Ja bi ti preporacala da ne se preopteretuvas so apps ke se mrdnes poveke. Bitno ti e da pamtis posleden pat koga cicalo za da znaes koga da ponudis pak ako ne pobara. Drugo ne se smaraj sledi si go bebeto mesto da gledav vo appot
Јас лично не ама прашував тука и некој ми каза лепенките брзо престанивале да лепат. Доколку го бараш за раце да држи ја некој краток период додека бебе да ср навикне да заспое со одврзани раце го повивав само нагоре телото со тетра пелена а нозе оставав слободни до тоа што од коа ќе заспиеше моево дека мн мрда и рацете ги вадеше затоа што не сравав безопасни. А ако ти е за кпристење ко вреќичка мислам дека попрактични ти се тенките вреќички од ист материјал од тетрите од алкалоид берово.
И јас така ги давам капките, а пробиотик навечер досега давав, ама и за него да не има одредено време во денот?
Дали правите широк повој на жешково? Пошто ми кажаа до 6 м да сум правела али не ми се става на ова жешково да се вари бебуш
Јас прво навечер давав ама ми се какаше многу во текот на ноќта, па почнав да давам поручек. До вечер е искакан 2-3 пати и спие мирно. Јас немам ставано ни еднаш широк повој, па на жешково ако не е морално, не би ставала никако.
Мене ова ми е скроз безврска производ. Не му ја разбирам функцијата. Да го држи бебето стегнато, како заробено? Ако му е намената демек да не се плаши, да не прави како да "лебди" со рацете, тоа е дел од процесот на развивање. Нека си биди слободно бебето, нека си мрда. Плус и на жешково
Како ви ги поднесуваат бебенцата капсуливе бебитол? Моево имам приметено после е кенкаво и бљуцка засирено млекце
Мајки дали кај некое бебче имало вакво црвенило на лицето Вчера ѓу беше чисто, сабајле кога стана жар црвена едната половина од лиценцето Педијатарот ми рече да го мијам со вода и да го мачкам со еуцерин атопи ама и вас да ве консултирам
И јас ќе ти ја пофалам Baby+. Од внесување време на цицање, спиење, менување пелени има мелодии и бели звуци. Плус има да следиш развојот на бебенцето milestones, и за секој период има убаво објаснето за развитокот. Не постигнував да внесам секогаш се за цицање спиење итн, но за другиве работи многу ми се најде.
@IChika јас редам широк повој ,редев и за син ми. До 4 месеци. Во европа широк повој носат само оние на кој што им е потребен и кај што има индикации но не сите. Во секој случај не е штетен а и фактот што процентуално во балканов има најмалце популација со криви и тесни колкови за разлика од еу ,ме охрабрува да редам. Сепак твој избор е, ако си решила се прави ехо на почеток па следно на 2 месеци ,ако е се во ред немора да ставаш. Ве читав наназад ,немора да повивате бебе за да не мрда со рачињата или за да не скокнува со истите во сон. Ако вратчето е доволно зајакнато да кога лежат на стомак може да го сврти од лево на десно и обратно,слободно ставајте да спие на стомак. Прво му држи самото тело топлина на стомачето и ќе се чувствува пријатно и второ кога ќе се стреси во сонот со рачињата веднаш ќе допре на душекот и ќе се осети сигурно,одколку да шара во воздух и да бара потпора. И трето нема главчето да е сплескано од ниедна страна,баш ќе има мн убаво лиценце. Него сакав да ве прашам ,ќерка ми денес направи 40 дена. Приметив дека од бсж и вакцината за хепатит кои и ги ставија уште во болница и излегло брунче на раменото но како да е загноено. Нормално е тоа ?
Женски фала на мислење ама не барав совет дали да користам или не. Прашав за искуство со конкретнава работа. Да не ми требаше, немаше да прашувам. @MissWitch мене на лепенките не ми ни текна. Ништо, ќе си терам со тетра пелена. Фала
Јас користев слично порачано од пат пат. Можеби два месеци го користев, претежно навечер кога грчевите и беа поизразени. Помирно спиеше повиена, и кога почна да и смета сама почна да си кажува. Лепенките кај мене не се расипаа.
Zaedno posle banjanje navecer. Prasav pedijatar mi rece nema vrska koga sakas kako sakas davaj gi. A probiotikot sabajle radi kakanjeto
Ние имавме исто неколку обиди со ова, реално многу мирно спиеше кога беше вака повиено, ама кога ќе се разбудеше му беше тесно и многу плачеше. Можеш и со тетра, само е полабава и мене ми беше страв ако му се ослободи, со кревање на рачињата да не си ја остави врз глава. Инаку нас ни беше совет ова од патронажната, дека иако изгледа дека "го измачуваме" наводно бебето со ова, напротив му помагаме да се смири. Кај овие постои опасност од претоплување, внимавај на тоа само. Ноџињата му ги оставав слободни, само рачињата ги повивав.