Epa toa si e tvoja i na soprugot odluka,kako ke si resite taka. Moi rodnini na primer majkata spie so ednoto tatkoto so drugoto dete 3 i 5 godisni se....taka si sakaat nema problem tuka
Ете можело и така ,не се сите исти што да кажам,мојава има лесен сон ни цуцла ни креветче не сака моментално...само да се живи и здрави ,друго не е важно.
Добро?! Одлични сте мами. Ние утре 2 месеци, пред една недела бевме на контрола 4240г тежи а се роди 3130г. Никој нит ми рече дохрана ни ништо. Баш и не пофали докторката. И вие сте си супер. Терај си само доење и никој да не слушаш. И аман веќе кога нашиве педијатри ќе научат дека доено бебе не качува килажа линеарно! У исто школо ли одат сите, стварно не разбирам
@Naatashka123 одлични сте! Тоа значи дека на ден качува по 35гр,а од 25 до 30 е просек. @KonstantinaM околината не ја слушај, понекогаш луѓево зборуваат колку да се каже нешто само. Ако детето не спие до мајката до кој треба да спие ? Ако детето не слегува од рацете нејзини во чии раце треба да е ? Ако не се дели од неа ,од кој треба ? Од комшиите ?? Чудни се значи... затоа сум мајка за бебето да е со мене. Ќе дојде време кога самото ќе сака да е одделено и тогаш претешко ќе ми е ама и тоа е период од животот. Нека се само живи и здрави и ич не слушај. И јас за првото бебе слушав на сите страни такви коментари, не учи го во раце, не учи го до тебе да спие, не учи го во тишина.. ма немој ,моја брига си е и јас ќе го држам не вие... прост народ.
Моето е 2месеци, спие во креветче, залепено до мојата страна на креветот. Кога го земам за доење, некогаш го враќам некогаш не.Ако е цврсто успан го враќам, ако не го оставам. Многу пати знае ноќе да цимоли, јас успана мислам му се јади, тој си спие. Сака да биди до нас. Го легнувам до мене и си спие без проблем. Леле со тие коментари од страна, досадни се. Тие да не ги оставале сами бебињата. И ние спиевме со родителите до одредена возраст, па без проблем се преместивме после во друга соба. Малечки се потребна им е љубов, топлина. Прави си како ви е убаво вас,остај другите. Ако не сака да спие во креветче и плачи, не ќе дојди некој друг да го смири.
Тоа е најбитно. И како сакаш ти така да си правиш, никој да не слушаш. Океј ајде нека дадат совет, ама ако сакаш до тебе, до тебе нека си спие. Твое дете нормално Уште кога ми рече ај по еднаш, двапати во ден давај и... и ај првите два дена ја послушав али и повеќе и давав дохрана зашто ми повраќа многу, и мислев да не не и е доволно. И после си реков чим повраќа значи вишок е оти моето е лакомо газе, само на цицка е и незнај колку и е доста И така си продолживме и еве само на доење сме па супер е. 35гр качува во ден, а исто толку и повраќа
Земав и јас летна вреќичка, ама мислам уште пи жешко ќе и биде.Да подзалади малку па ќе пробам да ја ставам и јас И јас ја оставам, подобро така да спие отколку да се буди.Барем знам дека не е само мојата таква склетчика Леле ама убави ноџињаЗначи исти ни се бебињата да не се секирам, нема да настинат. Фала ви девојки на одговорите, секогаш ми олеснува кога ќе пишам тука, само што понекогаш бебе не ми дава да одговорам веднаш и затоа каснам
Да те корегирам, мене педијатарот ми кажа од 20-30г е нормален просек Абе глупости, една ко ниедна дохрана ама ајде. Таа една дохрана апсолутно ништо не менува ама кој да им објасни
Баш прост народ. Значи многу се нервирам од такви коментари. Абе што те интересира еве 5 месеци сама го порастев в раце. Живи и здрави сме ништо не ни фали. Ниту ти го дадов тебе да ми го држеш ниту да ми го растеш.
Првото воопшто не го научив во креветче, јас остави го тоа плаче. Земи го на спална со мене, смирено е. Не се ни потрудив. 5 год заедно спиевме, во седечка положба, во искривена, абе во секаква сум “спиела” и не ми смета. Сега откако се роди бебе, сам во соба спие, не ми направи проблем од прв ден. Ми фали сега тоа гушкање, тоа дете, како да го оставив сам на цедило, како да го изневерив се чувствувам некогаш. Навечер набрзина го спремам за спиење, го легнувам само, за да заспие сам, ноќ си викаме, бакнеж и бегам во спална бебе да заспијам. Зар ќе ме бара цел живот да спијам со него? Не. Затоа си спиев, и не ми е криво. Да, имав непроспиени милион ноќи, но моето драгоцено време со детето си го поминав на начин јас како што сум одлучила. А, од типот, аман бе уште со тебе спие/леле не спие сам во детска? итн. реагирам само со една насмевка и не се објаснувам!
@Lili4e @Girl 20 Фала ви ,затоа побарав совет,мислење од поискусни,сепак сум нова во ова и викам да не грешам нешто
На колку сакаш. Зависи од возрастс доколку го бањате добат спф, шеширче, има и купаќи со заштита од ув. Сега бевме имаше бебче од 2 месеца ми се чини, го бањаа во морето ама многу плачеше дали 3 мин го држеа. Потоа под чадор, се оди од сабајле и поручек. Избегнувај најжешкото сонце од 12-5. многу течности, моето е 9 месеци, и нудев вода нонстоп.
Ние бевме на 2 месеци на море, ама не го изложувавме на сонце, ниту пак го бањавме. Си спиеше бебче цел ден на плажа во количка, уживанција и него и нас
А мачкавте со фактор?И ние здравје на крај на месец сакаме до Маврово да одиме,ќе има 2 месеца,дали да ја мачкам за прошетка?!
Количката е со УВ заштита и гледавме да е секогаш под сенка, инаку толку мало не смее да се мачка со фактор
Со 2 полни месеци може да се патува со бебе. Ќе внимаваш да не изгори, да не добие сончаница (главчето да му е заштитено) и да не дехидрира. Лекови ќе си носиш за не дај Боже и би било одлично на местото каде што ќе одите да има амбуланта.