Ова е вистина. Баш јас постојано сменував креми, памперси,триста чуда. Тука добив совет да не мачкам цело време. Штом престанав да мачкам, газето се исчисти скроз. Сега мачкам само на црвенило, што е многу ретко и ако се искака а не можам да го измијам во моментот. Само после бањање го мачкам со лосион по цело тело, дека има многу пресеци со салце па се црвени
Taka e, pogotovo ne na dunde da se stava krema!!! Aj vie stqvete si krema tamu dolu, ne e prijatno voopsto!
Ми треба совет и мислење Бебе ептен слабо качува на килажа за 2 месеци само 700гр. На доење е и плус кашички почнавме 5м е утре. Педијатар вели идеална тежина ама мене ми е малце некако 3кг е родена сега е 6700
Не е бе кити слабо. Таман сте! Од 500г нагоре треба да качува бебе месечно. Ба 6м треба да ја дуплира килажата а вие на 5 ја имате дуплирано. Супер сте. Инаку и ние денес бевме на контрола, 5600г тежи. Од минатиот месец е 1 кило поправена и сега е 60цм . Утре ќе прима шестовалентната, душа ми се тресе
Не се плаши, супер ќе поминете. Ние немавме никакви нус, освен малце зачестени каки 3-4 на ден од ротата. Од шестовалентната ништо. За неколку дена и тоа се регилираше
Дај боже така да поминеме. А рота не примаме иначе, само шестовалентна ја битно се опремив. Него малце ме збуни матичниов, ми препиша чепчиња за ако качи температура. За сируп ми рече дека не се препорачува за толку мали бебки пошо знаеле да го плукаат и да не знаеш дали се напило или не. Нели тука викате дека чепчињата се као појаки?
Не се појаки, побрзо ја паѓаат температурата. Вообичаено се даваат кај деца што повраќаат/плукаат сируп. Јас лично повеќе сум за сирупче, отколку чепче за вакциниве и онака и да крени температура не би требало да е многу висока. Ви пуштам среќичка најлесно и без реакции да поминете. Реакциите и не се толку страшни колку шо плачи беба дур ја боцкаат, особено со превенарот. Јас на либе го препуштив бебо, не можев да го држам.
Од тоа и ми е повеќе страв. Ич ама ич не можам да ја слушам кај шо плаче душава ми се кине и дома кога плаче на либе ја предавам. Денес коа ја боцкаа за крв па тоа вриштење мајко мила. Среќа брзо се смири. А утре не може либе со мене да дојде ај се надевам нема да биде толку страшно
Ќе ти кажам толку колку што сум запознаена со методот. Наскоро ќе имам обука, па се надевам дека ќе научам повеќе. Како предуслов за блв методот е бебето самостојно да седи, да е заинтересирано за храна кога јадат другите околу него и да му е развиена координација рака уста, односно да може само да фаќа и да носи работи до устата. Пред 6м нема шанси да ги исполнува сите услови, па дури и самостојното седење може да е многу покасно. Што во тој случај, не знам да ти одговорам. Храната од старт се сервира во парчиња, а не блендирана. Парчињата треба да се со соодветна големина за возраста. Исто и самата храна треба да не е лизгава (пр свежо јаболко, свежа круша) за да не дојде до гушење поради летнување на парче. Барем на почетокот, за понатаму, не знам. Блендирана и течна храна доколку се дава, се дава си лажица, на почеток родителот ја полни и му ја дава на бебето да си ја однеси само в уста, покасно се учи сосема само да користи прибор. Тоа што немаат заби не претставува никаква пречка, бидејќи и без нив самото забало им е доволно цврсто за да можат да ја џвакаат храната. Тоа што се учат да џвакаат толку мали е бенефит и како здрава навика во исхраната и како можност побрзо да почни да развива говор. Исто бенефит е тоа што на бебето му се дава храна како на возрасните, само соодветно сервирана. Ем нема потреба да се готви различно, ем се подобруваат здравите навики на возрасните.
А ротата не ја примате воопшто? Мене ми кажа докторката дека била задолжителна и затоа ја примивме а за сирупче јас му дадов превентивно пошто пискаше и мислев да не има болки, температура не крена
. Мене ми кажаа дека рота се прима до 12та недела после не можи. Моето ја прими точно во 12та недела.
Воопшто не прими рота. Во договор со педијатарот одлучив да не прима рота. И не, не е задолжителна, не знам зашто така ти кажале
Ние денес се боцнавме сефте... сега имаме 38 температура. Над 38.5 да давам сирупче? И колку? Во упатството пишува до 3 месеци 1/3 далерон од шприцот, а тука прочитав треба според килажа... мојот е 6 кила скоро... многу е жалче