Леле дури читам вака дека не ви спијат бебињата, се загрижувам дека моето многу спие хаха.. Врзува и до 5-6 сати и дење и ноќе без да се расони воопшто. Само кенка, го земам цица и си продолжува со спиење. Дури му сменувам памперс ќе ги отвори малце очите и после цица и се успива пак. Ноќе спие во затемнета просторија, дење во светла. Дури шетаме се буди разгледува малце и се успива пак. Има скоро 2 месеци.
Јас првите месец и пол ни спиење ни одраз во огледало не видов мислам хахаха Стануваше мн често за цицање, а и премногу грчеви имаше тоа беше хорор. Полека не знам како успеав да го научам на ден и ноќ. И најважното што ми беше е да заспива сам без нункање само седам до него можам да пеам, да го галам или да му држам цуцето ако го бара. Можеби затоа и повеќе време му треба денски да заспие зашто се го интересира од страна и додека да заспие му доаѓа времето за цицање. Можеби вака е сега потешко ама после ќе биде полесно. Зашто заспива сам и тоа сега за сега иде океј Леее лоша да не сум бре
Јас па изнаспиена сум. Ноќе брзо цица и си спие.Знае некогаш да дреме на града, ама повеќе дење. Ноќе спие без проблем. Моево немаше грчеви,само неколку дека дури имаше гасови плачеше, топло ставав се смируваше. Да и јас не го нишам или шетам за да заспие. Или го ставам во креветче и тоа само се ниша или на кревет легнувам до него,пеам и се успива. Не како лоша хаха.. Да му остани навика да се успива сам, лесно и сега, лесно и во иднина
Леле блазеси ви, јас немам таква среќа со моите - на 1.5/2h програмирани се. Па јас дури сум презаспала, ете бебе пак. Може и до мене е, не знам. Туку да ве прашам, био гајава колку време ви трае, и дали треба нешто пауза да се прави, или да се користи цело време? 2.5 недели може имам како ја купив, пробувам да дадам кога гледам празно шише
Извади го тоа горе, мн му е долго цевчето, ќе има уште некоја капка. Ние скоро месец ги користиме ама ептен треба да пазиш тоа течат мн брзо, па некад ќе отидат повеќе. Јас решив некоја алтернатив да побарам за пробиотик зашто грчевите се намалија, не е пропишано да мора да биде биогаја. Во суштина не треба да се дава цело време исти пробиотик треба да се менува ☺️. Што знам дали е до тебе, не верувам. Може мали се уште пробај со тренинг некој инаку пак ќе кажам моево само си покажа дека вака сака. Го фаќа склет и нервоза од топлово и така сака да си лега со сите четири во вис хахах
Ај оф Топик Вие што бебушките ви се женски дали сте користеле дубак? Демек не се препорачува а па мене ми е толку интересно да ги гледам во дубак.... Рано ни е ама да си знам да си планирам и од колку месеци се седнуваат во дубакот ?
Мојата е 6 месеци и не ми е во план да користам дубак. Цело време е на земја веќе си лази, а почнува и да се крева. Дубак не се препорачува, но сепак крајната одлука ја има родителот.
У принцип ортопедите и за женско и за машко дете дубак не препорачуват. Дубаците се правени по мерка а не секое дете е исто. Кога седи во дубак и кога стои на ноџињата колковите му се во неприродна положба и со долго користење може да настанат проблеми. Подобри се оние проодувалки, за само да се качува и да пробува да оди. Во секој случај, одлуката е на родителите. Ама и да одлучите да користите гледај да не го оставаш долго време во дубак
Советувај се со ортопедот на следна контрола. Јас првото го ставив на 7 месеци, многу сакаше но по малку
Фала ви на сите ќе зборувам со ортопед може нема ни да ја ставам ако гледам дека се останато и е поинтересно
Едно прашање, креветчето ми е на 3 нивоа, од кога се става на второ, а од колку месеци на трето ниво?
На највисокото ниво до 3 месеци. После ќе видиш, зависи од детето. Кога ќе почне да се исправа најдоле.
Кога ќе почне само да се врти од грб на меше или обратно тогаш на 2ро ниво. На трето кога ќе почне да се исправа. Ќе видиш сама по бебето кога веќе не е безбедно..
Не. Не се препорачува, сите ортопеди тоа го кажуваат. Откако почна да седи само на под со играчки околу, сега 9мес и сама си игра на подот, лази, се исправа итн.
Прашање дали има некоја замена за бејбитолот д3+к1 Приметувам дека му прават голема мака откако ќе му ги дадам бљуцка засирено и густо од масленоста.
Здраво мајки. Бебе е 3 месеци, само на доење сме. Давам пробиотик биогаја. Бебе, фала му на Господ со грчеви маки од 40 дена, наваму нема. Но и кркорат црева, и кога е будна многу мрда во тој период. Дали е можно да се грчеви или пак е настината. Има некако потечна столица деновиве, а брзо сега примивме Рота. Мислење? Благодарам
Kolku brzo e rotata? Ako ste uste vo prvata nedela od rota od nea ke e. I mojata imase grcrvi denovite po rotata onakvi kako prviot mesec ama kratko traea dali 15tina min vo denot. Creva krkorat i koga se vari hrana isto ko na nas