Гледам се мислите за дохрана од 4+ м. и прочитав дека повеќето мајки овде мислат дека нема потреба и дека треба до 6м да е само на млеко. Секако дека на крај сами ќе пресечете и ќе одлучите, но јас да би ви ја кажала мојата перспектива како мајка на две поголеми деца, која поминала низ дилемата. Првично, педијатрите за постарото дете ме советуваа да почнам со прихрана од 4+. Не само мене, туку сите мајки. За второто дете кое се роди после 4 год. од првото советите на истите доктори нагло се сменија и ги советуваа мајките до 6 месеци да не им даваат на бебињата ништо друго освен мајчино млеко. Јас бев соочена со истата дилема за второт дете и решив да не чекам до 6 месеци. Мајка ми велеше дека во нивно време и уште порано почнувале да даваат некои прихрани, како оризова вода, чај и сл. Во тој период (околку 2009-2010) се форсираа кампањи за поддршка на доењето низ цел свет и низ таа призма некако ја разбирав и промената на советите на докторите. Значи советот им беше на 4 м. да почне да ПРОБУВА нов вкус, различен од мајчиното млеко и тоа прво овошје и зеленчук и прво мали количини. Значи, се почнува со 1-3 лажички или со неколку голтки овошно сокче. Во 5 месец одкако ги изгуситрало некои основни видови овошје и зеленчук да почне со кашичка. Дури после 6-ти месец во зеленчуковата каша прво додаваш од водата во кое се варело јунешкото или пилешкото месо, па потоа ставаш мало парченце и од месото во блендираната каша. Во ист период почнав со ориз, пченкарна палента, гриз и со жолчка од јајце, значи зборам периодот од 6-9 месеци. После 7-8 месеци постепено воведував млечни производи (јогурт, кисело млеко, сиренце). Значи до година имаше се пробано и веќе почнуваше да јаде од нашите оброци (зошто и ние јадевме манџи често). Последна беше белката од јајцето некаде после првата година. Детето ќе ви даде најјасно знак дали е спремно, само следете го што прави кога јадете вие пред него. Ќерка ми напредуваше предобро на мајчино млеко, надпросечно, ама кога седнувавме да јадеме на полни 4 месеци не гледаше во уста и се чудеше. Првиот пат кога и дадов друга храна беше сосема непланирано. Седев со неа во скут на маса, на ручек а таа ми ги бореше залаците и ме зјапаше како зинувам. И јас стиснав малку од варените моркови и и пикнав во устата. Одма го голтна залчето и почна да зинува за уште. Со таква стрвност ги јадеше, што дури почна да плаче ако не и дававме доволно брзо. Се најдовме затекнати, сите моркови ги одвоивме од супата да и ги дадеме и малку и беа . Исто и за вода- да не се давало на дете до 6 месеци...Јас и дадов на 4 месеци. Беше топол ден, таа беше надвор со нас. Ние пиевме од чешмата и неа ја понудивме. Ко вчера да беше памтам како локаше и како се издиша на крај откако се напи, како да и дојде душата на место. На топло време греота е да се мислиш за вода дали да му се даде да пие (а чај против грчеви не е проблем). Млекото има вода во составот, точно, ама конечно и мајчиното млеко е благо.
Моето девојче расти со брзината на светлината. 50ките ги израсна за 5 дена а 56 за неполн месец... сега носи од 3-6 месеци а има само 1месец и 6 дена големи и се само во ракавчињата. Нормално ли е ова? за еден месец придаде 1650 грама
@Cosmic Girl како што кажа, секоја мајка знае што е најдобро за своето дете. Ништо не е за осуда, кој како што смета дека е најправилно, така е најправилно. Јас сум убедена дека сите им го посакуваме најдоброто на бебињата. Многу често мене лично "ме лутат" различните ставови на педијатрите. 5 врвни педијатри од земјава имаат 5 различни ставови за 5 различни работи. Секој од нив поддржува или не, своја/научна теорија. И толку многу се спротивни едни на други што некогаш ми се чини дека што и да направам, ќе згрешам. Затоа одлучив да си се слушам себеси и својот инстинкт. Во однос на дохраната јас би сакала да се храни со блв методот. И да сакам порано да почнам, не можам. Дури голема е веројатноста дека ни на 6 месеци нема да почнам со дохрана. И искрено не би сакала да почнам со пасирана храна за пробување вкусови и со кашички, па да преминувам на парчиња, оти мислам дека така е полошо и само ќе го збунам бебето. Ама, ако постои некаква индикација за да морам да почнам порано со дохрана (анемија да речеме-повеќе би сакала да пробам со храна да ја корегирам, отколку со терапија) нема да се мислам два пати, туку одма ќе почнам со каши. Во однос на водата, јас давав вода. И чајче кога имаше грчеви и вода кога беа жештините. И поинакво е бебе кога е гладно, поинакво е кога е жедно. И поинакво е кога ќе му дадам млеко наместо вода кога е жедно и обратно. Мој став (може за некого не е правилен) е дека тие 20-30мл вода/чај нема да му наштетат на бебето или ќе се помалку штетни од жедта/грчевите. Сега син ми е 4+ и за жива глава не сака да пие од шише. Ништо, дури ни измолзено мајчино млеко, па макар и бил прегладнети. И не го форсирам ни вода да пие. Инаку, за себе мислам дека воведувањето храна ќе ми биде цела дешавка за која уште од сега сум возбудена и нема баш спонтано да му дадам на бебе морков од нашето јадење.
08 Исто и ние бевме така тој период, баш му кажав и на педијатарот, тој ми рече може не е гладна, не и давај зорле. Така беше неколку дена, после тоа пак почна нормално да си цица. Период е ќе помине
Хаха.. како нас сте и вие Моево додава 3 месеци со ред по 1700гр. Не се држи во раце, болат Облека носиме 6-9м или 9-12м. Само по тренерки го облекувам, шпихозни и слично се надрасна и не купувам повеќе такви. Ги носи само по една недела и не му чинат. Тренерки без онај дел за нозете, подолго ги носи.
Леле коа ве читам вака, само моето најмало искочи . А и еден куп бебиња имаме околу нас со разлика од неколку дена до месец два разлика. И од сите тие мојава е најмалечка. Мислам вака супер си напредува, се си е како што треба ама најситно бебе е . Ај барем си ги износи алиштата, летните од 0-3 уште и се точни само шпикозните 0-3 ги израсна, сега па тие 3-6 ко торби и се, и висат кај нозете а кај рацете морам да и ги завратувам
Да ни се живи и здрави нека си растат, образи за грицкање има за извоз па кога ќе проодат ќе трчаме заедно. Мене уште сега ме болат рацете дека сум ситна што ќе биди натаму ќе којзнае, како што сака само во раце ќе ни биде забавно.
@marta993 mojata se odbi. Odbivase da cica, vristenje, vlečenje, grebenje. Tormozenje bese tesko. Uporna bev, taa vrsti se vleče jas uporno grada i pikam. Ne uspeav. Srekna sum bar malku sto cicase, za prvata kerkička ja nemav taa sreka, pred vreme rodena, taa na intenzivna jas doma, se molzev ama ne fati koga ja zemavme doma.
Мајки моето бебе од 3 недели не сака да спие цел ден, еве и ноќе мака мачиме. Нормално ли е ова? Има ли некој вакво искуство?
И ние си носиме бебешки комплети. Дури некои уште ни се големи . А гледам има убави комплетчиња ама шо ќе зимам кога има што да носи...ги има 7-8 бебешки.
Твоето манекенка Рано ти е тебе за раце да те болат од 5мин. држење Хахаха леле ... мојт 0-3 само еден месец ги носеше и толку Јас вакво си го обожавам, не можам да го замислам слабо Нема место каде што нема како витки со салце Јас повеќе гледам да лежи па така да играме. Не можам да го држам подолго од 30мин.
Не купувај ако имаш. Облекувај му тоа што имате, 7-8 компети се многу. Одма им се смалуваат, да не трупаш само облека за џабе.
Kolku kg e tvoeto i kolkavo e? Mojata e 5+++ i e 7300gr race mi pagjaat a pustata sve u race saka i u dvor da seta nz sto ke pravam zimovo
Моево на 3 месеци имаше точно 7кг. За 3 дена прави 4м. ќе го вагам тогаш, вака со мене ваган, на домашна вага има над 8кг сега. Многу тежи лелел.. јас го држам само на тераса во раце и низ дома ако не заспива. Буден кога е гледам повеќе да го занимавам дури лежи. Надвор нема шанси долго да го држам, ќе ми падни од раце мислам од рацете што болат
Ete istata kilaza ja trpime… stv e tesko, a ostaj toa jas pa so dumkanje ja zaspivam…. Racete ne gi osekjam nekogas kako da ne se moi
Јас само легнат го заспивам,многу ретко во раце. Немам сила 3-4 пати денот да го заспивам на раце, ќе се онесвестам мислам. Ај твоето поголемо е, ќе почни да седнува побрзо, ќе го седнуваш кај тебе на нозе. Моево е мало и дебело хахахах..