Ја ендемски вид сум изглеа или немајка ја ништо не пеглам. Ни за бебе ни за нас, за нас само блузи кошули, тоа шо видно се гледа дека е изгужвано. Перам и сушам дома на сушара. На бебе алиштата не и се гужваат. Сметам дека е доволно у машина на температура све шо ќе се уништи. а и сега на пеколов не ни помислувам пегла да фатам у рака
Пеглам од беба се, планирам до 3 месеци. За нас не пеглам ништо,секој сам пред излегување секако маж ми е педантерија па не ни сака јас да му пеглам тој ппд конец прави се. Него дали миете шишенца во машина за садови ?
Јас од бебе пеглам се, од чорапчиња па се до тетри, постелнини.. буквално се. Ги мразам најмногу тетрите оти цела машина ми е со нив, али тоа е. А за нас пред излегување само тоа што треба, инаку на овај пекол ќе умрам од жешко
Јас да. И пумпата за молзење ја ставам в машина т.е. деловите од пумпата. После 40 дена почна помалку да повраќа. Мислам, тој уште си повраќа, ама не во млазови како претходно. Дури и некогаш си го држи в уста и го преживеа, па пак си го голта.
Сушам во сушара и одма кога ќе заврши ги диплам алиштата. Ги оставам така малку едни врз други, и 99% се топ, немаат потреба од пеглање. Е сега нешто ако има за ‘по надвор’, кошулите на мм и тоа си пеглам. Али гледам да се ‘спасам’ колку можам
Јас за децата пишав дека пеглам, со исклучок на постелнини.Немам ниту живци ниту време.За големата тренерки и работи за дома не пеглам.Ама за градинка пеглам и долен веш и пижами. За бебе чорапи не му пеглам.Од жешково и како што е неспијач само се мислам што да не пеглам веќе. Моите си ги пеглав кога идев на раб за работната недела.Мм сам си пегла не ми бендисува пеглање. Во последно гледам матријали пери носи да си купам немам време за пеглање. За хаосот дома ќе си мочам.Ваков хаос до сега не е било, ама бебево ме зеза повеќе од 30мин не спие.А не сакам хаос.Кога треба да чистеме за викенд со мм меѓу чистење и шетање , претпоставувам погодувате што бирам.Не сакам време за чистење да губам поарно нека е хаос, ама да се деца изнашетани.
Ох душа. Ај се надевам и јас дека ќе намали. Не за перењето, туку жал ми е и за неа. Некогаш в уста и останува млеко и плачи оти не можи ни да го голтни ни да го поврати
Здраво мајки во паника сум, се породив во саботата бебе ми беше оценето 9 10 се роди во 36 недела но во бременост си примав флостерон инекции за зреење во случај на предвремено и снемав плодова вода па мораше да ме породат во 36 е после 2 дена од пораѓај бебе ми модреше околу уата и губеше здив.. Ми рекоа тоа се случувало кај помали бебиња посебно порано родени од 37 недела врзо се заморувало и затоа губело здив.. па доби инфекција црп беше покацено 2.5 моментално е на антибиотици и инфузија 3 ден сега е добро нема такви знаци дали има некоја мајка вакво искуство?
И јас за бебе пеглам се и чорапи, постелнини, тетри, се и мислам дека уште долго ќе и ги пеглам. За нас тоа што се гледа само
Честитки мила.Да ти е живо и здраво.Дојде и тој ден, како вчера да беше кога чекавме резултатиВо врска со црп и кај нас беше покачено, ми рекоа дека е поради некоја инфекција што може сум ја имала во бременоста, иако брисевите ми беа чисти.И мојата беше на антибиотик, но за неколку дена и се среди црп.Сепак продолживме со антибиотик до седми ден.Не се секирај, често се случува но со терапија се средува.
Јас кога се породив бебка ми беше уште од првиот ден на инфузуја со антибиотик и на кислород а црпто и беше 100 но примаше терапија 10 дена и се среди така да не се секирај ќе помине нека си ја прими терапијара плус и вашето црп не е многу качено
И јас сум непеглач, само на време и убаво да ги пружам. Ги испеглав само алиштата за од болница да ја земеме.
Фала многу на споделеното искуство, баш ме смири, јас ептен се испаничив кога приметив но сега гледам дека често се случува.Исто и кај нас е левата страна на главчето по различна.Баш денес бев на контрола и педијатарот истото ми го кажа и рече дека не е страшно и дека има време до годинка да се среди. Исто и нас денес ни го кажа педијатарот.Верувам дека ќе се среди.Јас секогаш помислувам на најлошото и затоа ептен испаничивно сега сфатив дека често се случува.Фала ти. Фала многу, и кај нас е левата страна по сплескана.Педијатарот рече дека се средува.За месец и јас ќе закажам на ортопед, важно не е страшно како што мислев
А дали имаше такви помодрувања или нешто слично да се заморува со дишењето мене не ми кажаа на што е инфекцијата ама и плус каналчињата не му биле дозатворени на срценцето оние кои со самото раѓање се затварале ми велат дека со текот на времето ке се затворат дали е можно и од тоа да помодрува а еве додека ја прима терапијата се нема случено да изгуби здив и да помодри белким ке се среди дај боже...
Ти благодарам мила дајбоже само да излеземе здрави сеуште си примаме терапија до понеделник ке сме тука само плус ме мачи тоа што посинуваше околу муце како модро и губеше здив ми рекоа дека од што е малечко и се заморува ама некако не ми е веродостојно ја снимивме и ехо на срце некое каналче што требало да се затвори на самото раѓање со првиот воздух не се дозатворило очекуваат само да се затвори кај порано родените деца нормално било тоа но ме фати паника кога понодре и како да го снема мислев шок ме удри на два пати тоа се случи а сега од како ја прима терапијата се нема повторено....и незнам што да мислам дали е до тоа дали од инфекцијата.. многу е малецка 2 килца срце мајкино
Многу добро те разбирам мила, мене кога плаче срце ми се кине, а не пак така.Но мораш да веруваш, ти си борец а исто и она.Ќе се среди се, верувај само без паѓање.Докторите најдобро знаат, штом викаат дека ќе биде во ред, ќе биде.За килцата многу брзо ќе ги надокнади, да не се секираш за тоа.Сепак е родена во 36та недела и не е помалку од 2 кг, ќе биде добра.Ако ти требам за било што, тука сум