Каков спреј за носе користите? Јас користев на бекутан, ама гледам рокот му е 30 дена после отварање и да не се користи после тоа. Денес во аптека ми дадоа на исомар бејби, ама па сега читам во упатство пишува дека е за 6+. А ние аме 2+
@Naatashka123 @Lili4e @Oneo @Pacient srna @monik55 Ве читам со музикиве и апликациите,не ги заспивате со цицање?!Јас само така ја заспивам...ни пеам ни клацкам,да не не треба да ја учам така?!
@Oneo и мојов во тишина заспива и темница, инаку нема шанси, сѐ му одвлекува внимание. @KonstantinaM исти сме мама. На града легнати и си заспива. Порано кога заспиваше со шетање в раце и шшкав и пеев, сега ако правам нешто ќе се смее или ќе кенка. @brm_brm јас со физиолошки чистам нозе. На 2 недели купувам нов, околу 40 ден е.
Да исто легнати цица и заспива знае да продужи и на "празно" да цица па ќе се тргнам,некад и сама си се трга,не е човече што сака да ја клацкам,шшкам...се дешава у кола у транспортер и без цицање да мигне ,ама и да писка па да сака да цица по пат
В кола да, често, ама в релаксатор никогаш не заспал. Додуша не го ни сака многу, 10 минути колку до вц да појдам и кафе да си направам. Блазе вас што ви седат во релаксаторот бебките.
Со цицање најчесто. Ама во последно има моменти кога ќе се нацица и му се спие а не заспива. @IRBBB Само во тивко и свртени на кај бел ѕид. Ако има нешто, таму гледа се смее. Релаксатор, кола, количка, нема шанси да заспие. Се тоа е за забава
Заборавив да кажам дека останува на спална да спие ,ако ја ставам во креветче одма се будеше тогаш и стомачето ја мачеше...а сега извесен период не сум ни пробала ми се уарни (ама ќе морам).
Моето до 2 месеци спиеше во креветче. Исто после многу се будеше, го земав со мене и спие цела ноќ. Леле.. исто и јас вака сакам ама ќе морам да го учам во креветче за во градинка.
Извини на транспортер мислев во кола ,а дома имаме љуљашка еее таа ептен ни се погоди за дневни дремки
На брат ми малиот има слична лулашка, ја видов вашата на слика. Мојот и во неа се смее, целиот скока. Се му е за забава. Затоа во затемнето, бел ѕид и тивко го заспивам.
Дур е време ако успееме да ги вратиме во креветче ,а толку ми е најубаво до мене на спална па таква цела раширена си спие мирно баш ми е жал да ја одвојам
Хаха истоооо... Дури се помалечки треба да почниме пак во креветче. Јас и сега пробувам ама безуспешно. Дење со полу спуштена ролетна, колку да не иди светлина директно. На скроз светло, претешко заспива. Ако е вака позатемнето, една дремка му трае по 2.5-3часа, ако е скроз светло се буди брзо.
Исто и јас во нос капам физиолошки раствор и после капење обично слегуваат долу, па вадам со чепкалка за уши. Ако се погоре влечам нежно со оние пумпите за нос да слезат.
Да, дупнато со игла, извлекувам со шприц и со шприцот директно му капам во носето. Ако му е полно носето влечам со носе фрида (не го препорачувам), ако не или со капење ќе излезат или ќе ги изголта при цицање.
Да со цицање заспиваме. Сега и тоа цица 5,6 мин, ја држам на рака да заспие цврсто ја преместувам в креветче и ако сд подразбуди цуцла давам, ако не не. Сега брзо ни оди, но на почеток ја пуштив еден ден апп и тераме до ден денес. Мислам сега и без неа би заспала, али не ризикувам да пробам А и секако некако шушти малку да не не слуша нас големиве кај што брбориме
Јас му облекувам пижами и вреќа, го цицам на спална и го ставам во креветче, пуштам вртелешка и излегувам од соба, за две минути заспан е. Ќерка ми ја лулав, пеев, ммкав, шетав со неа по соби и по минимум 1 саат заспиваше. У ствари уште е така, приказна па песна па и се сомочува, па малку да се гушкаме, па пак песна, па заспива кога ќе се скараме на крај.
Оти носе фридата не ја препорачуваш? Јас и со првото и сега со бебе само со тоа чудо успевам да извадам. Не ги боли а одма ги вади. Зедов една од дм, ама не ми вади ништо.