Ако е со натриум помалку од 2мг на 100мл вода, не превривам. Шишето од водата го чувам во фрижидер додека го дотрошам. А водата во шишенцето од беба, го полнам 50тина мл пред излегување, после излегување ја истурам. Не знам дали е правилно, не сум се консултирала со педијатар, на своја рака го правам тоа.
Мамички после колку часа од земање на аналгетик можам да го дојдам бебче? Имам ужасна болка, целиот заб ми е потечен, не ми помогнаа 2 парацетамола па се напив кафетин. Имам пиено и кога бев во болница после пораѓајот ама сега прочитав дека не се препорачувал при доење па шубе ми е да го најдојам бебче
I mene mi dadoa kafetin vo bolnica i po toa svativ deka nema problem so doenje. Koga sum piela ne sum pazela posle odredeno vreme da dojam. Koga mu trebalo na bebce togas
А по колку смее на ден да се пие? Пошто имам јака болка не ми помина од еден па после 8 часа се напив пак. Ми кажаа ако не ми помине и антибиотик ќе треба да земам
Мамички мене ми препишаа амоксиклав антибиотик за отокот на забот. Ми вика матичната дека е безбеден при доење но мене ми е страв па се мислам дали да се измолзувам додека сум на терапија а бебче само на ад. Пиела ли некоја да сподели искуство? Бебето ми е 2+ месеци. @Pacient srna незнаев дека е и тој безбеден, но ќе пробам и со него во комбинација со антибиотикот
Утрово бевме со бебче на тераса. Пред половина час си влеговме дома и таа си заспа. Сега ја гледам кај десното уво ми е малку црвена, како да ја има каснато нешто... Смеам со нешто да ја мачкам?
Има ли шанси бебе од 1 месец да има затнато носе? Кога спие чудно ми дише, како носето да е затнато, а вака кога ќе погледнам чисто е носето. Чаре?
Има. На мојата и се прават мрсулчиња и чудно дише додека не и ги извадам. Пробај или со аспиратор или со стапче за уши да и ги извадиш.
Капки за нос му ставам синомарин излегоја најефикасни и чекам малку да се омекне и после со аспираторче или со чепкалка за уши онака нежно го чистам Некогаш знае и да кивне и сам да го исфрли
Да, скоро преку еден ден и го чистам. Кога видам потешко дека дише и ставам раствор Бекутан и потоа знае сама да кивне и да ги исфрли мрсулчињата, а ако неможе сама јас и ги чистам полека со чепкалка за уши.
Да и моето кога беше бебе му беше затнато. Уште се чисти, јас ставав физиолошки раствор и сама да кивне или со аспираторче тегнев нежно.
Мамички веќе неколку дена вратчето и е исфрлено. Дали е од топлото и што се поти? Има и на образот и накај ушето и малку по стомачето. Ако успеам на прикачам сликата ќе пратам.