Се согласувам и јас така се потресував со првото кога плачеше дури беше бебе, сега кога ќе почни да рика на 4 години ми иди шамари да мавам
Исти сме и ние хахха ама и ја така спијам, така да згодно им е сигурно мојава ко шпагета е секако се врти се искривува
Малку само , вовед овоа ви е за авторот Или јачаме , или бели коси Внимание сакаат Оо хелоу , имам и ја 4ипол годишна дома права Drama Queen ми е Кога беше помала како во стаклено ѕвоно беше чувана , да не закенка не даваме , затоа сега врз глава се ни става , по сите нерви ми скока
Моето спие најмногу на грб, а од скоро почна и на страна да се врти. Јас го легнувам на грб секогаш. Остави го нека си спие како сака. Битно спие хаха..
Бебката ми е 3++. Е сега вака, си го држи главчето веќе еден месец, стабилна е. Може не целосно, али кога е обратно од мене свртена е супер, некогаш кога гледа со лицетп накај мене знае да се заниша лево десно. Но кога ја оставам на стомаче да лежи не се прикрепува на дланките, и паѓа на гради, и ножињата назад ги крева Јас акп ја наместам стои, но не долго, после пак си ги раширува и со легнува и се нервира што да правам незнам... да ја вежбам повеќе така? Од пред два дена почна странично да се врти сама, ама со држењево на главчево незнам
Јас мислам да не ја мачиш...по неколку минутки на ден ми рекоа мене и тоа кога е расположена ,јас ја ставам и на перницата за доење потпрена со рачињата исто не се крева мн со рацете повеќе е со нозете нагоре ,вчера ко за промена на тоа за пресоблекување се држеше на лакти.Иначе со главчето исто супер си го држи,ама кога ќе се умори и подпаднува .А дали твојата покажува желба на грб коа лежи да се држи за тебе за прсти и да се исправа да седне?На мојава тоа и е хит да си седнува ко човече,е сега најново малку и е тоа па сака на нозе да застанува,ама ќе почека едно 4,5 месеци
Да ја вежбаш мама. Оставај ја на меше подолго. Ако кенка (а ќе кенка така) ставај перниче под неа, така мнооогу лесно им е, а ќе се навикнува да е на меше. Истото и мојот го правеше, цела тежина на меше, кренат труп и глава горе, назад нозете во вис и ги прета ко желка, рацете раширени и подигнати. Нормално дека ќе му е тешко така да лежи. Ама со континуирани вежби, ќе научи дека може да тежината да ја става на рачињата, па да ги извлекува од под неа, па да ги враќа назад, да се врти... Само овозможи и. Цел ден на под и одвреме-навреме вежбајте. Немој да ја правиш мојата грешка, јас кога ќе го вежбав и ако почнеше да кенка на меше, не го вртев туку го оставав и едно време имаше аверзија, штом ја видеше подлогата почнуваше да плачи и да се тутка во нас.
Даа, одма подава рачиња и стега сака да стани, се напнува да седни хаххаха Ќе почекаат за седење, рано им е Да и ставам перница, така подобро и е малку, повеќе време лежи ако има перница. Почнаа паники да ме фаќаат веќе дека не е стабилна, а гледам во раце е супер, ама да лежи нема шанси на меше А да и ги местам рачињата под неа, т.е до неа или да ја оставам сама ?
Мој совет ти е да не правиш ти ништо , само често на земја и остави ја сама се да си научи , пробува. Многу брзо усовршуваат се , сите на почетокот се така , па после си ги вадат , па ќе се врти. Нека си ги тера фазите сама , се во свое време ќе биде
Јас му ги местев чисто само колку да знае дека така ќе е постабилен. Ама пак си ги ширеше и почнуваше да кенка. Ќе го свртев. Ќе го оставев да одмори, некогаш 15 мин, некогаш до другиот ден, зависи и како е расположен. Пак на меше, пак на грбче. Стимулација со играчки постојано му правев, некогаш "палеше" да се заинтересира, некогаш не. Сега веќе е друга приказна, ама 4+++ е. Јас повеќе му ги вежбав зглобчињата до 3 месеци. Секој зглоб во природните движења шо ги има по 10 пати на ден (некогаш на два пати по 5,некогаш 3 пати по 3-4, некогаш ич). Значи подлактица, рамена, колковите како отворање/затворање книга (тоа сигурно или педијатар или ортопед ти има кажано), во колената и стапалцата. Го фаќав за рачињата и го исправав нагоре (малку од подлогата, не скрос оти мене ми беше страв иако си го држеше главчето) и го вртев на меше, со рачињата под градите. После 3ти месец почнав да го "ролам", рачињата собрани на трупот и го вртев на меше и назад или пак со ножињата кога ќе го вкрстиш едното над другото, цело тело почнува да го врти и автоматски иди на меше/грбче. Му ставав перница под грбчето и под мешето, ова веќе кон 4 месеци. Да напоменам, ништо од ова освен вежбите со колковите не ми е препорачано од педијатар/ортопед, само од видеа на јутјуб. @kostovaivana ќе ви каже повеќе вежби, препорачани од ортопед. Едит: само не форсирајте. И јас неќам некој да ме форсира в теретана да одам кога не ми се станува од кревет.
Мене ортопедот ми кажа следно, да ја оставам на грб за да вежба долни стомачни и да го дига главчето. Исто на грб ама под агол од 45 и 60 со перниче под неа за да вежба горни стомачни. Со прстињата да ја фатиш и да ја сигаш до скроз седечка и назад. И на меше оставање и на перниче потпрена и без. И со рачињата свиткани и исправени. За на меше ако не сакаат помага ако ставиш играчки или огледало пред нив. Ако не сакаат на под ставајте ги на гради кај вас. Мојата барем кога е кај мене на гради скрос си се дига со рачињата а на под не, само стои. Исто барем една дневна дремка оставајте ги да спијат на стомак, така највеќе зацврстуваат вратни мускули.
Isto na site strani e ama poso znae i od mese na grb da se vrti sama ne ja mislam ic neka se vrti kako saka. Koa znaese samo od grb na mese se budese i kvicese
Nema vezbi ja zabavljas dur ne se umori epten so igracki...kako ke ojacuvaat muskulite pomalce ke place t.e. poveke ke bide na mese i sama ke se vrti
Мојата да има како само на стомак ќе спие, ама мене ми е страв навечер да ја оставам, не можам цела вечер да дежурам над неа