Мене па до година ми кажаа да давам пробиотик, нема штета мислам од него. Јас биогаја сакам да го смена сега, некако многу ми е скап а одма се троши, ама незнам кој друг пробиотик да давам..
И ја стојам на ставот дека штета нема. И ја си пијам пробиотик од време на време а ништо не ми е, мислам без индикација.
Мене ми кажаа да прекинам со давање со полни 3 месеци, инаку го користев нормиа бејби супер се покажа
Женски бебе е 21 ден. Од пред неколку дена почна да кива. Значи се случува по 10тина пати дневно. Не и е затнато носето. Нормално е ова?
Нормално е, моето кива многу често и тоа по 5-6 пати без престан. Според мене мислам дека моето е алергично на прашина пошто и јас сум и исто често кивам, а педијарот ми кажа дека со кивањето го исфрлаат вишокот на млекце.
Исто, киваше од прв ден, посебно кога ја пресоблекував. Киваат од прашинки и честички од текстил. Ако не е затнато носето, најнормално е
Дали знаете каде можам да најдам вакви гакички за широк повој?Од кога ги имате и дали ги имате користено овие и кога прв пат сте ги носеле новороденчињата на ортопед ?
Ги има во Виола, аптеките на Бети и Еурофарм мислам. Јас му ставав навечер од раѓање до три месеци пошто во Ремедика препорачуваат на сите, а по преглед ортопед потврди на 2 месеци дека има потреба па продолжив до 3тиот месец.
Се дур не кашлаат нормално е кивањето. Јас знам дека пробиотик се дава до една година, особено не се прекинува кога се воведува дохрана.
На моето бебе пробиотикот му правеше грчеви и педијатарот ми рече одма да ги прекинам. И стварно кога го прекинав одма и прекинаа грчевите. Инаку 21 ден има. Како може сите педијатри различно да кажуваат за пробиотиков, не ми е јасно?
Јас ги купив во аптеката во Ремедика, но не ги користев многу. Се наоѓаат и по други аптеки, во Еурофарм мислам дека има. Прв пат на ортопед го однесов недела дена по пораѓај кај Иванка во Ремедика. Но не сум задоволна како помина прегледот. На 2 месеци бевме кај Антоније, и ми кажа дека нема потреба од широк повој.