Ајде едно кафенце ќе честиш Мене тој ми е спасот кажав и претходно Сеа пример некогаш кога ја сушам косата во вц и ако слушни бебка и мм ми вели одма се врти да види одкај иди звук, нешто познато и е
И мојата свекрва си е таква, душичка Свекорми знае повеќе да искоментира некогаш, али веќе не ни го слушам
И ја со помош од Јасна успеав. Таа убавата града уште она кога беше ја фати на голо а за другата се помачивме малце, ама сама си ја фати на 2 2ипол месеци некаде. Најважно е да цица. Се буни ако му дадеш гола, никако не сака? Ама и не е толку страшно, Јасна ми кажуваше имало некоја мајка на 8 месеци бебе уште со силиконски и немале никаков проблем. А буцко наш богами ич нема проблеми
Се утешив и јас малку и мојата на неколку пати во млазови и од нос и пд уста страшно беше се преплашив мислам неможеше да диши бебе
Супер Се обидувавме многу ние, зато ми се смачи и се откажав. Прво почна ноќе да фаќа без силиконска, ама за кратко престана ноќе да бара да цица. Дење фати неколку пати и за кратко пушташе и плачеше силно. Во моментот не знаев како да го смирам, пошто плачеше за цицање и ја враќав силиконската. Одма се смируваше, цицаше како една недела да бил гладен. Со денови бевме контакт кожа на кожа, ништо не помогна. Можи и јас не бев многу упорна, незнам. Ако плачеше многу ја враќав. Сега ќе биди со неа, повеќе не се ни мачам да ја тргнам. Нема проблем тој да хахахаах
Само што си дојдовме од болница, прва ноќ дома. Се разбуди ноќта за цицање, го навивав и го легнав в креветче. Уште не ми беше ставена главата на перница кога слушнав само звуци на давење и борба за воздух. Го гледам исповратил низ нос, низ уста и изгледа го лутеше слузницата на носето и се бореше да вдиши. Не знам како успеав да сум сталожена и само да го свртам настрана за да се исчисти од повраќаниците. Одтогаш редовно си повраќање, до кај 2 и пол месеци. Таман тоа се стабилизира, почна да пика прстиња до грклан и од тоа да повраќа и така во круг.
Со бебе сега веќе извадив силиконска пред месец дена, а првиот цело време беше со силиконска 2 год доенички стаж, немаше никаков проблем. И да не успееш, не се секирај толку
Лелее душа многу изгледа страшно премногу јас од тогаш сум преплашена а еве денес и вчера многу плаче премногу незнам што да правам на педијатар кога бевме рече се е во ред грчеви може има ама не многу незнам дали е тоа незз што да направам не се смирува со ништо плачам и јас со неа
Јас дека сама дома со беба па се занимавав. Прбо гола града пишти, па стај силиконска одма зацицува без мака. Ќе ја оставам да цицне 3-4 пати па ќе ја извадам и пак гола нудам. И така во круг. Гола нудев додека не завришти. Па едно време ми здосади и само на едната града цицаше со силиконска. И еднаш викам чекај да пробам бе вака и оп ја фати. Ама после пак се бунеше. Па неколку дена само еднаш или два пати во денот цицаше на голо, другите пати ја бараше силиконската. Ама по една недела негде си фати скроз голо двете и сега нема гајле. Ама па на таа со понеубавата брадавица строго само во фудбалска топка се доиме, она на перницата легната. Во друга поза не може да ја фати убаво и се нервира Немаш гајле, и да не фати не е страшно
Колкаво е бебето? Пробај со капки против грчеви на бекутан или чај од благ анасон. И може да пробаш да ѝ правиш вежбички со нозете, да ѝ си собираш како да клечи/како даа вози точак.
Мамички од кога може да се зема магнезиум? После пораѓај ја прашав матичната , кажа неможе бидејќи треба да контрахира матката. Еве веќе поминаа скоро 4 месеци па ваљда смеам веќе да земам. Ме болат мускулите и магнезиумот ептен ми помага
Денеска шетавме со бебе малце покасно и дури се вративме не фати жешкото. Облечен ми беше по маичка и куси пантолончиња. Си дојдовме дома, почна многу да се поти. Го истуширав, заспа. Се разбуди целиот жива вода. Облечен по боди со куси само, во свежа просторија. Пак го туширав. Мерев температура неколку пати, 36.5 има. Се поти цело време, на челото има капки. Што се случува, што да направам?
Прв пат слушам дека не смеело. Јас пијам на вечер, од некаде 2 ипол месеци кога имаше бебето. Исто имам мускулни болки.
Денес е такво спарно времето, и моето се потеше, два пати го шетавме по кратки ракавчиња во парк. Избањај го нека се освежи и по боди легни го. Ќе му се стабилизира температурата на телото, од промена на времево е, вчера ладно врнеше денес сонце
Прво смири се. Ако си ти вознемирена, осеќа и таа и уште повеќе се вознемирува. Веројатно се грчеви, тоа е мајка, ќе помине. Ставај и топло на мешето, прави и масажа. Ако планираш да даваш чајче, можеш од анасон, нас ким ни помогна. Можеш да пробаш со капки колипреф, колиеф или сирупот Харви нурс. Ова од позитивни искуства од форумот. Фаза е, мора да издржиш, допрва идат скокови, вадење заби.. Секоја фаза е најтешка на свој начин. Гушкам за поддршка. Ако не ти е неопходен, бебе да бара в раце, а не можеш да го држиш по цел ден, земи си. Инаку не се препорачани/одобрени од ортопедите. Колку сака нека е анатомски, 'рбетот му е подвиткан, цела тежина на карлица оди. Особено па за толку малечко бебе, кое уште не е зацврстено. Инаку, да ја корегирам @kostovaivana и во самите упатства на кенгурите пишува свртени кон родител до 6ти месец, од 6ти може напред да гледа. Остај јас и ти шо си играме играчки со децата.
Го избањав пред 1 сат, заспа. Го допрев за косата испотен е пак. По боди на куси е само. Уф се надевам ќе се стабилизира температурата