Да, ама на 39 ќе ја намалува температурата, а на 36 ако ја намали хипотермија ќе направи. Индивидуално е, кој како мисли, така нека дава, секој го мисли најдоброто за своето дете. Јас лично сум против превентивно давање на антипиретик и антибиотик.
И мојава 1++ премногу малку спие преку ден, плаче и како нон стоп да е гладна а јадена е , на комб исхрана сме.. Во раце поспива едвај 1 час, долу да ја спуштиш во креветче и гнездо нема шанси... Се надевам фаза е, се изнамачивме и таа и јас. Утеха ми е што не сме единствени. Дај Боже да е фаза
Фаза е, ќе смени. И мојава беше таква тој период, наеднаш почна по многу да спие, дури навечер се чудам како не е гладна. Знае да врзи од 21-5h, со поголемиов не знаев што е спиење повеќе од 2h
Исти бевме и ние тој период. Денски малку спиење и само плачеше за цицање, а дотогаш цицала и повраќаше од што беше лакома. Незнаевме што да и правиме. Сега е 2++ и пак е денски разбудена али не плачи веќе, знае да се загледа во некоја играчка или в раце да шетаме и само да гледа лево десно. Ќе си смени, малечки се уште ништо не ги интересира
Да, тоа си мислам и јас. Нека не спие но да не плаче да вриска да ме боли срцето да немам што да направам. Фала за споделеното искуство, голема утеха ми е
Ќе помине. И јас мислев дека нема крај, секогаш така ќе прави Ама од ден на ден ќе приметуваш се помалку и помалку ќе плачи
Кај мене првиот ден изгледа имаше болки и беше некако нерасположен, пискаше, и му дадов парацетамол сирупче пошто педијатарот ми рече во случај ако приматам дека има болки да му дадам сирупче. Од ротата после 4 дена му се јави пролив 4-5 пати во денот какаше. Тоа траеше три дена и тогаш освен биогаја му давав и диастоп по 9 капки
Да, и мене ми рече ако приметам дека има болки да и дадам. Но досега еве супер е, малку само плачеше прееска ама одма и помина, после си се смееше се како и нормално. Па ќе видиме ноќва и утре како ќе биде
Со лесно да поминете, не и мери цело време температура, доволно е да ја провериш позади вратчето дали е топла, да не си правиш само стрес, се ќе си биде супер
Денес правевме крвна слика на бебе за да може да прими вакцина. На крвната слика crp е 12, а леукоцити 13.Матичниот педијатар смета дека е во ред крвната слика а двајца други педијатри сметаат дека е покачено crp и да следиме како ќе биде состојбата во следните денови.Прашав дали да повторам крвна слика ми викаат нема потреба.Сега сум збунетаНе знам што да правам.Ме загрижува crp што е покачено.Дали сте имале такво искуство, со благо покачено crp?
Искуства со вреќи за спиење за бебе? Не сака никако покриен, нема шанси, турка се. Времево кај и да е ќе почни да заладува, па се мислам дали да купам
мами ај ја и ти заедно у шопинг. И јас сакам за есенва зимово да и купам вреќа пошо и другарка му нејќе покриена
Да си купиш Јас имам од Tilla памучна, сега не и ставам дека жешко е, ја покривам со тетра, секако се открива она ама температурата во соба е пријатна така да не и е ладно никако. А инаку кога не беше баш топло и ја облекував и не се замарав знаев дека неможе да се 'открие'
Moeto prviot den bese pospano a narednite 3 dena mnogu placese I se grcese vo meseto . So lesno majka mozi ke pominite bez nikakva reakcija sekoe dete e razlicno.
Хахахах.. абе кажав јас дека скроз се исти. Сродни души си се Да и јас сакам да спијам рает, да знам дека е покриен. Од Тила ги гледав на фб,многу убави шари има. Памучната како летна се рачуна ?
Моето спие во вреќичка од почеток.Имаше само некој период кога беше жешко некои 4-5недели без вреќа.Исто го шутира ќебето ,се турка додека цица, ме шутира.Па спиеше гола.Исто и вреќата ја турка ама без успешно па си останува со нози во вис и си се врти само де на лево де на десно,како во гипс да е многу е смешна.Инаку е 6+.За мене подобро од вреќа нема, ем е безбедно ем бебето е покриено.Користев и за големата вреќи до некои 2 год.
Па да како летна вреќа се рачуна, ама искрено мене ми изгледа дебелко, не ми е башш за лето-лето. Повеќе ми е за есен/зима секако зимата пак не спиеме на бус ладно и таман ќе и биде со неа. Внатрешниот дел е памучен ама подебел материјал а надворешниот како шушкавец доаѓа незнам баш точно не ги разбирам многу материјаливе