Мајки кога ви почнаа бебињата да ви се смеат? Моето во сон знае да се насмее , па и неделава и минатата недела кога му зборевме и си играме па се смее , срце ми е ама и пречесто плаче ( како да е плачко ) Се надевам дека ќе се смени помалку почесто да се смее , како е кај вас ? п.с утре правиме 7 недели
Мало е уште. Од кај 2 ипол месеци почна да смее онака цело време. До тогаш се смееше на моменти некогаш.
Posle 2 i nesto mes pocnuva svesno da se smee,dotogas e nesvesno smeenjeto. Na glas kikotenje mislam okolu 3-4mesec bese
Ќе одиме на прва вакцина во јане сандански. До сега нема примено ништо. Од колку до колку работат? Дали е гужва? Дали јас треба да кажам за која вакцина сме или не? Како е постапката? Матичната вика да не боцнат со рота, а не и со 6то валентна сега. Може да им кажам не сакам сега шестовалентна? И дали од таму сега ќе ми закажуваат за во иднина или треба консултација со матичен? Ако може да споделите искуство.
Јас го однесав прв пат на 3 месеци Можда закаснав малку ама ништо страшно , инаку на 2 месеци се носи
На картончето од болница ни пишува од 4 до 6 недели, затоа... Јас не можам да го однесам до 6 недели на државно оти уште нема матичен број, па нема ни книшка. За приватно не ми се дава куп пари ако веќе може и малку покасно.
За јане немам информации, но: Рота не се боцка, се пие. Ти не кажуваш за кои вакцини си дошла, докторот таму одлучува што ќе прими бебето, но можеш ако сакаш да кажеш дека покрај ротата не сакаш друга. Моево добиваше рота и 1 боцка во бутче, некои диспанзери ставаат рота со 2 боцки. Во иднина, они ти пишуваат датум за следна вакцина (мислам секогаш беше после месец дена), ти го носиш ако е здраво нормално. Во врска со вакцини не сум се консултирала многу со матичен, таму си има лекар и тој го прегледува детето и одлучува.
Таму одлучуваат. Некои доктори примаат сите одеднаш, рота се пие и две боцки. Синко ја испушти рота и само две боцки си доби. По мене подобро е на едно плачење да помине. Оти јас и кс со црп и брисеви проверувам пред вакцина. Плус и матичен сакам да го види пред боцка бидејќи и верувам повеќе од на таа во диспанзер. Може и да кажеш дека не сакаш се одеднаш. Мене ме прашаа. После секое боцкање закажуваат за нареден пат. Мислам дека месец и пол најрано може, а ако е болно детето и подоцна фаќа. Може ама идеално е после 1 месец до 3 најдоцна.
Najdobro e da se odnesi na polni 6 nedeli za ako ne e vo red nesto navreme da se reagira taka znam Jas
А двете боцки што ги пишавте со рота шо идат што се тоа, вакцини за нешто? Шестовалентна на колку месеци т.е. килограми ја примивте? Ние сме 2++. И плус предвреме родени, може затоа матичната ми рече само рота.
За во Јане мислам ти треба и крвна слика,ние бевме во Букурешт исто ни бараа,на 2 месеца и 12 дена прими 3 вакцини,ротата се пие,шестовалентната боцка и имаше килограми повеќе од 6 за превенар (боцка)..таму така одлучија и ми закажаа следна за после месец и пол.
Ај и јас покусо да не останам со коментар изгледа во секој град различно е, ние прва дпза преврнар примивме на 2м, а бевме околу 4.500, сега гледам кај вас чекале 6кг Имаме 2 дози превенар ние веќе примано, а дури сега на 4м сме 6кг. Се е побркано значи
Епа да не било кај нас за шестовалентната ,па да не сум сфатила добро?Важно знам ме прашаа па ја мереа и одлучија и за третата
Од кога почнуваат бебушкиве да реагираат на непознати, моево за два дена 4 месеци уште се смее на непознати
Во врска со вакцините. Мојата на 7м беше 5кг и сите вакцини уредно си ги прима на терминот, освен последната поради тоа што беше болна. Освен за бсж за ниедна не ме прашале колку кг има
Моево 5 префрли и уште се смее на непознати и поубо се надевам така ке остане зошто со двете други имав мака никако не сакаја да се во близина до непознати и се лепеа по мене како лепачиња