Treba posebna tema da se otvori za zalbi od svekrvi… onoj pat i ja ostaviv znaci na dva casa, placela i sakala med da i dade, alo bre vikam ke te utepav da si napraelq takvo nesto i se zakjuti pa nema smisla so tie starinski raboti med na 5 meseci
@KonstantinaM најјаки ми се со ваквите коментари. Ова е левел ап од "провери да не ти е расипано млекото". Јас би ја прашала за "совет" каков ред е најдобро да и направам, да ми направи еден програм. Во колку саат да давам да цица и по колку време и шо ако во меѓувреме плачи за јадење или кога ќе и "дојде редот" за цицање не е гладна или спие? Мислам дека ќе ја заќутиш вака. А ако и покрај тоа е без обзир и продолжи да коментира, културно би и кажала да не ми се меша. Инаку, секако дека ќе си продолжиш да си го доиш бебето кога сака и колку сака тоа. Патем, преслатка е (Марија мислам беше, сори ако сум грешка), какво дебело бебе Уствари не постои дебело и слабо бебе, ќе видите околу годината горе-долу сите исти ќе бидат.
Манекенки две! Сите дечковци ќе трчаат по нив . Натке ќе ти кажам килажа во вторник, тогаш сме на контрола ама вака по мое повеќе од 5200-5300 нема, ама ќе видиме баш. Ма ајде глупости! Да не ја слушаш!!! Бебето секогаш треба да цица кога и колку сака! Ние сме 3ипол месеци и 'ред' нема и не треба да има. Само ќе си каже кога сака. Не цицаат само за храна, него и за гушкање, близина, утеха. И не никакви проблеми нема да имате. Може само стрес да му предизвикаш ако бара да цица а не му даваш. Терај си како до сега, супер напредувате
Преубави совети. Јас од почеток го заспивам со лежење т.е. легнати двајцата, како да знаев дека ќе е дебелко па не ќе можам да го нишкам хахаах... Да во право си, подобро за нив да почниме со блв
Не слушај свекрва или незнам кој друг. Слушај си педијатар и прави како што е најдобро за бебе. Јас според свекрва ти треба да го изгладнам моето хахаха.. Јас го дојам кога сака и колку сака. Во секое време има града на располагање За некој ден прави 4 месеци а има сигурно 8кг.
Baby Led Weaning, бебињата како водичи во дохраната https://www.facebook.com/groups/371075610443713/?ref=share има и фб група баш ја најдов скоро
И ја тешко игнорирам, силна силна ама цврц солзи крокодилски Ептен ќе растеме во должина мм е 2м Внука ми е 12кг и 11м и др и велеа дека е буцка, па сега ептен стопира со килажа и оди во висина, баш манекенка ќе биде и она, а ќе ми фалат тие нејзини обравчиња за штипење Добро да си прашам кај да најдам кенгур што ќе го прифати мм, голем е и широк во рамињата, зедовме на чико ама не го фаќа убаво мал е. Има ли поголеми за да го збере зборам за мм од 2м и 120кг
Baby led weaning. Метода за хранење со парченца храна, не каши или пасирано/брендирано. Според возраста се сервира храната соодветно исечена и спремена, се става пред детето и се остава детето само да се храни и да истражува. Бенефити има еден куп. Од тоа дека само бебето ќе ја научи и текстурата, ќе знае секоја храна посебно каков вкус има а не сме миксано во каша. Ги зацврстува непцата со џвљкање. Само учи кога е сито. Понатака помалку проблеми со говор. Здрав пристап кон храната во текот на животот. Итн итн итн. Само да знаеш дека е многу messy и очекувај хаос Јас искрено одвај чекам. А мајка ми ми вика еее ја пред 30 години така те ранев ама тогаш немаше име ама вика и да сакав поинаку немаше шанси пошо ти беше све само само, све само сакаше да правиш
Фала ви на поддршката све ми е јасно само се трудам да балансирам,само што искочив од болница да не сум ја навикнела цело време да цица,па после леле ако ти секне млекото,па зашто сум лежела до неа додека спие и нормално све беа фази и поминаа..Сега уште вика ќе видиш и педијатарот ќе ти каже Како да им се објасни дека тоа им е и храна и вода и утеха?!...Добра ти е идеата @IRBBB само гарант ќе проба да ми направи стварно план инаку не сум ви ја претставила Мила се вика и да во право си дали е по буце или слабо на годинка сите ќе имаат од 10-12 кг,да се живи и здрави
Да исто, и мојава знае додека лежи да пушти така по усте. Или кога се смее ептен тогаш си пушта млекце хаха. Има денови кога воопшто нема ни да бљуцка.. е вчера ама воопшто не испушти млекце, дури се замислив да не е гладна Не и јас несакам од тоа млекото за рефлукс да давам, а еве и намалува со повраќање.. нема потреба
Ми се свиѓа пристапов. И искрено, прв пат сега читам за ова, ама сакав така да давам... Не цело време, ама ми падна на памет како идеја. Можда од што гледам по инстаграм сликани бебиња како јадат така, а не сум знаела дека е цела наука
Сега му е дебелка, ако имаше па помала килажа ќе им беше слабичка.. и никако нема да им се погоди нив Ич да не слушаш. Ние сме 3+ и од пред 10тина дена веќе не бара толку често да цица. Инаку бараше на саат, саат и пол, два.. зависи Сега пред 2часа нема шанси да побара, не дека не би и дала јас.. Сега веќе се заигрува, се загледува во играчки. Мома е сега Али и давам кога сака
Е ајде де ,а од друга страна имаат и друго внуче поголемо,а таму борби се за јадење. Исто и кај мене дури и без маица си шетам понекогаш ,ќе ја кренам у раце и оп вакум одма се фаќа за града па и тоа е умешност и да и ја скратам?!Нема шанси плус како задоволно превртува очиња дур цица да ти е мерак да ја гледаш...уживам што и пружам такво задоволство
Симни ја апликација blw meals и заследи на инста solid starts. Одлични совети има и како се сервира храната. Леле и мојата намали подои и прво од памет се извадив ама во консултација со доење со љубов сватив дека е ок. Поголеми се, поише влечат и шо викаш се им е интересно се
И мојов исто нема ден да не бљуцне, некогаш убаво знае да исповрати (1++ е). Кај нас “проблемот” е што цело време е на цице, ај за јадење и за успивање, па и за спиење, презаспивање, дури и кога го шетам низ соба е конектиран на цице дури разгледува. Се прејадува, логично и после повраќа. Ако го тргнеш вришти, зајдува, даваш цице се смирува во милисекунда. Цуцето од Авент го сакаше на почеток, пред некое време почна да го одбива и сега јас сум цуцлата .
Никој не може да го сфати тоа задоволство, додека не е во самиот 'процес'. Искрено и јас порано мислев дека доењето е само хранење на бебето. Ама не, цела љубов било тоа И не дека јас од страна сум немала глупи коментари и дофрлања, што од мајка, што од свекрва, што од другарка, па и од рандом луѓе што во моментот ми направиле притисок, дури и да се запрашам дали е во ред нешто што (не) правам. Ама ништо не се споредува со чувството кога го гледам моето бебе задоволно. Така да, нека си зборуваат. Ако некој ми донесе подарок и не го прифатам, подарокот ќе остане кај тој што ми го донесол. Истото е и со зборовите. Ако ги игнорирам, нека им се рефлектираат нив. (аооо времево ќе ме натера да филозофирам . Сама ќе си се испратам )
Исто и кај мене дури коа заспива на цице па како да се луту фати пушти нервозно се прејадува и после повраќа во млазови страшно е а цуцла нејке да смисли се гади од сите 4 купив незнам што да правам на колку време да цица да не се прњјадува