И моето исто. Од кога научи да си го врти главчето на страна не го мислам веќе,само така спие . Не се секирај
Мајкиии моето вчера попладне и сега исто нешто е нервозен, прета со ноџињата. Има црвено газе па го мачкам со седокерм. Да не има некоја искуство? Може ни почна порано вториот скок, колку трае?
Нр знам како ги заспивате, ние на цицка се заспиваме и после ја спуштам на стомак, ја нишкам по газето малце и кома јас па на грб ако ја спуштам се буди и се разугрува, нема шанси да спие. На грб само количка шо заспива понекогаш Ич да не се секираш, ако се сврти на средина коа ќе види дека помалце воздух му иде ќе го сврти одма главчето. Плус доволно подигнато им е од носето има воздух, не може да се загуши туку така. Ова од доктор ми е кажано, не памтам каде ама ми кажа дека негде баш препорака било да спијат на меше пошо помагало за грчеви а и за јачање вратна мускулатура. Мојата од месец месец ипол негде се на меше спие
На цицка во лежечка положба со слободни раце и нозе за да мавта, да си фаќа ноџиња, да се турка од мене и сѐ останато за да се бркаме. Еднаш во спиење се свртил на меше и вриштеше, кога појдов ја кренал главата нагоре и му тежи не можи да издржи па вришти. Пробувам да го легнам за да сфати дека можи да лежи, ама не можи да се опушти пак ја крева нагоре главата.
Ох душа мила ај ќе свати за некое време дека може и на стомак да спие. А и да не спие нема врска. Ја никогаш во животот на стомак немам спиено (не можам од цицкиштава ), па што! А вратот ќе го ојача порано или покасно
Исто и мојов... а го ставам на стомак почнува да се нервира и одма пробува да се сврти ама уште неможе без моја помош. Сите бебиња се различни и си имаат свој момент на развој
Кога на цицка заспиваме, кога со нишкање само, зависи полесно и мене ми е на грбче да ја оставам, и си спие таа убавина и е така. Ако пробам на меше да ја легнам мислам цела ноќ после нема да спиеме Али тоа е сите различно
@kostovai мами ако сакаш да провериш и за нас кога ние вториот скок не знам Термин 06.08 Родена 12.08
И вие накај громчето се движите, и ние така 16та недела, значи наредна 17та громови моево не е кенкаво само што во раце сака по цел ден, башка и ми настина, не знам дали јас да се обвинувам или баткото што ја бацува нон стоп, а оди во градинка. Тешко нејзе е, со растечено носе и кашлица
Моево е кенкаво само ако не е во раце,а сака по цел ден во раце и ноќе кога се буди за цицање потоа додека убаво да заспие сака во раци да спие,цица 10 минути а уште 20 се луламе да заспие. Сега 8ма и 9та недела ние скок така? Денес полниме 7 недели.
Ај совет за хранилка Ме прашаа да си одберам, па од која сте задоволни? Знам се употребува повеќе време, па да биде удобна и убава
Жени дали пиштат и вашиве деца? Синко уште една недела ќе прави 6 месеци, од пред 2 дена почна да вика силно, рика, пишти на цел глас, го одра грлото скрос... Ваков момент немавме со ќерка ми па ова ми е шок, од бебе што никогаш не гугнало ниту заплакал станат е врвен пиштач