Зошто не ја прими? Ти сакаше така ? Зошто? Јас имам слушано од други мајки дека рота е многу лош стомачен вирус.
Да, над 38.5 се дава сируп. Кај мене имаше на капачето мерач, на него пишеше кг. и така давав. Сега туширај го, расоблекувај го. Моето беше тажно 2дена, после како ништо да не било. Ајде со лесно мајка
Лајкот е за поддршка со лесно мами. Ние утре сефте. Пробај прво природно да му ја симнеш, расоблечи го, туширај без главчето и намачкај го со разреден 70% алкохол разреден со млака вода 50/50. Ако не симне тогаш дај сирупче. Вака ми кажа и мене педијатарот да постапам ако качи температура. Јас прележав стомачен вирус (не е докажано дека е рота) ама тешкичко поминав. И не знам зашо страв ми беше од тоа ротата. Каката заразна, грчеви ова она и шо знам шубе ми падна некако. А во консултација со педијатарот, она ми рече пошо е доено бебе има антитела од тебе и имунитет и не мора да се прими, не е задолжителна, до некни шо се вика за никој немаше. Да беше на ад ќе инсистирав да се прими а вака не мора. И така одлучив да не ја прима. Дали правилна одлука сум донела ќе покаже времето, ама се надевам дека да
@Oneo да, кај мајката Ката. Ѝ пишав, ми рече дека најдобро е обуката да биде непосредно пред да почнеме со дохрана, а сега Јован има 4 и пол месеци. Веројатно за месец-месец и пол. Еднократна е и индивидуална, со можност за дополнителни совети и следење, ми рече дека трае саат и пол-два. За ротата. Задолжителна е во календар на имунизација во Македонија. Кој педијатар ти рече штом е доено дете не мора да прима @kostovaivana? Ајде уште за ова поделени мислења. Син ми ја прими со полни 13 недели, прва доза може да се прими до 16та недела. И според мене препорачливо е да се прими рота оти е најчест предизвикувач на стомачни вируси кај деца (особено ризик кај деца во градинка), пратени со тешка дехидратација. Син ми немаше грчеви од вакцината, само забрзана перисталтика и почесто какаше од претходно, ништо друго.
Како ги држите во раце дури се будни бебињата? Јас го држам исправен, свртен кон мене или напред да гледа. Легнат плачи, не сака. Од неколку мајки добив забелешка дека е многу мал така да го држам исправен, требало легнат. Бебево има 4 месеци.
И моево има една недела ми забега нешто нејќи никако легнато и исто го држам или свртено кон мене или обратно да гледа ... ама до кога ке тера вака незнам инаку 5 месеци е
Исто како шо го држиш ти. Од моментот ко почна да плачи за в раце, можеби немаше ни 2 месеци. Секој ден, секој период кога е буден. Лежење можи само ако има некој циркузант и не подолго од 15 минути. Нормално е да сака да е свртен кон околина и да истражува, толку му е возраста. Можиш и да почниш да го подисправаш дури лежи, потпрен на перниче, под агол од 45°. И количката да ја наместиш така. Цела перспектива му се сменува. @Lili90 оди по упатството, како што е наменета дозерката од сирупчето. Ние во четвртокот примивме хекса и превенар, жалче шо викаш наредниот ден, цел ден 37,4-37,8. Не крена доволно за сируп, ама па не му спадна на нормална ич. Расслечен, со алкохол разреден со вода под мивчињата и 2 пати чорапи со киселина му ставив. Поминавме, го преспа цел ден. Едит: @Oneo која е теоријава за да не се држи в раце? оти не чини и шо препорачуваат мајките за бебиња што плачат за в раце?
Мојата утре 3 месеца полни...и освен исправена пред неа да гледа друг начин не прифаќа...знам дека е мала,ама што да правам.Ортопедот не го прашав зошто он си кажа дека има 3 деца и ниту еднаш ги нема кренато во раце,па знаев каков одговор ќе добијам
За лежење, лежи на земја некогаш и по 1 сат се занимава сам. Ама во раце нема шанси легнат. Ептен ме замислија сите мајки со истите коментари. А најинтересно е што ни една не знае да кажи зошто е така, само дека така слушнале. Ее за количка не знаев. Само во транспортер го возам, плачеше во корпа. За сабајле ќе му ја наместам корпата, можи ќе сака хаха..
Исто и мојот, нема шанси легнат во раце. И јас не прашав, тогаш не ни знаев дека не треба така. Хахаха.. се знае што ќе кажи, да лежи на земја. Моето лежи поголемиот дел од времето кога е буден, ама сака и да шета а и јас сакам да го држам хаах..
Ми се чини декубитус ќе добие од лежење цело време. Јас не можам да лежам 20ч, а не па тоа шо допрва го осознава светот околу него и сака да истражува.
Мене ортопедот уште на 2ипол 3 месеци ми даде зелено светло да ја ставам под агол од 45° и да ја држам во седечка положба. На нога да ја ставам седната како на седло (ако ме свати). Неговото искажување е дека гравитацијата делува надоле и исто е дали ќе го држиш во раце или на кревет ќе го ставиш во седечка положба. Никаква врска немало тоа со ортопедијата и нормален развој на децата. Исто ми кажа, порано ги повивале бебињата како фишечиња и немале можност да мрдаат и да вежбаат мускулатура па затоа ги чувале да не седат до 4 месеци. Сега ние си ги оставаме слободно да си се мрдаат и апсолутно така треба. И исто ме советуваше да го местам во различни позиции за да вежба различни групи на мускули, седечка, лежечка на грб, на стомаче со и без свиркани рачиња, под агол од 45°. И потполно се сложувам со него. А се работи за врвен ортопед со 35 години искуство (Видоевски). П.с. мојата обожава да седи вака ко стинка уште кафенце да и свариш
Само на под...дури и во продавница да си одам слободно А на твоето му тежи главчето?Мојата коа ќе се умори ја обесува и 100 кила лиги течат битно напрчена во раце
Да му кажеш на тој ортопедот дека според најновите студии, колку повеќе се гушкаат и мазат бебињата толку е подобро. Им се менува днкто на подобро и на молекуларно ниво им се влијае со тоа на подобро! И станувале попаметни понатаму во животот! Така да гушкајте и држете у раце бебиња што повеќе https://www.google.com/amp/s/www.mo...e-a-positive-effect-on-their-genes-2559508107
Ја од тебе видов дека си ја потпираш на јастукот за доење,па и ја така си ја подседнувам ко госпожа ко у фотељче па денес и читав плус
Ма какво лежење, само исправено, и свртено напред сака женската. Само за заспивање може малку. Уште не купив нешто во таван да гледа да се занимава навечер пред спиење. Многу тешка, се искилавив. Не сака многу ни во релаксатор ни на под. Само во раце. Ние рота примивме 12+1, др рече убаво е да ја прими, страшен е оти вирусот ако ги фати
Да да. Мислам дека е број еден. И многу ми се допаѓа што вака убаво како на едноставен начин ти обајнува што да правиш и зошто да го правиш истото. А не како овие шо слушнале од бабите нивни пред 50 години да не се остава детето. А да ги прашаш зошто поима немаат
Ќе си се самоцитирам Исто за седењето, ми вика кога седнуваат бебињата? Викам на 6 месеци пошо и ја така сум слушнала . И вика како да не, знае бебето колку месеци има . Седнуваат коа ќе научат да седат! Твое е да му обезбедиш да вежба и јача мускули и оно ќе си научи да седи коа ќе научи а не ко ќе наполни 6 месеци
Ако не се прими до тримесеци после не ја клаваат сметаат дека веќе има имунитет детето така барем мене ми кажаа.