Мајки, сабајле кога стана бебушка на едното окце имаше зелена стврднета гурелка, и јас како јас прво дете му се тресеш одма си направив филм дека е настината. Не е затната сега за сега, си цица нормално. Можно ли е да настинува? Глупо прашање знам, ама таа е
Сите сме, јас темепратура му мерев на секое додека беше бебе, прегреан да не е, ладно да не му е. Како ке расте ке си поопуштена.
Оо топломерот ми е бест френд, дека времето тука е забегано,де ќе спадне температурата, де ветришта ќе се појават, она ќе кивне и ја право мерам. Верувам дека како ќе расте по релакс ќе сум, ама до тогаш има свашта нешта да ми истекнуваат
Јас имам и кога беше по мало го ставав во тоа, моево многу мрдаше со рацете и постојано се будеше. Со него си спиеше мирно, може да пробаш. Не го имам истото ама слично е и тенко. @Marge И јас кога беше малку поголема и ги ставав само рацете. Ама еднаш ја најдов тоа кренато во вратот а рацете извадени. Од тогаш не и го ставав повеќе.
Да не ти е настинато? Мојава така повраќа сега овие неколку дена. Ја однесов на доктор ја слушна рече нема ништо надоле ама има секрет длабоко во носот. Ставај физиолошки раствор пред цицање за да го голтне и да го искака
На моиве слатки маки им нема крај... кај беа грчевите сега и му искочија бебешки акни. Нема многу сега за сега ама сепак ги има. Има ли некој искуство со ова? За колку време проаѓаат? Знам дека сами си проаѓаат и не се третираат...
Рилакс сите сме успаничени со прво дете. Мене да не ме слушаш какви прашања поставувам... ќе си речаат оваа е тоталка отидена
Ооо добри 2 недели мислам си ги носеше, ептен беше жална за гледање. Не го вади бебуш директно на сонце, повеќе ќе зацрвенат. А и плус сега од жешкото се иритираат Едит: гледај допирање и бацување по лице на минимум да сведете додека да поминат.
Бебка моја предвреме родена, трета недела сме.... до вчера си какаше по 6 пати....денес нема ништо од каки....само 2 пати мочкаше, зашто?
I mojata imase vo bolnicata. Samo crveni, negde i kako so gnoj. Tamu i gi tretiraa so Jod. Koga dojdov me doma isto staviv 2,3 pati i Sega e čista
Бебе ми има 1+, последниве два дена не ми е какана, зам дека може и до 10дена, ама сепак чудно ми падна, досега по 3-4 пати какаше во ден. И денес на двапати заприметив гасовите и имаа непријатен мирис... нормално е?
Ако даваш + чај да речиме заради тоа има и непријатен мирис. Како ќе почнуваш да внесуваш + од адаптирано или мајчино нормално е да ја смени и миризбата и бојата. А за какање не се секирај еве ја исто сега со апчињава што ги пијам и помагаат скоро секој ден кака
Мојава си спие на страна, сама се врти. Јас ја ставам на грб, ама на почетокот имаше многу грчеви и толку преташе со нозе што се научи да се врти на страна. Мислам дека препораките за спиење на грб се највеќе за да се одбегне СИДС, а штом детето само се врти, мислам дека е Ок да си спие така