И јас сакам да и земам, за некој ден правиме 2 месеци. Па дајте некој предлог каква. Иначе не ми кака воопшто навечер.
Јас сум задоволна од вреќичката нарачана од оваа страница https://www.facebook.com/HappyKidsMacedonia/
За боцките се килограмите. Мојата прими рота а не ја боцнаа за првата вакцина затоа што беше под 5 кг @Andrejaaaaaa Да се едитирам, исто во Јане
Ај уште еднаш да ми кажете....за во јане....кои вакцини со колку кг се примаат. Ние ништо немаме примено, мала се роди. Матичната ми рече прво ќе прими рота на 2.5 месеци.
Мислам дека за рота нема килажа него таа се прима максимум до 12та недела. А за шестовалентната се препорачува бебе да има над 5 кила
А кога се прима таа шестовалентна?? Бебе е 2+, јас се мислам рота треба сега да прими, заедно да не се примаат?? И не ми се верува да има 5кг... Утре ќе го мерам
Луѓе од кај излезе ова со одредена килажа? Освен за предвремено родени и одложување на бсж и хепатит Б. Ако бебе е родено 3100гр (претпоставка) се очекува да дуплира тежина на 6 месеци, односно да има 6200 гр, што значи над 5кг веројатно би имало после 5ти месец, а по календар на имунизација хексата се прима на 2 месеци. Истите тие доктори што ги враќаат бебињата ако немаат 5кг, ќе ги пуштат да прават милион испитувања ако имаат над 5кг.
Па незнам и јас од кај излезе ама како да прочитав некаде, за првото не се сеќавам дали уопште било вака со килаживе а и оваа вакцина мислам не се примаше тогаш