Мамички денеска сме 3 недели, на вашите бебиња на таа возраст колку млеко им дававте? Ние пиеме 90мл на секои 3-4 саати ама мислам дека не и е доволно, а на кутијата пишува дека од втора до четврта недела треба да пие по 90 па потоа да се зголеми.
Не гледај кутија следи бебе...кутијата ти се само насоки...моето на 3 недели пиеше по 50-60 мл мајчино млеко, а се префрливме на ад во шестата недела и тогаш почна да пие по 90 мл а твоево веќе на 3 недели тоа го прави....ако полни пелени, не е нерасположено и не ти изгледа гладно, тогаш му одговара распоредот
Супер си напредувало бебето, продолжи до доење. Со овие педијатри човек да не знае што да прави. Мене па ме пукнаа дебело било, многу напредувало. Да не беше форумов и искуствата од тука немаше да знам дека тоа е нормално.
Moeto e rodeno 3500, sea na posledno merenje isto 3.5 meseci negde 6480...use mi rece na sala debelo bebe....uzivaj i smeni pedijatar
Со која програма ги перете алиштата на малите.Кај мене на машината за перење опцијата baby care функционира само на 60 степени и дали ставате омекнувач и каков?
Моето е 3ипол месеци и е 7.700. Роден е 3450. Првите 2 месеци качи по 1600. Третиот некаде 900 гр, сега за пола месец 300 и нешто грама. Што значи помалку качува, си се регулира тежината.
Pa ko ke podrazmislam i se peram na 60...osven delovite od kolicka,transporter,relaksator. Neam baby program go koristam toj za ves sto mi e na 60 plus plaknenje pustam dopolnitelno. Posle vo susara. Od prv den stavam frosch baby omeknuvac.
Перам на 40 со стандардна програма со плус плакнење, со персил прашак сензитив, без омекнувач. перев и со тоа baby програмот ама траеше многу долго и се откажав.
Јас перам се нејзино на quick wash 30 степени, не се кој знае колку валкани па да ги вријам, здравје кога ќе почне да јаде каши лом ќе се праиме па тогаш ќе вриеме, користам омекнувач до сега на бекутан сум пробала, виолета и еве сега чико… течен детергент персил
И моето по толку напредува. Се роди 2520гр. а сега на 2 месеци има 5500гр. Цица без ред. На пола час, на еден час, на 2,3часа. Како ќе му текне. Некогаш цица интензивно и за кратко време, а некогаш стои и до 45мин. Цица па одмора, па цица пак хаха... Почнува да ми здосадува ова висењето на града, ама добро напредува па не сменувам ништо.
Па нема некој ред. Кога сака цица. На почеток висеше на цицка цело време. Сега приметувам дека ги оретчува подоите. Не се водам по правила, ги следам неговите потреби и мојот инстикт.
Здраво, на малечката веќе некое време кај вратчето од едната страна и под вилицата (највероватно иротација од облеката + топло) и се појави црвенило (кое понекогаш е попратено со течност)кое мислам дека ќе премине и во ранички затоа што незнам веќе како да и помогнам. Ја мачкав со крем од Мустела, павловичева, пудра на Бекутан меѓутоа некако како да нема ефект. Можеби малку и се потсмири од пудрата меѓутоа незначително. Некој со сличен проблем и решение?
Пробај со нишесте, ставај и неколку пати дневно во тек на 3-4 дена. После капење убаво со чиста тетра пребришувај.
Убаво бриши ја по бањање и некое кремче со цинк ставај и,јас користам на бекутан и ми помага за брунчиња и иритирани места,дури и на пеленска регија по предлог на доктор престанав со павловичева(барем летово) и мачкам со ова кремче.
Чистење со вода и после тоа убаво бришење - најлесно ми беше да ја ставам на меше, она дигаше глава нагоре и таман можев убаво да исушам, инаку додека беше на грб не сакапе глава да крене за да ја избришам. Пудрата на Бекутан ја ставав 2 пати во текот на денот, плус навечер после бањање.