Девојки 2 дена беба има течна столица. Дали е реакција од вакцината или е нешто друго во прашање 2+++
Која вакцина ја примивте Кити? Ист е или поразличен календарот за имунизација во Малта како кај нас? Ако примила рота, може да е од неа.
Мајки мене не загрижува нешто во врска со главчето на бебе.Приметив дека двете страни и се многу различни, левата страна на главчето како да и е повеќе сплескана и поразлична од десната.Односно како да има некоја вдлабнатина.Како е кај вас, дали тоа е нормално? Утре сме на контрола, но до тогаш не можам да престанам да мислам.
На апликацијава е од 4 ипол до 5 ипол една недела, ама се смета од терминот на раѓање а не од денот Да се надоврзам кај dr.good night пишува 5-та недела.
Исти случај Маја, нема што да се мислиш зошто нема што да направиш…имам пишувано по темиве…само на лево од раѓање до пред два месеци…сите доктори не караа ставајте му перници, ставајте ќебиња, мора да почне да се врти на десно итн што се не правевме, не перници не пелени, не препреки да не се врти на лево, не перничиња посебни незнам што ме испробавме…џабе…главата изобличена цела…кога посака да се врти накај 4 месеци, од тогаш навака само на десно спие и главата почна да се средува…ми рекоа дека имам рок до една година да му ја средам ама искрено дури не посака само да се врти на другата страна со ништо не можевме да го натераме
И ние бевме вчера на контрола десната страна му е посплескана пошто навечер спие се на таа па сега почнав преку ден на лева се да го местам. Исто така ми препорачаа плус 1 капка пливит со бебитолот. Претпоставувам поради помала апсорбција на Д во организмот и се случува деформација
Јас да се пожалам Нели пред извесно време пишав дека беба има инфекција на окцето... Е не е инфекција од шампонот е. Ми пратија од Македонија Бекутан толку убаво ми мириса и со ќеф ја капев еве сега пак истото и се направи на окцето.... Катастрофа е значи Бекутанот козметика предложете на хип добра е ?