пореметено.Се мачиме за заспивање,станува на секој саат навечер,а знае сред вечер да стане и да си гуга па мачење за повторно заспивање и ако не ранобуден си е во 5 најкасно 6 станат е.Се надевам дека ке се нормализира наскоро.
Веќе 2 дена малата има влакно во око (од косата што и паѓа). ММ запнал да и го извадиме а мене ми е страшно дс и брцаме во око и никако не дозволувам. Дајте ми совет што да правиме. Се мислам дали дс одиме на доктор??
Мајκи κаκо ги дававте Саб Симплеκс κапκите? Κолκу пати и по κолκу пати јас му давам 4 пати по 10 κапκи,таκа ми κажаа во аптеκа,една дρугаρκа ми κажа деκа е мала таа доза,затоа не му поминувале гρчевите исκуства со овие κапκи фала ви
И мојата имаше влакно од косата во левото око и мислам дека колку твојата беше ама мене ми беше страв да и чепкам во око, а колку што приметував не и сметаше и после некое време само од себе го снема
Таа доза ти е дури голема.Мене ми рекоа три пати по 5 и не повеке од тоа.Еспумисанот се дава по 10-15 капки.А не помимува пошто е веќе општо познато дека грчевите се период кој сам од себе ке помине
Ако не плаче значи не и смета.Можеш лицето да и го измиеш.Или на памукче натопи малце вода и помини на окцето нежно.Никако не бркај во око.
Ќе ја избањам сега ќе видам дали ќе искочи. А кога сме кај плачењето.. Прочитав на форумот за скок во развој( не сум многу запознаена со ова) дека во 6 та недела се случува. Ние сме 5 та. Малава овие 2-3 дена ми е многу сменета, плаче и кога ја дојам и кога и давам АД. На секое доење/дохранување имаме плачење па цицање и се така. Дои по 2 часа а пие 60 мл АД млеко 1 час. Денес дали вкупно спиеше 2 часа од сабајле. Заспива на рака штом ја ставам на кревет се буди. А си спиеше по 2-3 часа преку ден. Дали се работи за скок во развој или може да е нешто друго?
Плаче само кога јаде?Да не има кандида во устето па да ја боли?Иначе за скокови незнам и ја мн .Не приметив кај нас значајна промена а еве сме три месеци.
Јас од Саб Симплекс му давам еднаш на ден 15 капки, така пишува и на упатството. @chocolade и ние сме истите вчера и денес. Се смирува само кога го дојам. Сабајле во 6,30 стана, па заспа во 10h и спиеше само еден час додека го возев во количката бидејќи бевме во град, и после тоа само по 5-10 мин ќе дремне и ќе стане. Еве сега веќе еден час спие, се надевам дека ќе поспие повеќе .