Мајки бебе е 4 недела и пол ,, на почеток полнеше по 5 - 6 пелени.. супер напредува на килажа , но последните 2 3 дена има помалце по 2 макс 3 пеленки и тоа не мн полни , само на доење е , го дојам на 2ч околу 8 подои во 24ч Загрижена сум дали имам доволно млеко пошто има помалце пеленки а е мирен не е плачлив Кажете совет.
А моча ли ? Немора секоја пелена да е полна со кака. Ако е полна од мочка и тоа е добар знак. Најдобар показател во секој случај е добиената килажа.
Каков ви е ставот за цицање на палец ? Не сакам да отворам на гугл сигурно ќе пише дека ако цица ќе и падне прстот или ќе го изеде затоа искуство барам дали самите прркинуваат после период или треба да ја тргам јас ?
Здраво мајки, јас имам уште неколку месеци пред официјално да ви се придружам тука. може ли да препорачате некоја книга или youtube канал кај што споделуваат добри совети за нега на новороденче? Кога ги прелистував темиве тука се изначитав милион работи и ме фати паника Знам дека многу работи се учат по пат ама сепак сакам да бидам најспремна што може да бидам и да не зависам многу од други откако ќе се породам. Ви благодарам однапред за секој совет.
Хахаха.. остај го гугл Го цица палецот, па друг прст, па цел рака, па може да поврати и така. Јас го оставам да си го цица, ко ќе почни да држи предмети ќе го сменуваме палецот со друго нешто. Колкаво е твоето?
Со лесно и со убаво да биди се Не си создавај стрес од читање. Ќе ти дадат совети во болница, после педијатар, па фемина на крај хаха.. За книги незнам, не читав ама ако сакаш да гледаш има убави информативни емисии на јутуб. Нула плус се вика емисијата, ќе ти оставам линк
Вака... пробиотикот е за да се подобри цревната флора . Самиот пробиотик е создаден од позитивни бактерии. Системот за варење на бебињата им созрева до 3тиот а кај некој и 4тиот месец. Затоа се создаваат и така наречените грчеви. Сите пробиотици се на иста база направени. Се даваат еднаш на ден. Јас за првиот син ги пробав сите што постојат.. џабе беше се. Био гаја е малце поскап во однос на другите не ми текнува точно цена. За подобро варење на млекото можеш да земеш колиеф капки на секој подој се даваат, мн мајки се фалат дека им помага. Пробај можеби кај тебе ќе има ефект. Како што читам коментари погоре мислам дека некој се фалеа од друг пробиотик или сируп што и да беше, скролни и види
Прашав јас тука во групава за дали може колиеф капки заедно со пробиотик, ми кажаа дека може. А прашав и педијатар ми рече дека во ред е. Сигурно може и сируп.
Да за колиеф знам. И јас мислам може и сирупот, али ај реков да прашам и тука некој дали користи така во комбинација.
Нате јас и давав на цуцка све и биогаја и колиеф и сирупот на нурсе. Ама пошо веќе сме големи, почнав прво да ги намалувам сирупот и колиеф и ги исклучив. Сега давам само биогаја. Мене педијатарот ми кажа пробиотик до 6 или до 9 месеци да давам.
Јас и давав пробиотик и колиеф. Ко некако не бев задоволна од колиеф и го заменив со сирупот. И така теравме може еден месец, и од нигде никаде се запрашав да не неможи во комбинација така И јас од сирупчето уште некој ден, таман да го дотршам и после само со пробиотикот ќе тераме