Е не читај ама ме копка инаку за заспивањето почнавме некако да се навикнуваме дека детево наше е неспијач, уствари еден ден дневни дремки спие повеќе, наредниот ич и така цело време ни брмчење на фенови ни ништо не помага си гледа си прета и тоа е.
Те имам читано низ темиве и твоево е повраќалче како моето. Значи у денот по 20 пати бљуцка, после секој подој обавезно, некогаш (ретко) и млазови. Од раѓање еве уште е така. Кај тебе престана или уште?
Јас како што знам, така покажува некое незадоволство. Ништо страшно не е, ништо не го боли, само нешто не му е по ќејф. Барем така читав, затоа што и моето цело време така правеше тој период.
Нормално е после секоја совладана вештина да има пауза, па ќе продолжи пак да го прави истото и со лазење, одење, зборење е исто
Мајки што давате д3 плус омега, давате ли плус д3 посебно или не? Или ги давате само тие што се комбинација д3+омега
Леле со цицањето ист е и мојов. Во сон ако не му дадам да цица, се буди расположен, како да не му се јадело воопшто
Јас давам по препорака на ортопед, а баш кога бевме на вакцини во понеделникот докторката ме праша што давам и реков и ми рече има бебето провлем со колкчињата, викам не, па вика зошто толкава доза на д3 примува? Ме зачуди ептен бидејќи др.Иванка ми рече да и давам така, па на 6м на контрола. Инаку се беше во ред со колкчињата кога бевме на 2м, супер развиени и беа.
Mojata gi obozava se cudime i jas i maz mi...koga ke go vidi so lazicata vo.spalna po banjanje (togas i gi davame) otvara usta ko za cicka ziva radosna
Јас babytol од почеток ги давам, и ги сака, не ми прави проблем. Еднаш педијатарот ни даде на Др.Лео чисто да имаме, многу грди му беа на бебе на вкус. И јас кога лизнав, се згадив. @Andrejaaaaaa не знам кои ги користиш, ама ако се babytol ме чудиш. Инаку @scorpias ортопед треба да каже за плус Д3 дали треба, јас не давам. @Naatashka123 за обетки, прстени што знам, мали ми се, за грев ќе бидат кога ќе ги боли, ќе почекам јас за тоа, не би дупела уши на 4м @Oneo кои капки д3 посебно ги даваш?
Не верувам дека е многу тоа. Моево пие појака доза. Отворени се јадрата на колкчињата? Кај моето уште не беа на последниот преглед и му давам чист Д3 (во шишенце е) исто на бејбитол по 5 капки.
Да бе да, се беше супер на прегледот, не спомна ништо докторката дека не е отворено/развиено нешто. И рече браво супер е се Инаку уште на непрегледано ми ги даде дополнително д3 и плус д3+к1, а после 4м д3 и д3+омега.
Хахахаха... И мене ми рече докторот супер е се, имало време јадрата да се отворат ама ни ја појача дозата. На непрегледано ако е се во ред, ја даваат истата доза на сите.
Јас давам на бејбитол една капсула д3 со омега и една само д3. Ова по препорака на педијатар. До 3 месеци давав д3+к1 и д3 со омега.