Леле пресладок машала И мојата така, кога ќе е расположена за слика ќе ви пратам Баш и педијатарот ми вика многу е цврста, знам реков, клоца, прета, во креветчето само се поместува од една на друга страна
Девојка е абе сама си ја дига главата си ја држи. И цело време си мрда си прета. И за бањање кога ја потураме со исправена глава седи ѕверка уште од мала
Фала ти,тоа ме интересираше дали се повеќето такви на почетокот...и јас така очекувам дека како растат почнува да ги интересира и околината и нема да плаче само за циц ,само они да се добро
Леле ама е слаткаа Скроз исто и мојот се крева и ме гледа во очи. Глава си ја држи од месец ипол некаде. На педијатар прашав, вика супер е, цврсто бебе, силен е.
Може да плачи и сега за на цицка, ама не не како на почеток. На почеток леле само на цицка и спиеше, по цел ден исто. Нека си цица и нека расти Сега веќе стои по сат, сат ипол буден.
Леле будала па јас Калина беше ја паметам Се збунив, i'm sorry. А за бањањето исто хахаха, и велам наведни си ја главата ќе те удрам кога потурам со вода
Аи злато најубаво. Ич да не се секираш иста беше уште ептен мала(сега ко кизнај колкава да е 3м е хаха) си ја држеше главата така. Сега брате мили нема застанување цврсти бебиња се
После 3 месеци како им давате на бебињата ? Јас до сега и давам D3+K1 и DHA omega на Bebytol .. после 3 месеци се менува?
За две недели одиме на одмор, ќе седиме 10тина дена, е сега се двоумам дали да купам крема за сончање за бебе…. Ќе биде тогаш 4+++…. Доколку купувам ќе купам мустела ама не знам, дали сте мачкале бебиња на оваа возраст со фактор?
Ние до 3 месеци ги пиевме д3+к1, ДХА омега ни ги препишаа после 1 месец а пливит д3 после 3 месец. Моментално сме 7 месеци и уште ги пиеме дха омега и пливит Д3
Ќе видиш на самите креми од колкава возраст се препорачува да се користат, јас имам користено уште од 3 месеци на Нивеа.