^ Не не, ме збуни тоа со Бебивит-от.....а зошто и` даваш додатоци како ова од толку мала? Мислам дека нема потреба....откажи ги овие хемии, држи го бебето што поприродно, ако сакаш давај и` само витамин Ц, ако сметаш дека и` треба за имунитет. А бебето и ќе бљуцка, и ќе повраќа од време на време, и носот ќе му фрчи, и се` друго што може да ви текни. Само без паники, следете го, пробајте да утврдите што му смета, а што одговара, набргу самото ќе ви ги „покаже“ одговорите, верувајте И најважно - следете го мајчинскиот инстикт!
Меу, тука на малцеки бебиња не даваат ништо. И мојов се мачеше со шлајмови, ама со аспираторчето ни помогна, а за грцето му ставав мајчино млеко во носето неколку пати и за ден два се среди и немаме веќе мака. Пробај, нема што да изгубиш. И само мајчино млеко дој ја малата, упорно иако е тешко и напорно и се мачи ама маката некој ден ќе е само, верувај. После ќе е многу полесно.
јас имам едно прашање докторката ми препорача да му дадам шекер и вода за запекот на син ми е сеа нз како дали цело време да се вари шекерот со водата или да зоврие водата па потоа да се додае шекерот и да се меша.позз
Бебивитот ми го препорачаа од родилиште Чаир и го давам ,а не може да повраќа по секој оброк се што изело значи повратена маса од 20 мл иповеќе и повторно да бара желудникот да крчи да го слушам и за тоа да не се засекирам .Денес сме добри не затоа што случајно се смири туку затоа што почнавме еспумисан капки па се смири желудникот
Мамички дали откако се породивте продолживте да пиете витамини исто како во бременоста? Јас конкретно пиев мамавит, прекинав откако се породив, ама еве по 3 месеци гледам дека косата премногу ми паѓа, забите ми се многу осетливи... и се мислам да продолжам да ги пијам. Јадам овошје, пијам течности, но изгледа не е доволно.
Значи да појаснам за бебевитот дека е безбеден за бебиња од о+ месеци дел од составот е Битамин А,Д,Е,Ц,Б1,Б2,Б6.Б12,фолна киселина и се наменети за да обезбедат широк распон на витамини поради недоволен внес на хранливи материи како и подобрување на имунолошкиот систем . Јас иако поради ситуацијава во која се наоѓам ги земав и му ги давам на моево бебе овие капки ,не би ги препорачала во ситуации каде би се користеле како превентива ,бидејки на тој начин не му дозволуваме на организмот на бебето да се бори со бактерии и настинки ,а со тоа го правиме се поранливо и поболежливо ,е сега кај нас е друго се насети кашлање со поголем интензитет а и крвната слика си го покажа своето. Затоа доколку се сомневате дека нешто не е во ред со вашето бебе советувајте се со лекар направете крвна слика и после одлучете што и како ќе преземете. Жално е што несинхронизираноста на нашите лекари(матични др,педијатри,ортопеди) доведува до сомнеж и недоумица кој и како да се послуша во врска на лекувањето на нашето дете па на крај се се сведува до лична интуиција на мајката ,зборувам гледано и доживеано од моја перспектива.
jas na moeto malecko koga i e zatnato noseto i spricam sprej akva maris i i davam da pie poveke caj i voda pa ke si go povrati slaemot ili iskaka a za tvrda stolica isto poveke tecnosti caj voda
Пиј си ги бе Били. И јас ги пиев за време, а и по бременоста, па да не се заречам, немам никакви проблеми. А и крвната слика ми беше супер, така да, само напред.
И кај мене беше случајот со косата ист, а и забите многу ме болеа, на ладно, на благо.. Пред 20дена почнав повторно со Прегназон и шумачи калциум, ситуацијата е далеку подобра, односно одлична. Организмот за време на доење е подеднакво осетлив како и за време на бременост. Повторно детето си зима скоро се од нас, затоа и ни се потребни дополнителни витамини.
Мене исто ми паѓаше многу коса , невидено многу ама еве после неколку месеци се среди .. Витамните ги пиев и додека доев , штета ми останаа многу недопиени .. Него ова мое дете навечер само се буди , легнува кај 19-30 ке преспие до 01ч и после се буди , ја наоѓам свртена на стомаче ..а обично спие на грб и ја вртам на страна и ја тапкам по газето и така заспива , ама после 1 час ете ја пак е будна и така цела ноќ , ако и дадам млеко ке спие 3 часа . Незнам веќе што да праам . жива ненаспана сум
Не нема забче А и како што гледам нема ни брзо да и излезе некое освен ако не изненади некое некогаш ја преспива цела ноќ .сега се почесто се буди се мислам да не ја легнувам многу рано , ама па од бебе си легнува во исто време до 20ч мора у кревет да е .. се надевам дека пак ке преспива цела ноќ ..и ја еднаш да се наспијам ко човек
Јас мислам дека за брзо ќе ве изненади со запче, штом претходно преспивала цела ноќ, а сега ти се буди почесто
А зошто не ја легнеш покасно, не е веќе бебе. Јас мојата почнав во 23ч да ја легнувам и така ми спие до 9:30ч нормално со 3пати будење за да цица до тогаш. Ти можеш да ја легнеш еден час покасно, па да пробаш како ќе биде.
Синко мој нешто смени и претходно си ја преспивавме ноќта (со цицање нормално), а еве цела недела се буди околку 4, 4 и пол и до 7 не спие... Не сум му сменила ништо и ме чуди... Не е проблем некој, ама знаете дека сонот е важен и за мене и за доењето, и за бебето, но и за ќерка ми која бара занимации, а не дремлива мамичка
23:00 ти е доцна за толку мало бебе, особено бидејќи со спиењето се расте. Во периодот од 21:00 до полноќ најинтензивно се лачи СТХ - соматотропен хормон одговорен за растење. После тоа неговите количини се минимални, ако не грешам. Најкасно до 21:00 треба да ти спие. Син ми од мал си спиеше од 19:30-20:00 до утрото во 06:00, со едно до две будења за цицање. Сега околу 21:00 до кај 21:30 максимум е заспан. Вчера беше исклучок, заспа во 22:30 и многу лошо спиеше, како и секогаш кога ќе му биде нарушен редот од било која причина. МаченцеЕна, заспивај ја до 21:00 најкасно, не подоцна. Инаку, најверојатно заби се во прашање.
Јас на мојата сеуште и давам млеко навечер и тоа го испива цело шише .Пробав и да не давам ама три вечери без спиење останав,на 10 минути се будеше.Периодов кај мојата и интензивно и растат заби,па може и од тоа и е будењето,ама па по испиено 120мл млеко мене на гладна ми личи Знам дека правам грешка ,ама па морам некако да најдам начин и јас да поспијам некој саат ,по дома мене се ме чека,а и малава машала активна ми е многу .Пред спиење навечер ја најадувам убаво и плус млеко и давам и за најмногу 3,5-4 саати се буди гладна како волк.Јас вака ќе терам уште некое време ,па ако сама не свати дека треба да спие ќе мењам тактика,а и син ми ќе биде на распуст,па ќе можам да си дозволам плачење навечер
Уфф Аннатх, што е до мене би сакала уште во 20ч да заспива , но нема шанси. Ете вчера спиеше до 19:30ч се разбуди, јадеше, се пресоблековме, и сака да си игра, накај 21ч заспа , но само на пола саат Е после успеавме дури во 23ч да се заспиеме , да биде она ноќно спиење. Некогаш знае и до 01ч да сака да си игра, нема што не сум пробала но не заспива порано. Јас кога ќе дојде 21:30ч ја носам во спална , ноќната ламба свети, и секогаш е или само со мене или со татко и, да знае дека тоа е веќе време за спиење. Дури може да се случи да се утепа од плачење , ама да спие нема шанси. Ја нишкаме, на перница, во раце, по газе... ништо не ни успева, па ќе се измори и ќе заспие сама. А до пред тоа пак сме си играле, баш од причина да се измори демек пред спиење.