Прета со нозе се тегне со главата си мести рачињата ама газето ако не му го потсвртам неможе сам и се буни Еве го наместив и одма заспа
Кога се роди јас само на страна го оставав да спие оти многу повраќаше и ми беше страв да не се угуши. Само му ги сменува страните за да не му се плеска главчето.
Еве ги се надевам ги има Македонија оти баш ми помогнаа се пијаат пред спиење 1-2 Макс 3 ден јас сега забележав дека ако ги испијам пред последното цицање наредниот ден кака ако ги испијам по цицање не е покакана. На природна база се и можиш да ги пијаш додека цица
Фала ти многу, ми помогна и физиолошкиот раствор но добро е да се знае и ова во случај за следен пат.Ќе запамтам за синомарин.
Бебе има 3 медеци и еве неколку дена кога кака на пелената има слуз најверојатно се вика тоа како лигаво што се тегне. Каката е златно жолта меѓутоа слузот е зеленкаст. Од што може вака? Инаку она имагрчеви и ја боли мешето.. ќе спомнам на педијатар сега на следен преглед ама фа не знАете од што се јавува тоа?
Мами како ги заспивате бебките од месец ипол два? Мојата лепотица или во раце заспива или на цице. Ако ја оставам во креветче и ја нишкам шанси нема да заспие, си ја цуца цуцлата и си прета со раце нозе, гледа лево десно расположена 100ка у раце понишкај ја 5 минути кома транс
Јас ја ставам мојава во креветчето, раката или и ја ставам на стомачето или ја галам по главчето и "пеам" тивко ммммм или шшшшш, кај нас успева мммм и шшшшш за заспивање иако мм вика аман незнам ја како заспива тоа дете така, мене уши ме болат кога те слушам
Мојата ако и стаам рака на меше мисли или дека ќе ја кренам или дека ќе си игри уште толку се размрдува А и јас шшшшкам и мм вика кокошки да не бркаш?
Заспива на цице ама ми се има случено да се најади да се разбуди оти задремува на цице и јас заминувам дневна се враќам она спие. Ќе смени мајка без грижи ако не цице не бега па после шише со млекце хахаха
Душекот ние го купивме, помагаше. Ама, шефот почна да се врти ко сказалки на саат и паѓаше од него, па го баталив. Можиш да пробаш душечето на креветчето од страната на главчето да му ставиш сролани крпи, чаршафи, шо било за да е косо и така да спие. Ако ти се лизга надолу, замотана крпа ќе и ставиш околу газето до под рачињата.
Не е воопшто страшно ако бебињата заспиваат на цице. Не го гледам тоа како проблем. Малово знае и без цице да заспие, големата ни за жива глава не сакаше. Си викав како ли ќе заспие ова дете кога ќе тргнам на работа или после одбивање? И ако ви се верува поминавме прелесно. Знае нема цицка ме гушкаше и веднаш заспиваше. Сега е голема женска, има 4 год и си спие во своја соба. Зборов ми е дека можеби ви се чини напорно, но според мене нема ништо страшно во заспивање со цице
Ова мое бебе никако не сака да биде покриено, колку пати и да ја покривам толку пати се открива, а спие само по боди на кратки.Во соба исто не е претопло, околу 25 степени.Се плашам да не настине.Не знам дали да ја ставам во вреќичка (летна) или само повеќе склет ќе и направам?Како спијат вашите бебенца?