Има по аптеки, јас конкретно земам sleepy 360 ден се, а 30 парчиња има внатре, ако го испрља ја фрлам. Многу ми се практични, не се замараш со перење. Имам и од стружанка, али не ми е многу практично, плус сега е 3 месеци и веќе му е смалено.
-Пелени (само во дм најдов xs на babylove) -Подлоги за пресоблекување, ептен практични за една употреба, а има и подлоги за на креветче и тие ги користам (во дм ги најдов) - шишенца анти колик 0+ (томи типи, имав 3 зашто беше на доење и дохрана, стерилизирав у микро во кутијата од ел. Пумпа) -Цуцла томи -Две лажичиња за витамини (томи типи) -Еуцерин маслена купка (и коса мијам со истата), крема не мачкам ама ова зависи од бебето -Алкохол за папчето и беби стапчиња -Физиолошки за нос (аспиратор почнав после 3 месеци, ама ретко ) -Судокрем (оваа најок е, со други се зацрвенуваше) -Памукчиња за бришење газе - ги има во дм (да избегнуваш да користиш влажни марамици ептен зацрвенуваат кожа) -влажни марамици (притребуваат) -Тетра пелени (повеќе на број, зашто за се притребуваат) Одете поскоро на педијатар откако ќе го пуштат од болница, ако треба уште нешто лекови, витамини ќе ви препише тој. Јас отидов на педијатар после 2 дена откако ја пуштија, добив препораки и за доењето и дохраната и за витамините, а и за папчето.
Нас ни рече педијатарот да не даваме чајче или вода до 6 месеци дека се доиме... дали би помогнало чајчето ако јас го пијам?
И ние се доиме ама плус и дохрана му давам аптамил пошто немам доволно млеко. Ние идеме во Ремедика кај д-р Живковиќ и она смета дека чајот е многу добро да се пие сега при вакви високи температури за хидратација. Ние сме 7 ипол недели и малото пие по 50мл на ден. Можеш да го пиеш ама нема да има исти ефект како кога бебето би го пиело
На моево бебенце му е затнато носето и ми хрчи додека спие или лежи... прееска му капнав капки синомарин во носето и подобро му беше еве го сега пак... чаре некое знаете, совет?
И ние вчера бевме кај др.Живковиќ.Исто ми рече дека е пожелно да почнеме со водичка или чајче Бекутан, дека сигурно е жедна и дека е добро да се почне со водичка или чајче.Бебе ми е 1 месец.Баш денес и дадов 50 мг чајче.
Мајки од вчера почнавме со капки Бекутан 20×2 по препорака на педијатар, најмногу заради гасовите да и се смират и да и се регулира столицата.Од вчера па и денес почна да кака зелено и многу лошо мириса.Дали може да биде од капките или е нешто друго во прашање? Друго ништо не сме смениле освен капките што ги воведовме.Ме загрижува бојата и мирисот.
Можно е да е од капките. Бекутанот знаат проливче да направи и промена во столицата. Пробај со инфа калм оил.
Мајки, ние немаме класични грчеви со плачки, туку грчења после секој подој. Се витка како кифла, се стега, и има многу гасови што на почетокот - кога почна вака пред недела дена не мирисаа, а сега веќе смрди со секој испуштен гас. Ова трае по цел ден, па дури и од сон се буди и не може да врзе убаво спиење. Освен биогаја, што да давам… Еспумисан мислам дека нема да помогнат зошто гасовите ги испушта.
Нас тие капки ич не ни одговараа, бебче уште повеќе се грчеше и пискаше. Наместо нив сега користиме еспомисан еднаш до два пати дневно и многу помирно спие
Колипрев земи. Пред секој подој со лажичка давај му 5 капки или стави му ги во шише со млекцето. Ние сме многу задоволни од нив
Бекутан катастрофа никако гледајте друга козметика. Мене преубаво ми мириса и затоа порачав од мк да ми донесат окцето жар и се направи мислев некоја инфекција е кога тоа било од шампонот
Баш погоре прашував за истото. И моето нема грчеви класични, само гасови. Прво дури имаше гасови кенкав беше, сега не,ама ги има пак. Исто го будат од сон. И јас освен биогаја не давам ништо друго. Топло ставав,ама се потеше многу. Баш ако пробаш со нешто друго кажи, да пробам и јас хаха..
Bebevo denes ne se iskaka...kako dojdovme na odmor se pomalce kaka...cica super mocka super ama kaka postepeno se namaluva...dali da pravam nesto ili da cekam? So mene imam linex junior samo. Vo skopje kakase nekolku pati dnevno
Незнам дали е поставувано прашањево ама некако сум загрижена. Беба си кака редовно по 2-3 пати дневно, ама околу 8 кога и ставив памперс сега во 10.30 ја преслеков некако како ич да не е мочкана. Да напоменам си цица исто како и секогаш,но имам чувство дека многу помалку мочка
Здраво мамички. Многу сум загрижена и исплашена. Бебе има 9 ипол месеци а сеуште не му се развијани јадрата на колковите. Детево редовно носено на ортопед и исто мислење постојатно. Дали знае некој што понатаму освен капки да ништо друго не му препорачаа. Инаку дете од 7 месеци лази а од 8 се исправа и оди по кревет. Ве молам за совет
Ние сме дома, па иста ситуација. Какаше по 2, 3 пати на ден, а од минатата недела преку еден ден по еднаш. Ако е само на доење бебето нема никаков проблем и до 10 дена да не кака.
Мислам нормално е помалце да мочка заради жешко. Губи течност преку потењето. Нека кажат поискусните за тоа.