Не ништо не сменивме, не сме почнати со исхрана сеуште. Бев на педијатар ми рече некој стомачен вирус не било ништо опасно, само да земам пробиотик ваја Инаку го имам nose frida. Ама доктор ми кажа да не влечам со тоа ако е длабоко секретот. Само физиолошки пред доење и ќе си го извади само. Зашто пред 2 недели и моево беше затнато во носето ама сега е подобро само со фииолошки поминавме.
Мајки ние пак сме предупредени дека многу напредува бебето. Од друга докторка добивме реакција дека ова е многу килажа, да го носиме некаде на специјалист да се проверат и други работи, да не има некој проблем. Бебе родено 2520гр, сега има 2++ месеци и 6450гр. Јас стварно немам ум што да правам и кај да го носам. Крв, шеќер повторно проверено,се супер. Бебе весело, полни пелени редовно. Само на доење, немам никогаш дадено ни вода ни чај. Го дојам кога сака и колку сака. Првиот пат ајде добро, ама сега втора реакција од предијатар за тежината и стварно се загрижив. Што ме советувате да правам и кај да го носам?
За подетални испитувања за бебиња/деца специјалисти има на детска клиника во клинички центар, но зашто тој педијатар не те упати таму каде што треба кога веќе советува така ? Ова што качило повеќе тежина од просекот не мора ништо да значи, но ако ти е мисла оди на детска клиника, сепак упат ти треба од матичен педијатар.
Само кажува да се испита детално се, не упатува каде. Ајде ќе барам упат од матичен, ептен се загрижив што 2 пати исто мислење кажуваат.
Моето кога качи 1,300 за еден месец и мене ме испокараа многу било.. па ми спомна нешто може од BabyVit витамините што ги давам да била причината штом барала толку храна. Сепак совет барај си од матичен педијатар на бебето и ако треба нека те упати на право место.
Првото синче првите 2-3 месеци качуваше по 1 500гр месечно па се е во ред. Знам дека си од Битола, кој ти е матичен педијатар?
Да не слушаш ништо. На другарка ми бебуш на 3 месеци имаше 8 кила. Исто само на доење беа. И неа вака и збореа она никого не послуша си доеше кога и колку бебе сака. Па еве го сега си е нормално детенце со просечна килажа. Таа ако ти вика да се испита нека каже што и каде!
Не ми спомнаа за витамините, само да дојам на 3сати. Како јас да знам дека испил доволно, како да го чувам гладен незнам. Матичната мисли исто ама не не праќа никаде на испитување. Незнам што е ова. Не е во ред и толку, супер крвна слика и шеќер - ахам добро коментар и толку. Матична му е Александра во Систина што има ординација. Прво таа го искоментира ова, после докторката во советувалиште. За 2дена ќе го носам во Плодност, да слушнам и нивно мислење, па ако и тие мислат исто ќе го носам некаде на испитување. И со него е со во ред. Тој е супер. Крвна слика супер, расположен, кака 1-2 пати денот... Немам забележано вака дека нешто не е во ред. Незнам зошто вака ме плашат искрено. Кај нас нај интересно е што од раѓање од сите педијатри имав притисок да давам задолжително ад, дека со мала родилна тежина беше. Јас имав многу млеко и сама решив да не давам. Па да давав ад 10кг ќе беше до сега. Јас за да не го мислам би направила испитувања ама не ме упатуваат никаде.
Јас физиолошки ставив во празно шишенце од ваја капките и на тој начин и капнувам,аспираторче имам "носко" со правосмукалка што влече денес прв пат пробавме и стварно излезе секрет,а инаку нема ништо видливо мрсулче а кркореше.Ги имам и овие на синомарин лесни се за ставање.
Повели со се упатство,практично е и јас се изненадив и беби не плачеше,а баш мислев дека ќе е страшно ,не мора ни да го брцкаш многу во носето доволно е во близина да се стави на почеток дур се уходаш. https://www.apotekaonline.rs/nosko-plasticni-cistac-nosnih-supljina
На иста возраст како вас бевме 7.430гр, само на доење, сега на 6+ сме 11.200гр,не сме МК, досега ниту еднаш не ми пререкле за тежината, секое дете качува килажа различно, првите месеци качуваше по 1.600гр сега кога е по активна и поголема едвај 600гр, се си е нормално мајка немој да се секираш неможе да му штети мајчиното млеко, сама си го знаеш детето, следи мајчински инстинкт.
Па засега напредува истото како твоето по 1600гр. Тука да бевте исто како нас само за тежината ќе се зборуваше
За тие во советувалиште немам коментар, не земам јас нивни коментари здраво за готово. Другава докторка требало да те упати што да испиташ кога веќе ти копа во психата. Оди си на друго мислење ама ти кажав, не мислам дека има проблем. Особено ако бебето ти е мирно и не многу активно (мојот таков беше првиот), премногу напредувше па никому ништо. Почна да движи повеќе и со тек на време и да добива помалку на килажа. Ова второто ми е многу активно, само мрда само клоца, прета, понервозно бебе е, цица дупло почесто од првото, а послабо напредува. Сите се различни, ќе видиш дека после трет месец помалку килажа ќе добива и се ќе си биди во ред. А за да не те јади црвот барај си и друго мислење секако.
Премирен е од раѓање. Немаше ни грчеви. Освен за крв дури му земаам го немам слушнато како плачи. Кенка и толку. Да ќе го носам Плодност, ако и таму кажат исто, ќе испитуваме после..
Некои доктори се бог да чува значи. Кога прочитав @Oneo што напиша истото и се случи и на снаата кога ја однесе бебушка на систематски преглед. Беба беше 9м (сега е 10м) тогаш тежеше околу 10кг. Докторката и вика аууу многу килажа е тоа за таа возраст, замислете и рече да и намали на исхрана(инаку има 2 оброка и скоро па и да не ги јаде секогаш, ама си цица уште), и рече плус да ја тера да биди повеќе активна, на под да ја остава, а оваа нашава не застанува 2 секунди, лази, се исправа буквално целоо време е активна освен кога спие. Ја кога ја гледам ми доаѓа да ја изедам како крофничка ми е. Башш е дада на моето бебе Душо ти најдобро си го знаеш детето, а и ете се е во ред, дои си таму и свиркај си. Сите деца се различни и различно напредуваат.
Мене ми кажаа да намалам подои. Да дојам според сат,на 3часа, а не на барање на бебето. Затоа било вака дебелко. Ми нема смислам. Прашувам а што да му правам јас на тоа бебе ако плачи за јадење, да го чувам гладно? Да ми вика, ќе го заигруваш, ќе му пееш, ќе се навикне со тек на време да биди доено на 3часа Сега според двете докторки јас треба бебето гладно да го чувам, да напредува помалце, затоа што не е како другите деца. И овај е буцко, имам објавено слики тука, види го хахаха.. И плус скоро сите во фамилија сме со вишок кг. Фамилија буцковци сме Ќе го носам на друго мислење само за да си ја смирам психата, да не го мислам. Ептен ме загрижија овие двете, истиот муабет скроз ми го кажаа.
Zdravo Nie sme 5 dena Dali e vo red da spie na 3h i si cica na dvete gradi ubavo 15 minuti na edna 15 minuti na druga Probuvam da go budam na pomalce sati ama ovoj ritam go ima uste vo bolnica Ve molam za iskustvo dali e vo red da spie po 3h A pelenki navodeneti kakani redovno