И моето не сака тропалки. Одма ги фрла. Ама ова дека е меко и може да го гриза интресно му е, а изгледа дека е од природна гума и ги привлекува за да ги земат во уста
Цела е нафрлена од тоа што се пика во уста и може и раче и пелени и се се можно прсти наши значи што фати одма е во уста. Жива вода се прак цела 100 пати се пресоблекуваме и лигушка и ставам кога излегуваме... Јас зедов bibs не дека ја сака кизнај што сега си ја вади па пак си ја става со рачето.... Софии ни е најверна другарка од кога ја купив не е одделена од незе .... Искрено арно што ја зедов
Изгледа само мојов не ја сака Софи. На почетокот ја подглодуваше, сега и јас да му ја нудам, ја врти главата, не ја сака. Ама ако е некое џиџе шарено или тропка, ќе полета по него.
Жени ај помош… Бебето е уште малце 5 месеци, имаме проблем со бањање и мислам дека само моето бебе не сака да се бања… Од кога е родена а бањав на 3 дена, некогаш преку една ден зависи, нормално како мала рикаше, пискаше, после некое време почна да го сака бањањето, и пеев, се смееше, се супер па почнавме секој ден да се бањаме од кога фана летото. Од пред една недела бебето пиште при бањање, значи а ја легнам на мрежата одма почнува се мршти и со првото полевање на вода она почнува да плаче значи рика и плус рика со лигавење малце оти штом а фатам у рака и така да ја полевам не плаче. На мрежа ја бањам од раѓање, пред месец и купив како столче адаптер ич не го сака значи, и со крпа постелено да не е цврсто и ладно џабе, малце како тесно иде тоа, а ја седнев/легнев у него одма рикаше па ај пак на мрежата се вратиме и не плачеше неколку пати. Па фана веќе да натежнува на мрежа си викам ај да пробам да си леже на крпчиња под неа директ у корито не бре нема шанса, плаче, писка на макс… Пак на мрежа од после тоа и сега и на мрежата ми рика…бањањето трае една брза минута оти цела се вцрвува и не прекинува а тешка ми е да ја држам у рака оти сама а бањам. Водата не и е жешка значи, денес баш и поладна намерно ја направив и цртани и позадина шо ги сака и цуцла до нас се, џабеее пак ми пискаше… Шо може да е проблемот, цела недела ме полуде не можам на раат да ја избањам. Може ли да не сака вода детето? Или нешто да се има исплашено од шо и мењав при бањање? Нема шанса да ја имам изгорено со жешка вода или па да е мн ладна, секогаш е иста… Да сменам време на бањање преку ден да пробам? Освен мрежа и тој адаптерот што друго има и е згодно за лежење на бебењето при бањање? Едни мечиња гледав како сунѓери. Се изнапишав за едно бањање…
Епа тие сунѓерите ги имам видено и јас ама се мислам дека беа за помали бебиња... Сега брзо некој постираше такво у што последно купивме за бебе, пребарај некоја страна назад, да видиш големината...
Мама директ со тушот да пробаш? Ние сме немале досега проблем, ама во последно директно со тушот го капиме и е превозбуден, само се џари во него. Исто можиш да пробаш в раце кај тебе, двете директ под туш, ако ти фаќа умот.
Моето од прв ден сака бањање благодарение на свекрва ми. Она ми покажа како е најдобро и фрлив и мрежи и мечиња потпирачи. Коритце поткачено со перниче под него и едно пешкирче под глава на бебе. Обавезно му правам вежбички со ноџињата во водата, па со рачиеата, демек шлапка па ми се смеам и му зборам цело време. Бањањето трае кратко 2 мин максимум и после му правам масажа на цело тело со крем и ептен го обожава овој ритуал Види пробај може ќе успее. А од колку месеци гледаат цртани? Моево е 3 месеци и не сум го приметила дека гледа во ТВ нешто посебно
Ако ти кажам дека ќерка ми од како се роди до 2 години ја капевме в раце, мм држи јас поливам со вода. Одкако се роди модрееше од плачење на секое капење, па само ова ни беше спас. Сега со синко еднаш пробав, го ставив на мрежата и веднаш почна да плаче па одма се откажав. @IRBBB внимавајте со тушот да не го свртиш или да надојде потопол млаз, многу ми е страв мене да не го попарам бебе
Мојава има 7 месеци и уште ја бањам на вакво душече. Ако ја ставам без душече плаче. Ова го закачувам кај главата и газето и нозете и се во вода и не прска. Не треба да ја држиш никаде, нормално ќе бидеш покрај бебето. Полнето е со стиропор и лесно се суши.
Досега немало проблем, ама не па дека не можи да се случи беља. Ич не сум помислила, ама ќе имам на ум. Фала мама. ❤️
Зависи oд бебетo, првoтo знаеше да и привлече внимание тв, сега oва бебе истo има 3 месеци не е заинтересиранo.
И јас истото ја прашав докторката. Рече слободно да си се средиш, хидрогенот додека дојде до млекото ништо не останува. Као да не се плашам и онака му ставам на папочето хидроген демек ништо нема да се деси. Си се ишатирав и ништо не се деси
Мојава има 2 месеца,бевме на ортопед и он кажа дека може да се става и сега...најверојатно нема ограничувања,најубаво и најбезбедно било така за да има слобода на преткање и за убаво да се развива
Мајки денес примивме прва вакцина, и ни дадоја сируп во случај да крени температура Efferalgan. Ми кажаа според килажата да и дадам ако треба, си има и дозерка внатре. Е сега прашањето ми е бидејќи не разбрав, дали таа доза според килажата е за 24ч, бидејќи се давал на 6ч или таа доза според килажа е една доза што треба да ја испие Да не и дадам дупла доза ми е страв ... ох
Единачна доза е со дозерката. Не брзај само, може нема ни да крени температура, а и да крени до 38, па и 38,5 се толерира без антипиретик, само разладување.
Јас само во раце го бањам. На едната рака бебе со другата го бањам. Ама мојот е помал и кога е мм тука ми помага. Во корито малце ќе поседи и тоа само ако пеам иначе плачи. Освен во раце или заедно под туш незнам како поинаку. А и уште малце ќе почнува да седнува па можи ќе засака во коритце. Еднаш ми беше пуштен тв и се загледа како хипнотизиран, ама одма гасам, не го оставам да гледам. Мали се уште за тв.