Па има малку бело на јазикот. Дали тоа значи дека има кандида? Не знаев дека боли кандидата Да само кога јаде плаче и нели грчеви кога има навечер. А тоа што не спиеше денес цел ден ?? Wtff се надевам период е, вака е мн тешко. Мојава и во количка плачеше денес
Синоќа кога ја менував пелената со кака на син ми, имаше крв сосем малку како конче, или како мрсулче (се извинувам за описот, но незнам како поинаку да објаснам), само толку, немаше ни на газето. Од што може да е? Сега ќе и звонам и на патронажната сестра, но ако може мислење и од вас.
Мајка на ќерка ми тоа и се случи ама беше два три дена стара и два пати по капка две. Случајно истиот ден дојде патронажната сестра и ми рече ако не продолжи не е страшно, ако продолжи одма на др. Кај нас немаше понатаму , а јас и ден денес не знам од што е. Во разговор со педијатар, разбрав дека кај девојчиња може од хормоните на мајката да се пресенесат на бебето па нешто како мензис се рачунало ама ако тече од дундето, пак капка две. А за машко кога прашав ме изигнорира во стилот поминало, има икс причини да не објаснувала. Не се плаши ако се случи еднаш два пати. Мислам дека некаде по темиве разговаравме, и кај др.се има случено. По мене може е пукнато капиларче или ако какал потврдо па се напнувал.
Мами веќе 1 недела како сме Бт. кај моите син ми скроз се смени по цел ден,навечер после 00ч.или 01ч почнуваат грчевите и плачеме до 4 сабајле заспива и се буди плачејќи,и едвај се смируваме нервозен е исто многу,борби водиме за да заспие некако за 1 недела 2 месеци ќе направи дали се работи за скок во развој што вака се промени,претходно си беше мирно бебенце глас немаше си спиеше и преку ден и навечер најкасно до 00ч беше заспан исто имаше грчеви, ама му почнуваа порано сега ми е скроз сменет може и до промената на климата е си велам јас. поздравче убав ден
И кај мене кога дојде патронажната ми кажа ако забележам на панперсот крв да не се плашам нормално било тоа еднаш-двапати да се случи и да не се плашам, ама малата моја немаше ништо такво
Леонче утре се враќаме Ск.ова не се трпи веќе ред немаме,тука кога ќе биде поголем повеќе ќе поседиме кај Дедо поздравче срцка
Na malata i izleze kako herpes na ustata od strana neznam od sto moze da i bide se prasuvam da ne e od zabite sto i izlagaat ili sto pocna so hrana nezz
Јас од маката што ја видов со грчевите и што ништо не помогна, не се решив за ѓерданчето. Едноставно сум скептик зошто мислам дека се е до детето. За забчињата колку толку ја смирува мачкањето на Дентоникс. А глодалки не прифати, па кога ќе начека влажна марамица ја јаде и гризе нејзе, веројатно и олеснува.
мојата пак од мака цуцла фати.И се гади од нејзи ама ја гризе ли гризе .И ја ставам по малце во фрижидер и ја чешкам после со неа и мирна седи и вика аххх .Жалнички ми се мн во вакви периоди кога имаат проблем кој и самата незнаеш како да им го решиш.
Joy не е ли мала твојата за запчиња? Мајки бебево веке 2 дена воопшто не спие денски. Односно спие по 10 мин, кога сме во кола или кога се храниме заспива на рака и штом ја спуштам се буди. До сега си спиеше скоро цел ден. Утре правиме 40 дена. Дали веќе "порасна" за да не спие денски дали е нормално ова или не? Мајки со 3-4 месечни бебиња, дали вашите бебиња спијат??
Скок во развој на 40 дена. Издржи ќе помине за некој ден или една недела. А и ќе намали со спиењето, по малку.
Два пати по 2-3 часа и плус ноќе нема кога да е будно. )) Скок е како што кажа Леона, ќе ги има уште многу.
мојот до 2месеца беше бубачка само цица и спие. А од 2м па досега 6м јас се молам да заспие 2минути а не 2 пати по 2саата. Дај боже да е скок во развој, оти ако ти смени како мојот лошо е
Јас пукнав денес.Изгледа скок е и кај нас а не заби како што мислев.И не заспа денес и се и смета.Мн е кенкава.Два дена трае ова.Три месеци и два дена сме можно е нели?