Друже јас на мојата и давав био гаја,а и доста ефикасно се покажа термофорчето за грчеви со паричка што е,ја затоплуваше и одма се смируваше и си заспиваше.
Бебе спие со мене цело време неколку пати спиеше во креветчето не ми прави проблем ама јас сум комплицирана и до мене спие. Сега пред 15 мин ја ставив во креветчето се сврив за секунда ја гледам на стомак. Ај си реков се ниша креветчето се има така превртено. Го средив креветчето да биде статично свртив бебе на грб таа се преврти пак на стомак 3 пати така ми направи. 3 м точно денес пишав да не излези само се жалам од бебе да ми се скара еве и да ја пофалам хахаха
Хаха, истите стравови ги имав за ротата со поголемото дете и на крајот не ја прими малото. Баш имав прашувано за истото низ темиве. И јас сум таква иста миле паника. Само нешто си наоѓам за да паничам, така да потполно те разбирам. За настинките исто, големиот ќе тргни в градинка од септември и потполно за истото се мислам и плашам како тебе...
Браво за куклата. Мојов буцо завчера направи 3 м и ми се чини абер нема од вртење. Му тежи газот Го ставам на стомак, крева главче си го држи ама брзо го фаќа мрза и си призаспива. го анимираме со дада му да му задржиме внимание. Кога е без памперс е најактивен прави некои обиди да се помести,ама мислам нема скоро да се врти.
Фала друже уште термофорче остана заборавил маж ми денес,имаме пробиотик ваја од старт,денес купивме сируп Nurse Harvey's и чајче бекутан па да се надеваме дека ќе и олесниме
Мајки што правите за вадење мрсулчиња кај бебе? Имам аспиратор но мислам дека е рано да се користи на еден месец.Од аптека на маж ми му дале физиолошки раствор, па сакав да ве прашам дали сте ставале и дали има ефект од него? И како се става по неколку капки или?
Јас физиолошки ставам по 1-2капки, неколку пати денот. После бањање му слегуваа долу и ги вадев со чепкалки за уши.
Девојки ме болеше страшно главата се напијав парацетамол немаше ефект имам Кафетин се напијав бебе е на цицање само нема проблем така ?
Ооо без памперс убавини е кога и го ставам памперсот имаш гугање ама онака лошо абргу со затворена уста скечови е хахаха. Можи дека послабичка е па затоа порано почна да се превртува, сонцето е покрупничко сигурно ќе почни секако хехе
Моето е денес 3 недели и ставам само Синомарин капки кога ќе приметам дека му е ептен затнато... после одма си диши нормално
Дали користите некои апликации за следење кога и колку спијат, како и кога и колку цицаат бебушите ваши? Тазе сме, денес 10 дена правиме, а јас како избезумена сум време гледам во часовник и повторно заборавам Може прашањево не е во соодветна тема, сепак би сакала доколку користите нешто од овој тип да споделите Благодариме
Во почеток кога беше многу мало не зашто цело време дремеше на цицка. Ама еден период послабо ми цицаше мислам прв скок беше тогаш следев зашто не сакаше ни на 1 час дури некогаш ни на 4 не цицаше како треба со плачки со викање. Сега не ама пак си ја имам апликацијава Baby+ добра е можеш се да следиш, полесно ќе ти биде
Користев Ovia па се префрлив на Baby+ и веќе 5 месеци ја користам…запишувам спиење, дремки, пелени, млеко зошто стварно не се допамтува се
Мами не најдов посоодветна тема па да прашам тука, искуство со седишта за во кола 0+ што се со ISOFIX и ротација 360 ако има некпка да сподели? Се спремаме за на одмпр и некако не ми дњлува транапортер скрос безбедно за долг пат и автопат па би сакала да купам седиште од 0 до 36 што се.
Јас од почеток ја користам baby tracker. 2 и пол месеци е беба и уште редовно си внесувам сѐ. Кога сум сменила пелена, кога јадел, кога спиел, кога и колку млеко сум измолзила... Мене ми е супер. 3 полни месеци, значи до почеток на 4ти. Е сега со оглед на тоа дека се почнува од 8ми ден да се дава, а во едно паковање се 30, би дошло 4 месеци и некој ден.