Супер се ова апликациите ништо нема да ни пребега еден куп имам симнато Првиот скок к тоа како и го забележав воопшто не спиеше бебе мало ај ѕвонев да прашам дали е тоа тоа и ми кажаа да и цело време на цицка
Мамички тие што го користите сирупот на Nurse Harvey's. По колку и како давате? Јас сега земав и пишува 5 милилитри дневно со таа дозерката шо иде со него ама некако многу ми се гледа цел тој шприц
2 пати по 5мл се дава. И јас на почеток мислев дека е многу, но малку по малку и го давав директно од шприцот.
Мојава денес ја фатија нешто појаки грчеви и цело поручек плаче, кенка, се грчи никако да заспие. Не знаев веќе шо да и праам и трк до аптека го земав сирупот и еспумисан. И дадов и тоа и тоа и за 15-20 минути се смири и заспа. Така да дефинитивно помага!
Поискусни мајки со поголемки бебиња споделете искуство,мојата беби за 2 дена прави месец откако почна со цицање се навлече и ретко кога не е на гради .Ја изнесов 2,3 пати надвор и преку сила пола саат е мирна и почнува да плаче не сака цуцла....период е ќе помине или така си е веќе навикната?!
Незнам дали ќе ти биде од помош мојот одговор, но ќе ти кажам. Првите прегледи кога отидов на педијатар др ми кажа: бебе активно треба да цица 20мин во смисла толку време е потребно за да се најаде, ако заспие на цице допри ја на обравчето, штипни ја да ја потсетиш дека треба да јаде. Е сега мојава е цицач невиден обожава цице и не гледав дали јаде 20мин или 1 час кога е готова сама се трга, ама ред си фати од кога наполни месец-месец ипол. Така да уште малку ќе фати и твоето ред. И друга работа што ја правам јас е пред излегување обавезно 15-20мин е на града и веднаш излегувам од дома, па така имам 1.30-2 часа без проблем да ги поминеме надвор.
Фала ти...да така правам пред излегување се нацицува и мирна е.Од доктори сите ми рекоа дур е мала кога сака колку сака да цица,ама некако ме фаќа паника ни во креветче не сака да спие цела ноќ..сака меѓу нас,викам да не правам нешто погрешно ама премалечка е да ја оставам да плаче и да и воведувам ред
Јас давав измешано со чајче на бекутан 5мл во шишенце, кога ќе го фатеа јаки грчеви ќе го испиеше и ми поминуваше одма...Значе не однапред превентивно туку кога ќе го фатат кај нас делуваше одлично...
Незнам какво креветче имаш. Јас имам овие што им се спушта страната, се лула и ми е залепено до спалната. Може затоа не ми правела проблем а закенка тука сум до неа, ја галам по главчето и знае дека сум во нејзина близина. Пробај стави креветче до спална и кога ќе ја ставеш во него држи ја за рачето, гали ја да знае дека пак е до тебе.
Si ja olesnila epten....jas na odmor ne mozev nurse harvey da najdam pedijatarot mi rece zamena za toa bilo espumisan
Пишав во темата за скокови, но и овде да пишам зашто мислам дека ќе полудам Бебето ми е 35 дена.Овие два дена мислам дека ќе полудам.Воопшто не спие навечер, плаче и тоа толку силно што мислам дека ќе и се случи нешто.Исто и преку ден, ако поспие тоа е најмногу еден час и се буди со вриштење.Не верувам дека се грчеви и дека е гладна.Исто се однесува и после бањање и после јадење.Не знам дали јас некаде грешам или може се работи за некој скок во развој? Навистина не можам да разберам кога се случуваат, по тоа што читав дека се сметаат од термин мислам дека уште е рано за скок.Родена е 9 дена пред термин.
Сигурна си дека не се грчеви сепак? Моето тој период ги појави и вака беше ко што кажуваш. Ако не ти се даваат капки одма, пробај со топлење на меше прво, за да бидеш сигурна дали е до тоа.
Давам еден куп капки, Колипреф, Бекутан и пробиотик Рекол.Претходно имаше, но со капките се смирија, а и воопшто не се грчи.Се мислам да не е гладна, на комбинирано сме доење и ад.Мислам дека немам баш многу млеко, ама она знае да си седи и по повеќе време на цице.Ад и давамм 60 мл, педијатарот ми рече дека можам да зголемам и до 75.Од што сум полудена веќе не знам што да мислам.