Моето нема уште ни 3 недели, само ги бута рацете во уста. До степен да се борам со неа и кога цица или кога пие млеко, секогаш барем едно раче пробува да упика во уста. Морам со една рака да и' ги држам рачињата додека цица/пие. Исто така, никогаш не ждрика, без разлика колку и да ја држиме исправена после цицање/пиење. И секогаш повраќа барем еднаш, тоа и' е место ждригање. Се почесто ги повраќа и другите работи, к1, омега, ваја, еспумизам... Исто така, веќе цела недела претешко заспива. Измеѓу секое спиење, само плачки, не сака ни во раце, ни да лежи во креветче, ни да поседи во транспортер. Плачки, кенкање, нервозни мафтања со раце, нозе, глава. А тек завршува 3та недела...
Од кога почнуваат бебчињата да плачат со солзи?...јас кај моето уште немам приметено солзи , а се зачитав сега за дехидрација и тоа како симптом го прочитав (скраја да е) други симптоми на дехидрација нема, ама ме заинтересира ова за солзите.
Издржи мами, сите имаме такви моменти ама поминуваат, после кога ќе ти помине нервозата сваќаш колку ги сакаш
Прв пат солзи пушти на 2 месеци, го боцнаа за крвна слика. Мислам на 3 месеци почна на секое плачење да пушта солзи. Јас ич ги неќам, леле ме боли душата солзи штом пушти. Подобро ми беше без солзи хаха...
Јас и во нервозата си ги сакам, да не испадне дека не си ги сакам децата или дека ќе си ги фрлам низ прозор Сега вака кога спијат поготово
Да се спремам јас психички тогаш, каква сум станала емотивна кога се работи за бебушката тоа е за неверување. Кога плаче не знам на кај терам, па затоа не ја ни оставам да плаче, макар цело време во раце била...маж ми само ме кара
Кај нас после 3ти месец. И јас ко @Oneo, душа ме боли штом ги видам, а ги пушта за глупости. И тоа крокодилски солзи. Поарно ми беше дури плачеше без нив.
Ние не сме уште 2 месеци, др недела толку ќе направиме а веќе има еднаш два пати или неколку пати.. Ваљда не е ништо тоа
Лел исто таква паника ме фаќа кога плаче и не може да се смири уф . А ич не сум паничар по природа ама неа не можам да ја слушам
А па натаму да видиш кои актери се нема да те боли душа ќе отрпниш , коа ќе ти вреска зошто нешто што не е за него , си му го тргнала да неможе да го земе на 8м мислам дека веќе е кон пат за оскар дури се накашлува од напрегање Сеа ќе се тресите , ќе паничите , после само ќе викате ништо не еее , така растат Подобро спремајте се Психички* за период на тодлерство и тантруми , таму е правата забава Овоа сега до годинка се ви е гола вода
Хахахаха.. Истата сум. Ако работам нешто по дома, а тој лежи и почни само да кенка одам го земам. Некогаш не чекам ни да заплачи, слабост ми е Татко му па и тој исто го зема одма, исти сме ние двајцата хаха.. И тоа глупости, за без врска. Ама знаат дека се ќе добијат ако плачат, нас не видоа дека сме жалосливи и користат хаха.. Како растат децава и ние ќе се јачаме психички изгледа
Ох добро е, јас одма Миле паника Моево некаде околу 2ипол месеци, и сега за нешто ако се расплаче абе крокодилски солзи течат дали течат
Моето веќе е глумец на 4 месеци штом види дека е само во соба или ако седиме со маж ми и гледаме тв одма почнува да кашла зашто знае дека ни е слабост и одма трчаме тогаш. Иии кога ќе дојдеме до него ни се смее, ај сега
Хахах и мене утрово така ми направи, јас мислам спие и се накашла и одам одма до креветче и почнува да ми се смее
Mojata e skoro 6mes epten mala solzicka iam videno ama solzi solzi ne....doduse ne e placlivo bebe pa mozda zatoa,poveke vika se kara koa ne i cini nesto nego bas da place. Kakva dehidratacija ne se glupiraj na +40 ako ne dehidriralo sea pa ic
Мајки, во која позиција спијат вашите бебиња? Моево спие со главчето искривено наназад и на страна свртено. Како му е згодно така, не знам... изгледа како буквата С наопачки...
И моето некогаш спие така извртено, се потам кога го гледам . Кога беше помал спиеше само на грб, а кога почна да се врти на меше, менува 137484 позиции во текот на ноќта: на меше, на страна, со газот подигнат нагоре...