Женчиња едно прашање.... Цуцла во кој случај се дава на бебе? Има врска нешто со доењето, пример ако му даваш цуцла дали ќе се одвикне од доење или не? Ние малку цицаме, повеќе сме на ад, па се мислам дали да земам цуцла и каква?!
Цуцлата за бебе мое е пола мајка да си земиш и ич да не се мислиш Ако е гладно секако ке си бара да пие нема врска цуцлата со доењето Види пробај од тимме топпе или чико имаш разни
Кога плаче и е вознемирено, цуцлата може да го смири. Нема да се одбие од доење со цуцла, таа не пушта млеко, затоа се вика лажливка. Едноставно како анти стрес терапија му доаѓа. Јас прв пат му дадов на првиот преглед кога бевме кај педијатар, врескаше во ходникот и кога му ја дадов престана. Уште цуца (година и 8 месеци е). Планирам кога ќе ги извади сите заби да му ја тргнам. Инаку на почетокот авент користев, ама сега зошто ги губиме и менуваме често, на бејбилав земам. Ама се ќе цуца моево. Сите бебиња се различни..
Voopsto ne se slusa ama ima ventilatorce Svetlinata gi privlekuva a ventilatorot gi zarobuva da recam ))
Бебево од вчера околу устата и на образите има црвени мали мозолчиња. 3месеци има. Од што може да е? Да мачкам со нешто?
Мамички со што ги мачкате бебушките во вратчето. Моето многу се вцрвенува и често и млекото му се собира. Го мачкам по цело тело со атодерм на Биодерма но уште е црвено. Се мислам која крема да му ја земам за тој дел
Мене од жешкото ми се вцрвуваше, јас мачкав со павловичева и пантексол и и се смирува. Прво со туфер со вода натопен поминувам па мачкам.
Женски ние за 2 дена полниме 5 месеци,малава се превртува од грб на стомак цело време ама од стомак на грб уште не,вашите како се треба да се загрижам или да не ја форсирам,инаку спие само на стомак,никако на грб
Мојата почна на 5 и пол месеци да се врти од стомак на грб.Сега е 6 и кога ќе ја оставам на едно место ја наоѓам на сред соба .Со вртењето е како да лази, дига газе и е многу смешна. Мојата исто обожава на стомак ама ја вртам ради подобар проток на воздух.Се препорачува до една година да спие само на грб.
Јас ја потпирам странично на перница за да неможе да се сврти на стомак ама толку е упорна и пак некако се снаоѓа се врти и спие цело време на стомак,уф
Jas vo vreka ja stavam za da ne se vrti od grb na stomak uste ne moze tala da se svrti do koga ne znam
Здраво мајки,денес бевме на ортопед и тој ни кажа дека за бебиња најубаво е да се оставаат на под ,која подлога ја препорачувате?