Јас го бањам со хип 2недели скоро, супер е. На поклон ги добивме ние и сакав исто да ги пробам, супер се погодија. Гледам другите ти предложиле мустела. Јас мустела користев, му ја сушеше кожата особено на главата. Пробај види што ќе ви одговара.
Ќе ги пробам и едните и другите на Мудтела имам тестери ми дадоја и ќе земам и хипп па ќе видам која одговара. Фала ти
И на мојата исто и е од левата страна посплескана еве 5+ сме и на ортопед сега кога ја лднесов ми рече да не се секирам дека до 2 години има се средува
Ма каков Бекутан,катастрофа жива. И пече на очи ептен. Јас користам мустела и сум задоволна. За големата користев и Еуцерин, супер беше.
Менингококна сте примиле, против бактерија што предизвикува воспаление на обвивките на мозокот. Кај нас ја нема оваа. Мислам дека шествалентна (дитепер, хепатит Б и уште нешто), рота и против стрептокока се на 2 месеци кај нас. Ќе ја означам @SophiaBella мислам дека на двете бебките ви се иста или приближна возраст. Јас мами веледа користам и и лиценцето му го мијам, досега немал реакција. Во плодност со хип ги капеа. Побарај гази за очи Иридиум 0+ се, ако ги има кај вас. Ќе и се смири очето.
Што да кажам, нема мојот примено досега вакцина. Инаку да рота и шестовалентната се на 2 месеци, шестовалентната ја нема, ротата ја пропуштивме, докторката сомнежи ми ставаше за столицата дали му била нормална, па слики гледаше, па не можела да види, да не имало слуз, да не била течна, пенеста, не знам што и ја оставив не ја ставивме.
Само тие двете или плус и за пневмокока? Јас се мислев дека се три наеднаш. За почетокот на август имаме закажано ние, коски ми се ребрат од сега.
За неа не ми кажаа да ја ставиме сега не знам. И јас многу страв имам од овие вакцините. Од ротата имав посебен страв имав и прашувано по темите, жив вирус се исфрлал во столицата. Страв ми беше за другото синче да не фати некако, дека тој нема примено. Па и ми олесна дека не ја ставив искрено, ако фатиме сите ќе фатиме
Ќе ја побарам и таа козметика ќе се одлучам на крај. Фала многу Фала миличка. Бекутанот стварно катастрофа бил .... Мислев дека се исти како тука така Македонија гледаш имало и некои кои ги нема кај нас.... Зедов тука такви само под друго име се Blefarette и го исчистив се смири. Фала ти мамита Значи меѓу овие три сте сите задоволни ќе испробаме која ќе и одговара. Фала ти
Ако мислиш на тоа бело по јазичето што се прави Мене педијатарот ми рече да го одмивам со газа и сода бикарбона, а исто и градите со тоа да го одмивам за да не си пренесуваме цело време еден на друг
Да само не е на јазичето,горе кај непцата и мене ми рекоа со сода само незз кога би требало да се повлече ,кај вас има ефект?
Јас немам ни пробано бидејќи само кога пие адаптирано му се прави бело ама штом цица или пие чајче нема ништо на јазичето така да незнам дали е кандида или не А баш пред да одиме на педијатар пиеше ад
Кои апликации ги користите за бебе? Пред некој ден за скоковите една мајка ми сподели на W, ама заборавив како се вика, и не ја симнав.