Мене од работа ми пријавија во социјално и им реков и за бројот да прашаат, па добија одговор на маил.
Пуфлево изгледа навикнува да спие на мене. Станува се потешко да го заспијам во креветче. Кенка, плаче во креветче, а штом го земам да лежи кај мене на гради, си се мести и кома. Штом го тргнам иста приказна. Некој совет?
Камо моево да заспива така... не спиеме ние. Грчњеви не згазија ни во рака, ни во креветче... никако не ја бива..
Како му е убаво-така. Сега е најважно да напредува, да спие и да полни пелени. Вчера излегло од тебе, сака близина, сака топлина, сака да осети познат мирис, глас.. Има време за воведување ред. Тек таму од 3 месеци ќе можеш да почнеш да го учиш да спие во свое креветче. Сега е џабе, само ќе се нервираш, а нема потреба. Јас будала, слушам од страна да не спиела со нас, ќе сме ја научеле така, ти зборат сите... И што направив, 2 недели не спиени, нит она, нит ние, уморни, нервозни, падна со килажа. Ќе ја учам јас и ќе му воведувам ред на бебе од недела дена. А тоа сиротко сака само топлина и близина. Еве ја сега на скоро 5 месеци си спие сама во нејзино креветче без проблем.
Фала. И мене ми го зборат тоа. Дури ми набиваат грижа на совест секој пат кога ќе заспие на мене или кога ќе го гушкам и нишкам, као е ќе видиш колку ќе ти биде тебе тешко после. Сега гледам дека е во прв скок во развој. Тоа било работата.
Јас пак од што спие на мене, мислам цела брунки од топлово се направи. Се потиме по цел ден, ја капам по 2 пати. Дали да го мачкам со нешто лицето или само ќе се исчисти? каде има такви подлоги со пијано?
И јас таа ќе ја земам после за поголемово. А за бебево што да земам, викендов ќе одиме до Изгрев, нема нормално на плажа да се сончаме, ама пак дали да ја мачкам со нешто?
И моето така сакаше да спие до кај месец. Се менуваваме со татко му. Сега 2 месеци има, не сака да смисли да спие на нас. Турка,се нервира.Значи се е минливо. Јас уживав дури ми спиеше така Во креветче го легнував само навечер кога е ептен цврсто заспан. Дење со нас,на нас или да лежиме заедно со него. Дури е мирно уживај, прави како ви одговара вас.
Moeto od sam start spie i denje i nokje u krevetce i cat pat na spalna ja stavam, so mene ednas dva pati dali ima spieno
И ние на почеток ја држевме да спие или у корпата од количката, тоа како куќа и беше . Пола спиење у раце пола у корпата,во креветче никако не можев да ја ставам се будеше брзо и немирно спиеше. Околу 3 месеци решив дека е доста спиење во корпа и раце и ја ставив у креветчето, се помачивме една недела и после си се навикна. Почнува да им се намалува рефлексот кога ги шират рацете тогаш и веќе успеваат да спијат убаво во креветче. Сега е 4 и мирно си спие во креветчето.
Да си правите како ви одговара. И ја се расправам со мм и мајка ми дека сум го научила бебе (2 месеци) да заспива само во раце. Демек коа ќе пораснела потешка ќе била. Викам глејте си работа, ако треба цел живот у раце ќе си ја заспивам мали се уште, сакаат топлина, мајкичка. Секако еден ден ќе пораснат и ќе бегаат од нас
Еве ме пак...гледам сите се околу тоа пишуваме,ама некако сум загрижена.Месец и 10 дена ми е беби и задњиве денови апла по цели денови е со мене кога цица,кога дреме...сама легната ретко,кај татко и во раце 15 мин.преку сила.Во разговор со други викаат ако јаде,пуни пелени и е весела ок е....како да е весела?Малецка е што да и направам за да е весела?Стварно незз дали нешто не и чини или е период кој треба да помине ?
Мамич опушти се, премногу е малечка, си го сака мирисот на мама, твојата топлина. Тука се чувствува најсигурно и мислам дека тоа е нормално. Од ден на ден растат и се сменуваат, чувствувам дека за многу брзо време ние ќе бараме да ни спијат в раце. Затоа да го искористиме секој миг. ❤️
Оф фала ти дај Боже да е така...мене не ми е тешко можам по цел ден со неа ..ама од страна коа ќе ми кажат баба ги успивала,татко ги успивал си викам јас да не згрешив нешто,ама како да ја успива маж ми кога со цицање заспива?! Денес баш искризирав
Големата до 11 месеци шанса немаше друг да ја успие. Тргнав на работа, па кога знаеше дека не сум дома ќе заспиеше со баба и некако,дека она ја чуваше. Малово 3ипол месеци скоро, освен со мене со друг нема заспиено. Се знае дека на бебе од месец дена најпотребна му е топлината на мајката.
Vo ovie topli denovi koja e temperaturata vo sobata kade sto e novorodenceto ? Na kolku pustate klima ured?
Секое бебе си е башка приказна. Мислам дека е најпаметно да не бараме проблеми кај што ги нема. Добро е дури спие мама. Ние моментално сме во трет скок и како и вториот, спие само кај мене в раце. Претходниот скок навечер спиеше со нас на спална, ама овој не, не сака никаде освен кај мене. Еве 3 по полноќ, тој ми спие в раце, јас дремам на форум оти не можам да спијам вака со него. Ама до кога ќе е вака? Недела? Месец, година, три години? После јас ќе го молам да спие со мене. Ве гушкам. Ако не се лажам, идеална температура за новороденче е ~23°С. Ама сигурно нема дома да држиш 23°, а надвор е 40°. Јас штом температурата во собата надминува 27°, веќе пуштам клима. Од кога се почнати жештиниве, преку ден постојано работи климата во дневна додека бебе е в спална (отворени врати за да лади и таму), а кога е в дневна наместо на ладење ја подесувам климата на вентилација за да го врти ладниот воздух, а навечер се отворени сите прозорци и врати буквално, демек за промаја.