И моево голем какач беше Секое цицање-какање. Задутре прави 3 месеци. Кога ќе вратам филм и со големава исто се случуваше на таа возраст.
Мајки морам да прашам за совет, искуство.. пишав и во соодветната тема, ама ај ова е поактивна Бебе има месец и си повраќа. Некогаш само бљуцка, некогаш баш повраќа повеќе. Ја држам да подждригне, но може повторно после тоа да поврати. Дали се работи за рефлукс или не незнам. Деновиве ќе одам на преглед деновиве. На доење сме иначе. Ноќе кога цица воопшто не повраќа, а денски да. Не на секој оброк, но многу често. Дали дека е повеќе време разбудена и постојано бара цицање.. Ќе цица, повраќа, па пак цица, повраќа и така во круг 3,4 пати... Дали да купам млеко за рефлукс, дали перница за подигната да спие незнам веќее... Жал ми е и да ја гледам со млекото в уста, некогаш го држи
Јас како што имам читано бебе до 3 месеци така ке поврака после ке пие онолку колку што има потреба Исто беше и моето сега малку време има малку намалено со повраќање ама пак не е без ич
Незнам дали ме имаш прочитано, моето имаше така, само повеќе на едното окце. Исто тука прашав ми кажаа камилица и мајчино млеко,гледам и тебе исто ти кажуваат. Аннатх ме советуваше да не ставам ништо на око, може да се направи иинфекција и ја послушав. Го носев на педијатар, го исчија тие, јас дома само со памук и вода, се среди за 2-3дена и не се појави пак. На педијатар спомнав за камилица и мајчино млеко, ми кажаа никако, може да направи инфекција. Што мислиш тоа ставај, ова е искуство мое, еве и во прилог слики.
Фала ти многу мила. Јас вчера му го исчистив со сува газичка и веќе ништо не му е. Малку се исплашив дека претходно солзаво му беше очето и имаше гурелки, а матичната му е на одмор, затоа реков барем со физиолошки да му чистам. Среќа нема потреба ни од тоа. Фала ти уште еднаш.
Мојата цела недела еве како има, чистам со боракс глицерин. Благо подобрување има, трет ден денес е како чистам.. Читав дека може да се пренесува преку цицањето доколку мајката има кандида, мене ми се јави неделава и одма и кај бебе Маки мачам со неа со години ама никогаш не би помислила дека преку доење може да се пренесе..
Не пеглам ништо Пеглав до кај 3 месеци, сега не. Кога одиме на доктор или на шетање пеглам секако, ама вака за по дома не. Перам со нивен прашок и омекнувач, не и направиле реакција на кожа па не се замарам со пеглање ама ич. И онака по пет пати дневно се соблакаме, секој ден пуштам нивни алишта, уште секој ден со пеглата да се занимавам
Може прашањето е малку глупаво,ама не знам кој број памперс да земам.До сега користевме пампетс премиум 1.Бебе ми е 1 месец, 4150 тешка.Дали да земам 1 или подобро 2?
Мојата кога беше толку тешка почнав да земам памперс премиум 2 малку покомотни и беа ама за брзо таман станаа
Како моево да го опиша. Цицај повраќа цело време беше. И јас бев загрижена се до првата контрола на педиатар, односно кога видов дека супер напредува. На 2 ипол месеци дуплираше родила со 7 кг. Задутре правиме 3 месеци и веќе се стабилизира со повраќањето. Знае да блуцне пак, ама многу поретко.
Зависи до бебето. Ако 1 му прават линии или му се скроз точни,земај 2ка. Јас сега на 2месеци почнав со 2ка.
Пробајте вие да пиете превриен ким,една лажичка за една чаша помага за грчевите и болки во стомачето,или 2 зрнца за бебенцето да се превријат(ако му давате водичка).
Јас знам дека и преку градите(брадавиците) може да се пренесе т.е ако има бебе имаш и ти и обратно,јас и неа со сода ја чистам и јас се поминувам пред и по доење,дури на периоди и како чешање осеќам дали е психа или не стварно незнам Ако не ќе барам и јас друго решение мада мислам од содава има подобрување.
И моето имаше ама како новороденче, два пати ни препишаа нистатин, само што ќе прекинев пак се појавуваше…на клиника ми рекоа џабе ми се лекови најдобро е мануелно отстранување односно чистење на образите и јазичето со газа или чиста тетра пелена, да му го гребиш белото…а и ти бидејќи доиш мораш после секој подој да ги миеш градите
Па напредува и моево добро засега, првиов месец 1кг качи. Али некакво решение дали има си велам, нервозно ми е некогаш и мене а и неа... Ама ајде ќе почекаме уште некој месец...
Моето е 6месеци и уште повраќа…не колку порано ама пример сношти јаде и ждригна и само што го кренав ме исповрати цела…дефинитивно со тек на време ќе намалува ама еве уште не е престанато
Нормално е, моето до 7 месеци после секое млеко повраќаше. И сабајле ми бљуцна, 9 месеци е. Намалено е многу ама пак се случува